Се зголемува бројот на активни случаи од Ковид-19 во земјава. Според објавените податоци од Институтот за јавно здравје во текот на вчерашниот ден, активни се 6.395 случаи од кои најголем број се во Скопје 3203. Во Куманово има 455 активни случаи, во Велес 328, во Прилеп има 257, во Битола 216, во Кавадарци 211, во Штип 207, во Охрид 192.
Од направени 3.210 тестирања, како што покажуваат податоците од ИЈЗ за изминатите 24 часа, регистрирани се 444 нови случаи на Ковид-19, оздравеле 225 пациенти, а осум лица починале.
Од Министерството за здравство соопштија дека во текот на завчерашниот…
Во последните 24 часа направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на коронавирус.
– Скопје 12- Куманово 8- Штип 2- Прилеп 2- Тетово 7- Струга 4- Охрид 2
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти.
– Скопје 2- Прилеп 7- Велес 2
Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на ковид-19.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1978, бројката на оздравени пациенти е 1422, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 443.
Досега во з…
Прекрасната планинска природа во Вевчани е идеална за одмор и рекреација, но и за почитување на здравствените препораки. Вевчани има малку сместувачки капацитети, а со тоа и можност да се избегнат гужви. Познатите излетнички места Јанков Камен, летничките езера, манастирот Свети Спас, магичните надалеку прочуените Вевчански извори, пешачките планински патеки, тениските игралишта, но и позната ергела на коњи се магнет за туристите.
-„Баш овој туризам во помали групи нас тука во Вевчани ни договара бидејки имаме помал број на капацитети и така се расцепкани и баш препораките за дистан…
Историски успех на македонското здравство. После 6-часовна операција, рано утринава на државната Клиника за кардиохирургија на 54-годишен пациент успешно му било трансплантирано срце. Станува збор за првата кадаверична трансплантација на срце во нашата земја, односно трансплантација од починат донор.
Дел од мешаниот тим на хирурзи од јавното и приватното здравство кој успешно го спроведе овој зафат прв од тој вид во Македонија е и кардиохирургот д-р Марјан Шокаровски од Охрид.
Д-р Шокаровски за ТВМ вели : „Кога се губи живот, најблагородна работа која може да се направи е да се донира за…
Мини полуподморница е новата туристичка атракција во Охридското езеро оваа сезона. Пловилото, наменето за 12 лица , спуштени на метар и половина од нивото на езерото, им овозможува прекрасно панорамско разгледување на подводниот свет преку стакло. Вакви пловила произведени во Хрватска пловат на Карипските острови, на Малдиви и на Црвено море.
„Овој пловен објект е во класата на чамци може да смести 12 лица има димензии од десет метри и ширина од два и пол метри Работи на дизел мотор од послдените генераци и самата подмрница е стара три години. Така што се работи за едно симпатично п…
Националната заедница на Власите бараа промена на досегашниот назив во Армани. Јордан Трца од Здружението Луњина ја појаснува причината на припадниците од влашкото друштво за ова нивно барање во пресрет на 23 мај Националниот ден на Власите , кој се одбележува утре.
„Официјалниот назив на националниот ден на Власите е содржан во преамбулата на Уставот, влашки народ но тоа е грешка и навредливо за нас. Врзано е со занимањето на Власите. Ние се викаме Армани. Арман, во еднина значи останат, а во множина Армани, луѓе кои останале. Со називот во Македонија кој не викаат произлегува од поранешн…
Универзитетската клиника за психијатрија по повод Светската недела за подигнување на свесноста за ментално здравје (18-22 мај) ја потенцираат важноста за унапредување на менталното здравје, посебно во време на актуелната пандемија со Ковид-19.-Оваа година, неделата за подигнување на свесноста за ментално здравје е малку поинаква од претходните, поради предизвиците со кои сите се соочуваме, поврзани со промената на нашите навики и стил на живеење, предизвикано од светската пандемија со Ковид-19. За таа цел, во наредниот период ќе бидат организирани повеќе активности за промоција и превенција…
Хотелиерите ги прават пресметките за формирање цени за сите категории резервации во приватното и хотелското сместување, информира Крсте Блажески претседателот на Хотам. Хотелиерите се благодарни на владините мерки за помош на нивниот сектор и ќе треба да понудат избор на граѓаните кои ќе ги користат ваучерите и платежната картичка за да летуваат дома. Се очекува домашните туристи да ја спасат летната сезона и да не банкротира туристичката индустрија. Цените за семестување ќе се намалени во зависност од категоријата на објектот за да може секој да избере каде ќе оди на одмор, вели претседат…