После 11 дена од отпочнувањето на активностите на локалната за отстранување на нелегалниот бетонски ѕид во Градиште, срушени само 5-6 метри од фамозното парапетче. Друг ѕид од 200 метри остана недопрен , обвинија денеска од здружение на граѓани “ Оревче “. Бараат надлежните итно, повторно да реагираат и дивоградбата целосно да биде отстранета. „Сеуште немаме ништо, чекаме разврска. Ветено ни е и бараме да прекинат сите активности. Бараме да се руши и ресторанот којшто е дивоградба пред една и пол година и воедно бараме да се прекине со стопанисување со авто кампот Градиште. Јасен е законо…
Министерот за здравство Др. Венко Филипче на денешната прес конференција информира дека е спроведен надзор во Тетово и во Штип, каде се анализирани сите случаи. Од увидот во Тетово е констатирано дека не се почитува самоизолацијата и има генерално непочитување на сите мерки.Од увидот во Штип е утврдено непочитување на правило за транспорт, истакна Филипче посебно во конфекциите, од кои една е затворена од инспекторатот, со оглед на тоа што има 17 заболени во истата. Епидемиолозите се соочуваат со одбивање на соработка да даваат точни податоци новозаболените и тешко може да се достават решен…
Со 13 гласови за и 7 против градските советници го донесоа Ребалансот на Буџетот на Општина Охрид тежок околу 21 милион денари кратење на непродуктивни трошоци. За советниците од опозицијата со ребалансот се крати од туризмот, образование, спорт , култура , ПП заштита. Несфатливо е за Охрид кој живее од туризам наместо помош за туризмот и локалниот економски развој да се кратат средствата за ТЛЕР во вкупен износ од 6.580.000 денари, кажа советничката од ВМРО ДПМНЕ, Лидија Петкоска.
„Со овај ребаланс ги уништувате туристичките работници, станоиздавачи, хотелиери, туристичките агенции и вод…
Советот за безбедност утре напладне во претседателската вила „Водно“ ќе одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. Утре истекува рокот од последната 14 дневна вонредна состојба што претседателот Стево Пендаровски ја прогласи на 15-ти мај.
Премиерот Оливер Спасовски посочи дека Владата до крајот на неделава ќе одлучи дали ќе има прогласување нова вонредна состојба.
– Ако имаме потреба врз основа на анализите дека треба да се прогласи вонредна состојба уште некој ден за справување со економските последици, тоа ќе го направиме и кога ќе заврши вонредната состојба, истакна …
Поради дефект на главна линија, денес, има прекин со водоснабдувањето, на потегот од хотел Метропол до Пештани.
Од јавното претпријатие Водовод Охрид информираат дека прекинот во водоснабдувањето ќе биде до отстранување на дефектот.
После три месечна пауза угостителите денес ги отворија вратите. Во кафетериите утрово немаше гужва. Масите распоредени според препораките, на растојание од метар и половина персоналот со маски и ракавици, на секоја маса средство за дезинфекција. И кафанџиите и гостите среќни, помалку возбудени ,но сите строго почитуваат преопораките.
-„Се чувствуваме многу добро, после долго време еве седнавме на кафе. Ги почитуваме мерките. После 66 дена добро ни се погоди“, вели еден охриѓанец.
-„Фала Богу додје живот може да сендеме раат. Вала акоо едн човек на раат кафе ќе се напиеш“, вели…
Ковид 19 ги секна и парите за рурален развој и специфични рурални подрачја. Пандемијата предизвика економска криза која ги зафати сите сектори па тоа влијаеше владата и министерството за финансии да проценат дека финансиска поддршка имаат поважни проекти, информира Горан Милески, министер за Локална самоуправа. Од 8-те милиони евра ставени на располагање на Бирото за регионален развој за 8 -те плански региони во земјава успеавме да поделиме само 70 проценти, додава Милески. Со кратење на буџетот средствата за развој на овие подрачја се пренасочени во антикризните мерки за поддршка на граѓан…
Во Охрид и во примарната здравствена заштита и во Општа болница има недостиг на педијатри. Од четворицата педијатри, со колку што во моментот располага детското одделение во охридската болница, тројца се пред пензија, а двајца заминуваат после Нова Година. Матичните лекари не работат за време на викендите, па притисокот врз болницата е голем. Еден доктор дежура по 24 часа на секој четврти ден. Нема кој да ги замени и наследи, бидејќи нема млади педијатри на што алармиравме од порано велат матичните педијатри.
Ние тоа го предвидовме. Направивме анализа и тоа им го предочивме на структурит…