Платежната картичка од 9000 денари која владата ја најави како помош за таргетирани ранливи категори, приматели на гарантирана минимална помош и невработените лица побудува огромен интерес кај граѓаните. Платежната картичка КУПУВАЈ ДОМАШНО ги следува граѓаните со низок доход односно приматели на социјална помош ( гарантирана минимална помош, детски додаток, додаток за образование, корисник на право за социјална сигурност за старите лица). Голем број од нив секојдневно бараат информации во Центрите за социјални работи. 536 семејства во Охрид се евидентирани како приматели на гарантирана мини…
ЈП Билјанини Извори ги известува сите граѓани, институции, корисници на градскиот паркинг простор со кој стопанисуваат дека од јуни започнаа со наплата на паркирањето согласно одлуката на Советот на Општина Охрид за утврдување на цени за користење на паркинг просторот во летниот период (1 јуни – 31 август).
Според одлуката цените за паркирање на јавните паркиралишта за 3-те степени на ограничување (3 зони на паркирање) на подрачјето на Општина Охрид за еден час паркирање ќе изнесуваат :
1. Зона А – 40 денари2. Зона Б – 30 денари, и3. Зона премиум – 100 денари
Ј.П.„Охридски Комуналец„ ги известува граѓаните на општина Охрид дека согласно динамиката дефинирана во Програмата за работа за оперативната 2020 год, подигнувањето на комуналниот отпад во летните месеци и тоа почнувајќи од 01.06.2020 год. до 31.08.2020 год. ќе го спроведува почнувајќи од 06.00 часот наутро.
Апелираме до граѓаните да го почитуваат воспоставениот комуналeн ред за подигнување на комунален отпад дефиниран за секоја урбана зедница, реон и приградска населба.
На 27.10.2021 година во 19,35 часот, во СВР Охрид пријавен е нарушен јавен ред и мир, семејна расправија и физичка пресметка помеѓу М.Б.(49) од селото Горенци, општина Дебарца и А.Б. (27) од една и Р.Б. (24), од друга страна.
По целосно расчистување на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Епидемиолозите се сретнуваат со предизвици и тешкотии во справувањето со Ковид 19. Кога започна епидемијата имавме помалку потешкотии, сега како се попуштаат мерките се олабавуваат и луѓето. Имаме одредени проблеми не само во Лабуништа туку и во други средини каде што луѓето одбиваат да се тестираат. Луѓето се плашат да бидат тестирани да не бидат позитивни што е апсурдно, а ние мора да се справуваме со ситуациите, вели Сашо Точков директор на ЦЈЗ .
„Ние немаме друг механизам освен да побараме асистенција од полиција. Тоа се случувало на неколку пати во дел од селските средини во Струга ка…
Обезбедено е амбулантно возило за потребите на граѓаните и здравствените работници од Здружението „Мозочен удар“. Тие како дел од проектот „Квалитетно здравство“ го набавија амбулантното возило преку ИПА програмите на ЕУ со финансиска поддршка од охридската Локална самоуправа. Возилото ќе се користи за подобрување на квалитетот и пристапноста на здравствената заштита и социјалните услуги за граѓаните од југозападниот регион кој опафаќа над 230. 000 жители, информира д-р Маја Божиноска Смическа.
„Целта на возилото и лабораториската опрема кои ги набавивме е за теренски посети. Тоа е мини а…
До 30ти јуни ќе се запишуваат околу 600 ученици во прво одделение за учебната 2020/2021 година, според реонската припадност. Според протоколот, уписите се спроведуваат во термин утврден од Комисија за запишување ученици формирана од директорот на училиштето.
Поголемите основни училишта во текот на овој месец ќе бидат зафатени со уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година, според реонската припадност. Овој месец во едно од најголемите училишта во нашиов град ОУ „Григор Прличев“ треба да се запишат 157 ученици. Наместо во мај, како што е утврдено во Законот за основно образование, ова…
Со посебни протоколи за заштита, во Основните училишта во Република Македонија, од денеска до 30-ти јуни ќе се запишуваат ученици во прво одделение за учебната 2020/2021 година.
Претходно, роковите за упис со посебна уредба на Владата беа одложени за еден месец поради заштита од заразата со COVID-19. Наместо во мај, како што е утврдено во Законот за основно образование, оваа година уписите се во јуни и родителите ќе имаат на располагање еден месец да ги запишат децата во основните училишта, а тие до 15-ти јули треба да ги објават резултатите. Владата во петокот на седница усвои протокол за…