На 06.03.2022 година во 01.20 часот, во угостителски објект лоциран на спортскиот центар „Билјанини извори” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со карање и викање, а потоа пред објектот, со физичка пресметка помеѓу И.С, С.К., С.К., и М.Џ., сите од Охрид од една и неколку други лица, од друга страна. Се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и целосно расветлување на настанот.
На 05.03.2022 година околу 15 часот, во СВР Охрид приведен е Н.С.(38) од Охрид. При извршен преглед, полициските службеници пронајдоа повеќе прооизводи што тој претходно ги одзел од продажен објект лоциран на булевар…
Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец“ викендов ја спроведоа акцијата за чистење на сувата трска од водите на Охридското Езеро.
Активностите се спроведоа на крајот од шеталиштето, во близина на Холандскиот парк.
Ученичката Марија Ѓиноска од деветто одделение од ООУ „Живко Чинго“ од Велгошти го освои првото место на Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ за оваа 2021 година. Нејзин ментор е наставничката Снежана Стојаноска.
Ѓиноска ќе го претставува Охрид на Државниот натпревар „Млади библиотекари“ кој беше закажан за декември годинава, но поради Ковид пандемијата одложен е за мај, 2022. Домаќин ќе биде Охрид, поточно нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“. На општинскиот натпревар се натпреваруваа вкупно осум ученици подготвени од менторите од: ООУ „Св. Наум Охридски“, ООУ „Христо Узунов“, ОО…
Во согласност со препораките на Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција од Корона вирусот COVID-19, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ започна активноста за дезинфекција на јавните површини во градот.
Со средство за дезинфекција се изврши миење на улиците во централното градско подрачје, Градскиот кеј и чаршијата.
Дезинфекцијата на јавните површини ќе продолжи интензивно и во текот на наредниот период. Исто така донесена е и одлука за зголемување на подготвеноста на капацитети на здравствениот систем во Охрид, при евентуален поголем прилив на заразени од „Ковид 19“, доколку бидат исп…
Од синоќа Охрид се наполни со посетители од земјава. Најмногу од градовите кои се под карантин, затворени од вчера до понеделник наутро.Според слободните проценки над 20 000 возила вчера попладне го напуштиле Скопје. Во Охрид денес се сретнуваа гости од Скопје, Тетово, Куманово, претежно оние кои имаат викенд станови и апартмани на брегот на Охридското езеро. Граѓаните со поделени мислења, охриѓани стравуваат дека неконтролианата посета на гости од ризичните подрачја го загрозува нивното здравје, додека гостите велат ги почитуваат препораките. -„Убаво е вака раздвижено е барем има луѓе…
Министерството за животна средина и просторно планирање го одбележува 5 јуни Светскиот ден на животната средина со најава за изработка на Студија за валоризација и Нацрт-План за управување со Споменикот на природата Охридско Езеро. Ресорното министерство во соработка со проектната канцеларија на Обединети нации за животна средина во земјава обезбедува поддршка на државата во проширување на мрежата на заштитени подрачја, како и поефикасно управување со заштитените подрачја, информира Искра Стојанова, претставник од канцаларијата на УНЕП. Една од целите на тековниот проект финансиран од ГЕФ (…
Основното музичко училиште „Методи Патче“ во период од 1-ви до 10-ти јуни врши уписи за ученици во прво оделение за инструментите пијано и виолина и за четврто одделение за инструментите:флејта, гитара,кларинет и хармоника.
Пријавувањето по електронски пат на следниов линк:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSca6wRFLdQbuYAPKXiSDiaYxIQGIVMs63AB9FmfKwFxS2xj_Q/viewform
Заинтересираните ученици за термините за аудиција ќе бидат дополнително информирани на телефонските броеви кои треба да ги приложат во пријавата.
Дополнителни информации за уписите може да се добијат и на телефонскиот …
Се известуваат сите учесници во сообраќајот односно сопственици на моторни возила , дека во наредните денови за време на полицискиот час ( петок, сабота и недела), општина Охрид ќе врши обележување на хоризонтална сигнализација во централното градско подрачје. Поради тоа се молат сопствениците да ги отстранат своите возила од паркинг просторите на подолунаведениве улици , се со цел непречено одвивање на активностите.
Паркинг простор на улиците: „ Булевар Македонски Просветители“, „ Кеј Македонија”, „ Димитар Влахов“, „ Партизанска“, „ Кузман Јосифовски Питу“, „ Ванчо Николески“, „ Серафим …