Главна тема беа активностите што се преземаат за заштита на езерото, од страна на двете земји. Како што дознаваме министрите за животна средина и просторно планирање од Македонија, Јакупи и од Албанија, Џували покажале силна политичка волја да се заштити овој природен ресурс. На средбата се постигнати неколку конкретни договори. Еден од нив е преземање на заеднички проект за заштита на трската како еден важен филтер за квалитетот на водата, но и неколку дополнителни. Да се ревидира извештајот од 2002 година за состојбата на Охридското езеро, и да се забрза изградбата на колекторскиот си…
Неодамна, донесениот Закон за јавна чистота и неговата примена во градов беше темата на денешната прес конференција на Вмро – Дпмне. Пратеничката Анита Кипаризовска Крстеска, се осврна на незаконското трошење на наменски средства наплатени од граѓаните по разни основи од страна на ЈП „Комуналец“. Таа кажа дека не е дозволиво да се трошат пари собарани од ѓубретарина или погребални услуги за финансирање на чистење улици, поставување на канти за смет или уредување на паркови и зеленило.Прaтеничката Кипаризовска Крстеска потенцираше дека општината не размислува да ја зголеми буџетската став…
Во Охрид, денеска почна дводневна Регионална конференција за Европска безбедносна одбранбена политика. Оваа конференција, е прва од ваков вид во регионот. Ќе се стави акцент на важноста од натамошното развивање на Европската безбедносна и одбранбена политика,а во тесна врска со напорите на земјите од регионот кон европската интеграција. Домаќин на конференцијата е министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Коњановски. На конференцијата, покрај делегации од преку 20 земји од регионот и Европа, присуствува и министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Селмо Цикотиќ. Конферен…
Во Лондон во периодот од 25 октомври до 22 март 2009 година ќе биде поставена изложба насловена како “ Византија 330 -1453 “.Во Kралската Aкадемија на Уметностите, ќе бидат презентирани и икони од постојната поставка на Галеријата икони од Охрид. Станува збор за осум икони од периодот на среден век од т.н. ренесанса на палелозите.Иконите кои ќе бидат изложени во Лондон, припаѓаат во самиот врв на византиското сликарство. Учеството на изложбата е признание и за нашата земја која располага со огромно културно наследство. Нити една голема светска изложба посветена на Византиската уметност…
„Охридската медиумска заедница изгуби двајца свои музички работници кои со својата креативност создаваа музика која ги правеше охриѓани посреќни“, беше речено на денешната комеморативна седница.Здружението на новинари од градов по повод трагичниот настан одржа комеморативна седница. На своите трагично загинати колеги, диџеј Пантер и диџеј Бруце охридските новинари им одадоа почит со едноминутно молчење „Охридската медиумска заедница изгуби двајца свои музички работници кои со својата креативност создаваа музика која ги правеше охриѓани посреќни“, рече новинарот Симон Илиески.Диџеј Пантер и …
Во тешка сообраќајна незгода која се случи на магистралниот пат Охрид- Ресен животот го загубија двајца млади охриѓани. Службите од Свр Охрид ги испитуваат причините поради кои дошло до несреќата.Синоќа во тешка сообраќајна незгода животот го загубија Влатко П. роден 1977 година и Наумче А. роден 1985 година, двајцата од Охрид. Несреќата се случи во 21 часот, во близина на депонијата ,, Буково“, на магистралниот пат Охрид-Ресен.Стефан Димоски, портпарол на Свр Охрид вели дека сообраќајната незгода се случила во моментот кога возачот на товарно возило-влекач марка ,,Волво“, со албански наци…
Двајца професори и осум средношколци од Австралија кои имаат македонско потекло денес го посетија училиштето Св. Климент Охридски со цел да се запознаат со начоинот на кој тоа работи. Пред се се интересираа за изучувањето на македонскиот јазик бидејќи тој се изучува и во некои градови во Австралија во кои живеат поголемт број на наши иселеници.Поголемиот дел од децата кои веќе неколку дена престојуваат во Охрид биле и претходно во Македонија. Тие се воодушевени од нејзините убавини и планираат повторно да ја посетат нашата држава. Во Австралија веќе неколку години го изучуваат македонскиот …
Станува збор за септемвриското издание на официјалната публикација на „Lions international “. Во статијата Охрид е претставен како „Другиот град на светлината“.„Можеби Париз е познат како град на светлината, но постои уште еден помал град кој го одзема здивот и го заслужува ваквиот епитет“- со овие зборови започнува статијата за Охрид, објавена на две страници во септемвриското издание на магазинот „Lions international“ Станува збор за официјалната публикација на оваа меѓународна хуманитарна организација, која секој месец ја добиваат над милион и двеста илјади членови, во 122 земји, на 22 с…