Сеп 30, 2008

Над 400 верници во Лагадин го прославија празникот Вера, Нада и Љуба и великомаченицата Софија

Молејќи се за здравје и благсостојба тие запалија свеќи во малата црква изградена на самиот брег на Охридското езеро. Собраните пари ќе се донираат за доизградба на црквата кај градските гробишта.Осми пат по ред, над 400 верници се собра во Лагадин да го одбележат верскиот празник  Вера, Нада, Љуба и нивната мајка, великомаченица Софија.Палејќи свеќи во малата црква, изградена 2000 година на брегот на езерото, тие се помолија за здравје, љубов и благосостојба.„Се слави верата, надата, љубовта кон ближните. Од сите најголема е љубовта која останува вечна“ – порача отец Анастас Казанџиски. Пр…

Сеп 30, 2008

Бесплатна вакцинација за младите девојки од хуман папилома вирусот

Медицинските истражувања покажуваат дека најчест причинител за појава на рак на грлото на матката е ХПВ вирусот. Кај 90 насто од заболените лица е откриено присуството на овој канцероген вирус. За превенција на ова заболување, Владата на РМ е четврта во светот која донесе одлука од оваа година бесплатна вакцинација на девојчиња од 9 до 15 години, вели д-р Владимир Поповски заменик Министер.Гинеколозите потенцираат  дека има 100 подтипови од хуман папилома вирусот, а од нив 30 може да предизвикаат промени  на грлото на матката кои водат кон добивање на рак на грло на матката. Од 30-те подтип…

Сеп 29, 2008

Заменикот министер за здравство д-р Владимир Поповски оствари средби со граѓани

Заменикот министер за здравство д-р Владимир Поповски, оствари средби со граѓаните од Пештани и Трпејца, како дел од  активностите на Владата за транспарентно работење. Д-р Поповски рече дека во Охрид дошол пред се да ги чуе проблемите на  граѓаните и непосредно да ги  запознае  состојбите во примарното здравство. При тоа Д-р Владимир Поповски кажа дека граѓаните  ставиле забелешки на работата на итната медицинска помош во овие две населени места,но и на други локални проблеми  од останатите министерства кои министерот ќе ги проследи понатака. Денешната средба со граѓаните ја направил со ра…

Сеп 29, 2008

Охридските советници нема да расправаат за Законот за јавна чистота

Советниците нема да решаваат каде ќе бидат поставени јавните тоалети во градов. Секторот за урбанизам  изготвува проект каде тие ќе бидат лоцирани.На дневен ред на денешната седница на Советот на општина Охрид не се најде ниту една точка во врска со Законот за јавна чистота. Иако овој закон веќе две недели е на сила , а за негово успешно спроведување општината треба да одреди локации за јавни тоалети, советниците денес немаа можност да дискутираат за оваа проблематика.Владо Чингоски, претседателот на советот на општина Охрид вели дека не бил поднесен никаков предлог од страна на ЈП Комунале…

Сеп 29, 2008

Рача ги разбранува советниците на Охрид

Донесувањето на ДУП за дел од урбана заедница 16„Рача“ Урбан Блок 16.2 опфат 1 денес ги разбранува охридските советници. 57-та седница на Советот на општина Охрид поради оваа точка два часа неможеше да започне бидејќи не беше усвоен дневниот ред. Пратеничката група на Н.П. бараше таа да биде симната од дневен ред со објаснување, дека урбанистичките планови треба да се носат глобално, а не парцијално. Некои граѓани се фаворизирани за разлика од некои други кои со години наназад не можат да добијат локација, рече советникот Томе Гиноски.Од Секторот за урбанизам потенцираа дека нема законска п…

Сеп 29, 2008

Охридски Комуналец започнува со акцијата „Препознатливо чист“

На први октомври, ЈП „Охридски Комуналец“  ќе започне  кампања насловена како „Препознатливо чист“, за успешно спроведување на законот за јавна чистота во Охрид.Во првата фаза граѓаните ќе добијат со сметката за ѓубре,  промотивен материјал. Во флаерите ќе бидат наведени обврските како граѓаните да се однесуваат со отпадот и шутот. Од ЈП „Охридски Комуналец“ нагласуваат дека е потребно од Секторот за урбанизам конечно да ги  дефинираат местата во чаршијата каде да  се постават корпите за отпад и отпушоци, „за да не се случува како во минатиов период, комуналците да ги поставуваат, а дуќанџи…

Сеп 29, 2008

Вистински културни емисари од нашиов град!

О.У. „Св. Климент Охридски“ Охрид се вклучи во проектот ( Културата без граници) чии носител е  училиште од Виена , Австрија, а  финансиски е подржан од Министерството за просвета на Виена.По тој повод делегацијата на училиштето составена од директорот на училиштето Славица Илиќ и наставникот по англиски јазик проф. Марина Шокева престојуваше во Виена од 22. 09. 2008 до 26. 09. 2008. Покрај училиштето домаќин од Виена  и ОУ „св. Климент Охридски“ Охрид, во овој проект засега се вклучени по едно училиште од Република Србија и Република Црна Гора. Планирано е проектот во иднина да се проширув…

Сеп 27, 2008

Субвенции за зголемување на бројот на гости-предлог на туристичките работници

Туристичките работници предлагаат субвенции кои ќе придонесат за зголемување на бројот на странски туристи во земјава. Доколку предлогот се усвои од страна на владата, тоа ќе значи дека финансиски би се помагале субјектите кои ќе ги донесат странските гости. Се надеваат дека субвенционирањето на туризмот ќе профункционира на почетокот од идната година. Со воведување на механизми за субвенционирање на туризмот во голема мера ќе се придонесе за зголемување на бројот на странски гости во земјава- е заклучокот од вчера одржаната трибина од страна на ДОМ. На неа учествуваа и претставници од Стоп…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top