Имињата кои се споменуваат како можни кандидати за претседатели на ОК на ВМРО ДПМНЕ и за идни градоначалници, за Владо Стефаноски се само шпекулација. Пратеникот Владо Стефаноски и сеуште актуелниот претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ денес пред новинарите рече дека сите имиња кои се споменуваат како можни идни претседатели на Охридската ВМРО се само шпекулација. Тој вели дека изборот е во тек, но досега ниту еден кандидат не бил на интервју кај премиерот Груевски кој ќе одлучи кој ќе биде избран.Стефаноски ги негира и гласините околу имињата на кандидатите за иден градоначални…
Може да се очекува зголемување на каматните стапки на банкарските кредити, оценуваат експертите. Заедно со новинарите тие учествуваат на работилница- „Медиумите, информациите за пазарот на капитал и јакнење на корпоративната одговорност“.Глобалната финансиска криза нема да има директно влијание врз македонскиот пазар на капитал. Може да се очекува зголемување на каматните стапки на банкарските кредити, оценија експертите. Според нив, домашните компании се во добра кондиција. Цената на нивните акции паѓа, но главно, поради психолошкиот ефект кај инвеститорите, а не како резултат на реалните…
Македонските владици расправаат- дали на името Македонска православна црква ќе биде додадено и Охридска архиепископија. Македонските Владици и претставници од сите епархии и институции на МПЦ учествуваат на Црковно народен собор во Калишта кој почнува денес.Неофицијално, највисоките црковни великодостојници ќе расправаат дали на името Македонска православна црква ќе биде додадено и Охридска Архиепископија.Владиката Тимотеј ги отфрла ваквите информации. Според него, на Црковно народниот собор викендов нема да има расправа за промена на името. Владиката Тимотеј изјави дека на Соборот нема …
Дејан Паноски веќе нема да ја извршува функцијата Државен секретар на Министерството за животна средина и просторно планирањеДејан Паноски веќе нема да ја извршува функцијата Државен секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање. Ова денес официјално беше потврдено на пресс конференцијата на ВМРО ДПМНЕ. Паноски отсега па натаму ќе работи како Државен советник за води со седиште во Охрид, вели пратеникот Владо Стефаноски.Паноски, кој функцијата Државен секретар ја извршуваше повеќе од една година ни потврди дека се враќа во Охрид. Новото работно место е во рамките на Ми…
На дел од улицата 7-ми Ноември пешаците неможат да се движат поради немањето тротоар, а на некои места тој што го има е толку тесен што двајца не можат да се разминат. Овој проблем се провлекува години наназад а деновиве и на нашиот портал www.tvm.com.mk повеќе граѓани реагираа во врска со истиот. Во годишната програма за патишта на Локалната самоуправа оваа улица е ставена како приоритет.Шикалоски вели дека веќе е изготвен проект и за уредување на коловозот непосредно до Основното училиште „Братсво единство“. Ова е од голема важност за учениците кои секојдневно ја поминуваат оваа улица и с…
Високите цени кои ги понудија хотелските работници според градоначалникот на Охрид се причина за слабата туристичка сезона. Хотелиерите пак велат, цените не се високи, градот нема визија како да развива туризам.Туристичката сезона која помина според оценките на охридскиот градоначалник е послаба од ланската. За тоа има повеќе фактори од кои Петрески ги издвојува високите цени кои ги понудија хотелиерите во градов. Тој вели дека менаџерите на хотелите треба да се подзамислат што прават и за наредново лето да ги корегираат цените ако не сакаат нивните објекти да останат празни. Хотелиерите па…
„Во моментов, измените на Изборниот законик се стопирани, а со нив се предвидуваше зголемување на бројот на партениците од 120 на 133. Од нив 3 пратенички места би биле за преставиците од дијаспората , а 10 за преставниците на помалите етнички заедници“, вели пратеничката од ВМРО ДМНЕ Анита Кипаризовска Крстеска.Таа потенцира дека во претходниот парламентарен состав имала поднесено предлог Закон за измена на Изборниот Законик во делот на Законот за помалите етнички заедници. „Тој влезе во процедура, но не се расправаше заради предвремените избори, но се надевам дека ќе биде донесен избор…
Охриѓани заработија 67 казни за непочитување на Законот за јавна чистота. Униформираните полицајци ги изрекле овие казни во рок од една недела, од 22 септември кога на стапи на сила Законот за јавна чистота, па се до 29 септември. Но, само два дена потоа бројката достигна од 148 изречени казни. Од нив 4 се однесуваат на правни лица вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Три лица прифатиле да ја заменат казната со општокорисна работа.Униформираните полицајци во земјава, пак за една недела напишале 537 казни за граѓаните кои го прекршиле законот по разни основи. Најголемиот дел о…