Нашите војници ќе продолжат да учествуваат рамо до рамо со нивните колеги од НАТО, во задачите за воспоставување на мир и ширење на демократија во светот, рече Премиерот Груевски.Ние чекавме и трпеливо ќе чекаме да биде исправена неправдата од Букурешт. Паралелно на тоа нашите војници ќе продолжат да учествуваат рамо до рамо со нивните колеги од НАТО, во задачите за воспоставување на мир и ширење на демократија во светот. Ова го истакна премиерот Груевски на официјалното отварање на Состанокот на Министри за одбрана од земјите од Југоисточна Европа. При тоа трпеливо ќе чекаме да дојде момен…
Девет месеци поминаа од истекувањето на договорот за закуп склучен пред 15 години помеѓу заводот за кардиологија и Општинската организација на Сојузот за борци . Сеуште нема изгледи за склучување нов.Изминаа девет месеци од истекувањето на Договорот за закуп помеѓу тогашната управа на Заводот за кардиологија и Сојузот на борци на Македонија, а сеуште не е потпишан нов. Општинската организација на Сојузот на борци како сопстевник на објектот, уште во мај минатата година се обидела да го обнови договорот, но не наишле на разбирање кај ресорното министерството, вели престедателот Крсте Крст…
Петрески со оценка дека станува збор за политички чин без реални причини. Со повлекувањето на Паноски губи пред се градот, вели Петрески.Градоначалникот Петрески, жали што Дејан Паноски повеќе нема да ја врши функцијата Државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање. Одлуката на централната власт ја оценува како политички чин без реални причини.„Ние имавме многу добра соработка со Паноски. Се радував на кадровските решенија со кои луѓе од Охрид се назначуваат во централната власт, независно од политичката партија од која доаѓаат. Со тоа се решаваа и поголем број…
Во тек е конкурсот за проект за идејно решение на комплексот „Билјанини извори“. „Со неговото уредување ќе добиеме уште едно место со кое ќе можиме да се пофалиме пред странците“, вели градоначалникот Петрески.Граѓаните ќе одлучат како во иднина ќе изгледа комплексот „Билјанини извори“. Во тек е конкурсот на кој може да се пријави секој кој има изработено проект за идејно решение на ова препознатливо место за Охрид. Градоначалникот Петрески вели дека крајно време е „Билјанини извори“ да си го добијат ликот кој го заслужуваат.Тој објаснува дека во неколку наврати биле изработувани проекти з…
Менаџерскиот тим на детската установа „Јасна Ристеска“ ги почувствува потребите на социјално загрозени семејствата, па организираше акција со која се одбележа Детската недела. Марина Петровска директорката на детските установи Јасна Ристеска потенцира дека станува збор за скоро нова облека и обувки која децата брзо ја одрастуваат. Се надеваат дека нивната акција ќе донесе малку среќа на лицата од родителите кои имаат финансиски проблеми. Акцијата спроведена во 5-те градинки со помош на родителите на децата од градинките кои донираа облека и обувки за нивните врсници од социјално з…
Оваа учебна година со салите ќе стопанисуваат училиштата. Промените во ваквата состојба ќе се случат со влегувањето на општината во втората фаза на децентрализација.Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти, „Билјанини извори“, не стопанисува со спортските сали во средните и основните училишта во градов. При неговото формирање се најавуваше дека овие спортски објекти ќе бидат под негова ингеренција, но засега сосјбата е ваква, вели Иван Цветкоски, директор на ЈП „Билјанини извори“.Една од причините што со спортските сали и оваа година ќе стопанисуваат училиштата е тоа што…
Просторот кај спортскиот рекреативен центар Билјанини извори месеци наназад е целосно запуштен и обраснат со трње. Станарите од зградите кај охридатите, реагираат дека просторот пред нивните станбените објекти во кои живеат воопшто не се средува. Подолг период, овој дел од градот е зараснат со треви и трње. Ваквата гледка не му доликува на простор покрај кој постојано минуваат гостите кои престојуваат во градов, коментираат граѓаните.Од Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти ја прифаќаат одговорноста за ваквиот изглед. Објаснуваат- за да се превземат од нивна страна акти…
Наскоро во Охрид се очекува странци да градат луксузни куќи во две елитни населби, во Горица и пред Пештани. За градење на хациенди со базени покрај охридското крајбрежие голем интерес пројавиле богати Израелци, вели охридскиот градоначалник. Со новите измени во Законот за градежно земјиште се очекува странците да го зголемат ивестирањето во недвижнини во нашиот град додава тој. Нашите граѓани, пак 120 типизирани станови за домување ќе може да градат во населбата Чекоштина, по скорешното усвојување на деталниот урбанистички план. Со градбата во овој дел ќе се среди влезот во градот…