Окт 13, 2008

Голем број граѓани денес побараа рамо за плачење кај градоначалникот Петрески

Граѓаните го искористија „Отворениот ден на градоначалникот со граѓаните“, за да му ги кажат своите проблеми. Еден од нив е и Таир Сабри.Таир Сабри, вработен во Работната единица „Хигиена“ во ЈП „Комуналец“ не е задоволен од односот на неговиот претпоставен Стевчо Маслов. Тој раскажува дека во саботата одбил да ги извршува работните задачи бидејќи беше државен празник па дневницата треба да биде двојна, а за неговиот ангажман на втори август не му била исплатена никаква дневница, а камоли двојна. Поради тоа Маслов почнал вербално да го навредува па дури се обидел и физички да се пресмета.Са…

Окт 13, 2008

Низ градов се поставуваат контејнери наменети за ПЕТ амбалажа

Комуналец низ градов постави 39 контејнери наменети за ПЕТ амбалажа. На тој начин ќе се врши селекција на пластичниот отпад, а ова јавно пртпријатие ќе го подига и продава. 39 контејнери наменети за ПЕТ амбалажа, деновиве се поставуваат низ градовод страна на ЈП Комуналец. Ова е дел од проектот за селектирање и рециклирање на пластиката, подржан  од УСАИД, а целта е создавање механизми за примарна селекција и рециклирање на пластичен отпад.„Комуналец е подготвен за подигање, собирање, делумна обработка и складирање на ПЕТ отпадот“, вели директорот Боро Павлоски. „Ова јавно претпријатие има …

Окт 11, 2008

Македонци и црногорци на заедничка бизнис средба

Работодавачите на Македонија и Унијата на работодавачи од Црна Гора организираа бизнис средби со претпријатија од повеќе области како градежништвото, туризмот, нафтената индустрија и др. Целта е да се запознаат црногорските и македонските фирми заради размена на искуства, вложување во нашата држава, развивање на нови бизниси како и можност за размена на работници од овие две држави. Една ваква средба денес се одржа во  Охрид .„Само оваа година во Црна Гора имаше преку 100 000 работници од Македонија, рече Владимир Чуровиќ, генералниот секретар на Унијата на работодавачи на Црна Гора. Најгол…

Окт 11, 2008

Охрид се попривлечен за црногорците

Се обновува соработката помеѓу туристичките работници од градов и од познатите туристички центри во Црна Гора. „Пред дваесет години имавме голема туристичка размена “, вели Зоран Илиќ извршниот директор на познатиот хотел „Старс“ од Будва. „Минатово лето голем број туристи од Македонија летуваа кај нас, а и многу црногорци уживаа во убавините на Охрид. Недостасува само поголема пропаганда за понудата на вашиот град и подобра инфраструктура за Охрид да биде една од најбараните дестинации од страна на нашите граѓани“, објаснува Илиќ.Со црногорските туристички работници кои се наоѓаат во Охрид…

Окт 10, 2008

Дебрца денес прославуваше

65 годишнината од создавањето на првата слободна територија во окупираната Македонија денес беше свечено одбележана во Дебрца. 65 годишнината од создавањето на прва слободна територија во окупираната Македонија денес беше свечено одбележана во Дебрца. „Херојските дела и историските настани на ова подрачје остануваат вечно во колективното паметење на македонскиот народ“, беше речено на денешниот собир. Од славната Дебрца беше порачано дека некои настани од нашето минатао  ништо не може да ги избрише. Како историска придобивка беше истакната работата на училиштата на македонски јазик во окупи…

Окт 10, 2008

Европската мисија сеуште чека на отчетот за 162.534 евра

Во врска со прилогот за проектот „Духот на Охрид“, висината на средствата кои беа вложени во овој проект, како и нивната наменска примена, нашата информативна редакција побара објаснување од Европската комисија, од каде го добивме следниот одговор:„Духот на Охрид“ беше дел од Соседската програма на Европската Унија 2005. Корисник на средставта кои беа одобрени, беше општината на град Охрид. Висината на средствата во реализавијата на овој проект со кој учествуваше Европската комисија изнесуваше 162.534 евра. Договорот беше потпишан на 29/08 2007 година со период за имплементација во траење о…

Окт 9, 2008

Чичко Стефан – охридскиот поштар е добредојден во секој дом

Веќе 33 години неуморно ја носи поштата во секоја куќа. Според него, поарно се работеше во старите добри времиња, кога сите со нетрпение го очекуваа чичко поштар.И да врне и да вее и бура да коси поштар пошта носи… Ова е дел од познатата детска песна но и дел од секојдневието на чичко Стефан – охридскиот поштар.  Оваа работа тој ја врши веќе 33 години. За себе вели дека сеуште си ја сака професијата како на самиот почеток кога се вработил. Преку неа стекнал големи  искуства, и пред се нови познанства. Како што вели, го познаваат од најмало до најстаро. Во својот работен век, тој испорачув…

Окт 9, 2008

По триесет и пет години, охридскиот катастар конечно го реши проблемот на еден охриѓанец

Благодарение на посетата на директорот на Агенцијата за катастар на охридскиот катастар, по триесет и пет години еден предмет доби епилог. Од агенцијата најавуваат почести средби со граѓаните низ цела држава. Цветко Јанкуловски,  триесет и пет години не можел да добие имотен лист поради тоа што за дел од неговиот имот кој се наоѓа во близина на некогашната Винарска визба државата тврдела дека е во нејзина сопственост. Тој правдата сите овие години ја барал во охридскиот катастар и во институциите на системот, за конечно денес да се реши неговиот случај.Случајот на Јанкуловски се реши благод…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top