Министерството за животна средина и просторно планирање изготви нацрт Закон за заштита на културното наследство во Охрид и охридско. За шест месеци тој би требало да се најде пред парламентарците кои ќе одлучат дали ќе биде усвоен или не.Охридскиот регион ќе се штити со посебен закон. Министерството за животна средина и просторно планирање изготви нацрт Закон за заштита на културното наследство во Охрид и охридско. Дејан Паноски, државниот советник за води вели дека не било потребно многу време за негово изготвување бидејќи тимот кој работел на оваа нацрт верзија има богато искуство и точно…
Охриѓани поитаа да ја примат вакцината и да се заштитат. Интересот за вакцинација е поголем за разлика од лани велат докторите. Годинава Заводот за здравствена заштита од Охрид набавил 1100 дози. За само два дена се имунизиарани над 315 лица, кои за примање на вакцина издвоиле 400 денари.Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска, епидемиолог од охридскиот завод вели дека Светската здравствена организација препорачува вакцинирање на сите лица кои имаат намален имунитет и хронични заболувања, како и на здравстените работници и лицата кои работат во јавните служби. Во месец февруари, Центарот …
„Хуманоста на Тоше наш патоказ“, со ова мото помладите охриѓани ја одбележаа годишнината од трагичната смрт на Тоше Проески. И после една година солзите не пресушија. Велат времето лечи се, но не и тагата по нашата музичка звезда и голем хуманист, Тоше Проески. Охриѓани уште еднаш се обидоа да му покажат на Тоше дека секогаш ќе го сакаат и почитуваат неговото дело.Денес на градскиот плоштад одекнуваа звуците од песните кои ги изведуваше Тоше. Децата од основните училишта во градов во организација на Црвениот Крст организираа забава под мотото „Хуманоста на Тоше наш патоказ“.Годишнината од с…
Над 500 пакети со прехрамбени производи ќе им бидат доделени на социјалните случаи во градов. На ваков начин Црвениот крст го одбележа Светскиот ден за борба против гладта.Охриѓани го одбележаа почетокот на неделата за борба против гладта. Денес на градскиот плоштад активисти од Црвениот крст како и ученици од основните училишта во градов на нивните соученици чии родители имаат помали финансиски примања им делеа пакетчиња со прехрамбени производи и средства за лична хигиена.Црвениот крст заедно со повеќе институции, маркети и поединци од градов подготви над 500 пакети со прехрамбени произво…
Медиумите кои легално емитуваат програма се на удар од оние кои тоа го прават недозволено, а пиратеријата царува. Експертите сметаат дека само со регионална соработка ќе се стави крај на ваквите појави.Медиумите кои легално емитуваат програма не можат рентабилно да работат поради нелојалната конкуренција за сметка на оние медиуми кои немаат никакво право на емитување на одредени емисии или филмови. Авторите на композициите, продуцентите и многу други секојдневно се сретнуваат со проблемот на незаштитени авторски права. Пиратеријата зема се поголем замав. Се поставува прашањето кога во Макед…
Хотелиерите ја поздравија иницијативата за потпишување Меморандум за соработка со ЈП „Билјанини извори“ бидејќи сметаат дека на овој начин ќе се продолжи туристичката сезона и ќе ги привлечат гостите од светот на спортот.Потпишан Меморандум за соработка помеѓу четири охридски хотели Белведере, Ино спектар, Метропол и Белви, Ривиера и ЈП „Билјанини извори“. Целта е развој на спортскиот туризам и зголемување на понудата на хотелските капацитети во градов. Со овој меморандум јавното претпријатие презема обврска на сите спортски настани да ги промовира овие хотелски капацитети, а за возврат ти…
Во неделата за борба против гладта, Црвениот крст ќе подели хуманитарни пакети, а по повод трагичната смрт на Тоше Проевски организира хепенинг.Над 500 пакети со прехрамбени производи ќе им бидат поделени на гладните во Охрид. Црвениот крст заедно со повеќе институции, маркети и поединци од градов барем на кратко, на загрозените семејства ќе им го решат овој голем материјален проблен. На овој начин Црвениот крст ќе ја одбележи неделата на гладните која започнува од утре. Во акцијата масовно се вклучија и учениците од основните училишта од градов како и оние од детските градинки, вели Сашо …
Не мора да значи дека ако се млади, не се свесни за својот национален идентитет и историското наследство.Една група млади охриѓани, на денот на ослободувањето и денот на борецот, го однесоа македонското знаме на врвот Петрино. Иако догодина дефинитивно ќе им биде потребно ново знаме, сепак убаво е да се знае дека младите не ги заборавиле своите корени и деновите од македонската историја кои навистина значат.