Окт 20, 2008

„Неправедно останав без куќа“, вели охриѓанецот Јовче Спиркоски

Стакаларот  Јовче Спиркоски раскажува дека неправедно останал  без семејната куќа од 80 метри квадратни на улицата  Кирил и Методиј. „Сега јас, сопругата и двете малолетни  деца сме на улица“ додава тој. Се започнало со судски спор  во 2003 година со поранешниот бизнис партнер.Со лажна пријава и тужење, Војне Голабоски  ми ја зеде куќата раскажува Спиркоски. Судот му ја досуди нему, а јас останва исфрлен на улица.Спиркоски вели дека се обраќал до сите институци, но добивал третман како изманик и криминалец. Имам впечаток дека сите инситуции работат за Голабоски кој е на функција во катастар…

Окт 20, 2008

Уште два месеци до имплементацијата на Хасап системот

Хотелите, рестораните, сендвичарите и сите оние кои продаваат и произведуваат храна ќе бидат затворени доколку до нова година не ги  спроведат ХАСАП стандардите. Владата одлучи, од 01. 01 2009 година според Законот за безбедност за храна мора да се воведе ХАСАП системот. Од охридскиот ЗЗЗ велат дека нормативите се многу ригорозни па затоа ќе ги спроведуваат стручни лица.Со ХАСАП системот опфатен е цел сет на работи кои субјектите треба да ги исполнат почнувајќи од инвентар, услови за работа, редовни здравствени контроли на вработените, употреба на чиста облека, транспорт на храната, нејзино…

Окт 20, 2008

Охриѓани ќе го бранат Тарчуловски со своите потписи

Граѓаните на Охрид со својот потпис му даваат подршка на Јохан Тарчуловски. На два пункта кај градскиот плоштад и кај чинарот денес се собираа потписи кои ќе бидат доставени до Хашкиот Трибунал. Поголемиот дел од нив велат дека се убедени во невиноста на Јохан и дека Трибуналот направи огромна грешка со донесувањето на пресудата.Од пред една недела во тимот на адвокатите на одбраната на Јохан Тарчуловски е вклучен и Ален Дершовиц, реномиран професор на Харвард и еден од најголемите експерти по кривично право. Поради тоа одбраната побара од Трибуналот да го продолжи рокот за жалба за 30 дена…

Окт 20, 2008

Спроведен „Денот на идеи“

Неколку години по ред  на граѓаните им се дава можност активно да учествуваат во креирање на општествено политичкиот живот. Охриѓани овој пат своите забелешки во пишана форма,  ги доставуваа  во затворени пликови, адресирани до ресорните министерства. Интересот на граѓаните за Владиониот проект бил голем. Најголем  дел од забелешките биле адресирани до двете министерства за култура и образовани. Владата и ресорните министертсав сите предлози, критики и забелешки ќе ги разгледуваат  и ќе дадт соодветни одговори.  Владиниот проект беше спроведен во сите градови во  државата. 

Окт 20, 2008

Охридските ротаријанци продолжуваат со своите хумани дела

Продолжуваат хуманите дела на Ротари клубовите. Викендов во Охрид престојуваше првиот човек на Ротари клубот од Анкара, Турција кој најави збратимување со охридскиот клуб. Горан Балески , Претседател на Ротари клуб- Охрид најавува голема донација која на многу охриѓани ќе им го подобри животот. Сепак, вели: рано е да откриеме за што точно станува збор. На нашите средби постојано разменуваме  нови идеи со чија реализација веруваме дека ќе им помогнеме на луѓето на кои помошта им е најпотребна, велат ротаријанците. Ротари клубот од Турција, во рамките на својата посета на Македонија, на гинек…

Окт 20, 2008

Одржан првиот состанок на прекуграничниот Форум за животна средина

Се одржа првата средба организирана од страна на прекуграничниот Форум за животна средина. Учествуваа претставници на Јавната установа Национален парк Галичица и нивните колеги од Преспа- Албанија. Присуствуваа и претставници на локалните заедници од населените места во границите на парковите и од невладини организации од Р. Албанија. Целта на средбата е подобрување на комуникацијата и соработката помеѓу двата национални паркови и локалните заедици. При тоа да се интензивира и прекуграничната соработка во однос на заштитата на природата и одржливиот развој. Средбата беше организирана од стр…

Окт 18, 2008

Баскет турнир на глуви лица од Република Македонија, викендов во Охрид

Викендов во Охрид, на просторот пред хотел „Далјан“,  се одржува Баскет турнир на глуви лица од Република Македонија. Учествуваат претставници од голем број градови во земјава. Се натпреваруваат 16 машки екипи и 8 женски.„Ова е традиционална манифестација, која се одржува по втор пат. По бројот на учесници е една од најмасовните“ , потенцира Дамир Розман, Генерален секретар на Спортската федерација на глуви.   Баскет турнирот е во организација на Спортската федерација на глуви лица.Ваквите спортски игри претставуваат вистинска можност за глувите лица да се дружат и рекреираат, велат од Спор…

Окт 18, 2008

Охрид е домаќин на годишната средба на шумарските работници од земјава и регионов

Се разменуваат искуства, но и спортски резултати. Се одбележуваат и десет години постоење на ЈП Македонски шуми.Шумарите од земјава и регионов викендов престојуваат во градов. Над сто вработени и претставници на шумарската дејност се дружат, разменуваат професионални искуства. Охрид е домаќин на 42- та по ред манифестација Денови на шумарството. „Ја користиме оваа прилика за размена на искуства и комуникација. Овие луѓе напорно работаат преку целата година и немаат друга можност да се видат и комуницираат меѓу себе“, вели Владимир Пахшованоски, Генерален Директор на ЈП Македонски шуми.Не из…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top