Правниците советуваат- не потпишувајте документи без совет од стручно лице.Голем број охриѓани денес пред Основниот суд го ставија својот потпис во знак на подршка за семејството Спиркоски, кое пред два месеца остана без својот дом. За само два часа, од 9 до 11 утринава, се потпишаа 200 граѓани. „Дојдовме да му дадеме подршка и веруваме дека на нечесен начин ја изгуби куќата и со целото семејство остана на улица. Детето го знам од мало и е многу добро. Секој треба да го подржи“, велат граѓаните. Јовче Спиркоски, во изминатите три дена постојано е пред вратата на Основниот суд. Бара да се до…
Од Министерството за образование велат дека ќе се измени начинот на работа на магистрантите и докторантите. Не ќе може секој кој ќе посака да се здобие со престижна титули.Расте бројот на лицата кои се здобиваат со титулите магистaр или доктор на наукi. Од секторот за науки при Mинистерството за образование велат дека ваквиот тренд е за пофалба, но Македонија треба да поработи на тоа како да се подобрат универзитетските истражувања и истите да се применат во пракса. Од таму објаснуваат дека магистарските трудови и докторатите 90 проценти се само теорија. Отсега па натаму постдипломците ќе т…
На дневен ред на 58 седница на Советот на Општина Охрид има повеќе точки од урбанизмот. Меѓу другите се најде и точката за утврдување Нацрт ДУП на локацијата позната во јавноста како “Полигон за мали спортови“.Советот на општината на својата седница закажана за утре, меѓу другото ќе расправа по Предлог-одлуката за утврдување Нацрт-ДУП за Урбана Заедница 2, дел од урбан блок 2.2, општина Охрид 2008-2013.Станува збор за утврдување Нацрт – ДУП на локацијата позната во јавноста како “Полигон за мали спортови“ која веќе 6-7 години е во сопственост на ГП “Гранит“. Спомнатата Предлог- одлука беше …
Kој ќе седне на првата вмровска фотеља во градов не ќе се знае за брзо време. Причина се многубројните ангажмани на премиерот Никола Груевски кој треба да ги интервјуира кандидатите. Општинскиот комитет на Вмро Дпмне сеуште нема нов претседател. Иако беше најавено дека во текот на оваа недела ќе се знае неговото име рокот се пролонгира. Причина се многубројните ангажмани на премиерот Никола Груевски кој треба да направи интервју со кандидатите. Инаку во комбинација се четири имиња меѓу кои и името на првиот човек на ЗЗЗ, Атанаско Михаилов. Тој не сакаше многу да коментира околу неговата кан…
Често пати влезовите се користат и како јавни тоалети. Надлежните ги повикуваат куќните совети да се активираат.Влезовите и дворовите околу станбените згради во Охрид најчесто се целосно запуштени и несредени. Голем број дворови се обраснати со треви и трње. Во лоша состојба се и влезовите кои се користат и како јавни тоалети.Надлежните ги повикуваат куќните совети да се реактивираат и започнат со извршување на своите обврски. Законот за јавна чистота предвидува ригорозни казни за несредени јавни површини.Граѓаните признаваат дека во поголем број од зградите куќни совети или воопшто не се ф…
Охридските угостители забрзано ги воведуваат ХАСАП стандардите во своето работење. Сметаат дека со ваквиот начин на самоконтрола во работењето, конечно ќе се стави крај на безредието во произведувањето и продавање храна. „ Повеќе нема да може кој каде сака да продава плескавици, а при тоа да нема каде да ги измие рацете“, коментира Љупчо Блажевски сопственикот на хотел Сончева порта.Преку воведувањето на ХАСАП системот ќе се обезбеди поголема заштита на гостите, но и ние ќе се обезбедиме од евентуални грешки и пропусти, велат угостителите.Поголемиот број угостителски објекти започнаа …
Најнови филмови, театарски претстави, изложби, поетски читања и уште многу културни случувања на охриѓани им нуди Центарот за култура „Григор Прличев“. Од таму велат дека условите во кино салата многу се подобрени, а во тек е и процедурата за препокривање на покривот кој години наназат прокиснуваше.В петок од 20 часот децата а и сите кои се чувствуваат како деца ќе можат повторно да ја видат претставата Пепелашка. За сите првачиња влезот ќе биде слободен. Сеуште се прикажува и претставата Григор Прличев која минатата недела беше одиграна по шести пат. Директорката на центарот, Драгана Боцев…
Вчера спортски риболовец во каналот кај Билјанини извори фатил калифорниска пастрмка тешка повеќе од еден килограм. Оваа риба не е автохтон вид во езерото па се поставува прашањето од каде дошла. Во езерото нема охридска пастрмка, но затоа има калифорниска. Вчера спортски риболовец во каналот кај Билјанини извори фатил калифорниска пастрмка тешка повеќе од еден килограм. Оваа риба не е автохтон вид во езерото па нејзиното егзистирање може да доведе до нарушување на неговата еколошка рамнотежа, вели Ѓоко Зоровски член на еколошкото друштво „Грашница“.Зороски додава дека во Стратегијата за за…