Националниот парк Галичица ја промовира својата интернет страница. На неа можат да се најдат голем број информации за паркот како и за секојдневните активности на оваа установа.„Страницата е изработена според највисоки светски стандарди и на неа можат да се најдат детални информации за паркот и активностите“, вели директорот Зоран Ангеловски. Промоцијата на интернет страницата е во рамки на прославата на 50- годишнината од прогласувањето на Галичица за НП.{loadposition content9}
„За да ја спречиме ваквата појава потребна ни е помош од локалната власт и државата“, додаваат од оваа установа. Обиди за узурпација на делови од НП Галичица има постојано. Со оглед на тоа дека станува збор за еден од најатрактивните делови од земјава, голем број поединци покажуваат интерес да изградат објекти во рамки на паркот, велат од НП. За да се спречи ваквата појава на нашите служби неопходна им е помош од локалната власт и државата. Со узурпација на делови од националниот парк Македонија губи значаен дел од своето природно наследство. Треба да вложиме максимални напори за да го соч…
Со Новиот Закон за гробишта кој ќе се применува од јануари 2009 година, се укинуваат голем број поволности за граѓаните во сферата на погребалните услуги, а драстично ќе се зголемат цените на услугите, предупредуваат членките на Асоцијацијата на даватели на комунални услуги,кои со децении стопанисуваат со гробиштата во општините, вели директорот на комерција , Сашо Алче од Охридски Комуналец. Посочува дека новиот закон ќе ги поскапи цените на погребалните услуги по повеќе основи. Граѓаните ќе бидат задолжени да плаќаат нова давачка – годишен надоместок за одржување на гробните места. Исто …
ЕМО- Охрид се продава по четврти пат.Денес во весникот „Фајненшел тајмс“ преку јавен оглас беше објавена повторната продажба на оваа охридска фирма. Како што информираат од Министерството за економија, условите за продажба на ЕМО не се променети. Условите во однос на бројот на вработени, инвестициската програма и дејноста остануваат исти како и на претходните три објавени тендери. Различна е само цената на акциите. Една акција сега се продава за 10 евра, наместо 28 евра , за колку што се продаваше на последниот неуспешен оглас.Од Министерството за економија потенцираат дека доколку и по чет…
Најмладите ги запознаваат природните убавини на Националниот парк Галичица. Инспирирани тие направија над 200 фотографии. Природните убавини на НП Галичица ги инспирираа основците од општина Охрид да направат фотографии со мотиви од паркот. Од денес тие и се достапни и на јавноста како дел од прославата на 50- годишното постоење на НП.Најмладите вљубеници во природата направија над 200 фотографии на тема НП Галичица во есен, од кои 33 од денес се изложени во просториите на општинскиот Црвен крст. Жири комисијата ги награди авторите на најдобрите три фотографии. Изложбата на фотогра…
Од идната година ќе се применуваат голем број ригорозни закони и наредби. Наредбата за забрана на употреба од пластични кеси до 5 кг е една од тие што следуваат. За да се спречи загадувањето на животната средина купувачите ќе употребуваат платнени торби и книжни кеси. Пластичните кеси ќе се забранат од употреба со наредба. Таа е донесена во август оваа година , a ќе се применува од јануари 2009 година. Граѓаните за оваа најнова наредба со размислување.Министерството за животна средина во соработка со министерствата за здравство, економија и земјоделство ќе ги забранат пластичните к…
Војне Голабоски денес за ТВМ, прв пат проговори во јавност за обвинувањата на Јовче Спиркоски, кој тврди дека Голабоски на нечесен начин му ја одзел куќата. Голабоски ги демантира сите обвинувања од Спиркоски и вели дека ја поседува целокупната документација за случајот кој се водел седум години. Тој раскажува дека на 30.02 2002 година со Спиркоски склучил договор за претходно позајмените средства во висина над 11 000 евра кои Спиркоски бил должен да ги врати во рок од една година.Бидејќи Спиркоски не го испочитувал договорот Голабоски по истекувањето на рокот кој бил до 30.02 2003 год. по…
Градежните работи врз Музејот на вода од јужната страна на Градиште, во Заливот на коските кај Пештани, се во завршна фаза вели археологот и директор на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман. Ние се спремаме комплетно на 8 декември да го промовираме Римскиот каструм, воено утврдување, кој е објект на копно. Тврдинаат ја извлековме од подземјето и ќе ја презентираме на јавноста, а ќе биде привлечно место за посетителите вели археологот Кузман. Објектите кои ќе бидат дел од наколната населба од праисторискиот период се во екот на работење. Станува збор за комплексна гр…