Левитрата и нејзиното дејство денес беа презентиран пред охридските лекари и фармацeвти.Податоците покажуваат дека над 150 милиони мажи имаат проблем со ерективна дисфункција.Левитра нов лек против проблемите со ерективна дисфункција. Овој препарат денес беше презентиран пред охридските лекари и фармацвти. Проф. Владимир Георгиев вели дека новиот лек е многу поефикасен од досегашните и има многу помал процент на нус појави.Овој лек може да се прима заедно со храна или пијалок, а не како што беше случојот со досега познатите лекови против проблемите со ерекцијата. Проф. Георгиев вели дека ов…
Дванаесет офицери на езерската полиција, што работи во состав на македонската гранична полиција се обучени за операции со мали чамци. Во изминатите две седмици четворица инструктори интензивно работеа со нив пренесувајќи им ги своите знаења и искуства. Дипломите за завршен напреден курс им ги врачи американскиот амбасадор Филип Рикер.Директорот на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски, се заблагодари на помошта што американската влада и ја дава на Република Македонија на полето на безбедноста и одбраната. Обуката беше финансирана од Владата на Сад, а реализирана преку Американската…
Од нареднава недела во училиштето Св. КЛимент Охридски се воведува едносменска настава. Овој начин на работа е на задоволство на учениците и родителите.Основното училиште Св. Климент Охридски воведува едносменска настава. Од в понеделник учениците ќе одат на училиште само претпладне. „Оваа идеја е одамна, вели директорката Славица Илиќ, но чекавме да се создадат услови за нејзина реализација. Во тоа ни помогна и локалната самоуправа, објаснува таа а придобивките од ваквиот начин на работа ќе бидат многукратни. Со едносменската настава во голема мера ќе се намалат проблемите околу организацј…
Од таму велат „ Охрид има идеални услови за возење велосипед, недостасуваат само велосипедски патеки“.Зелениот центар од Охрид ги додели наградите на учениците кои со свои пишани или ликовни дела учествуваа на конкурсот кој се одржа по повод Светскиот ден без автомобили. На ваков начин го заокружуваме овој проект, вели Борис Матески претставник на Зелениот центар. Тој кажува дека децата во голема мера знаат да се грижат за животната средина, но возрасните се тие кои најчесто ги кршат правилата.Матески потенцира дека не треба само еден ден во годината да ги заборавиме автомобилите и да ги з…
Министерството за животна средина планира формирање на 6 до 8 регионални центри за управување и менаџирање со депониите.При тоа пријавените концесионери ќе мора да ја испочитуваат сторгата пропишана процедура вели заменик министерот од ова ресорно министерство Соња Лепиткова. Отпадот ќе мора да се селектира и рециклира, а на депонијата ќе завршува помалку од 10%, како инертен отпад. Локациите за центрите со управување на отпадот ќе се избираат врз основа на правилник, а се очекува кон крајот на ноември да биде донесена уредба. Со неа ќе бидат строго дефинирани сите услови. Од министерст…
Советот на Општина Охрид експресно ги носи деталните урбанистички планови. Само во текот на оваа година изгласани се дури 42. Бранко Арнаудов, началникот на секторот за урбанизам вели дека тоа е за доброто на граѓаните и за развојот на градот. Од охридската Вмро пак тврдат дека урбанистичките решенија кои во последно време се носат се само на штета на градот и оние кои живеат тука. Тие потенцираат дека во блиска иднина ќе се видат негативностите од истите. Само на последната седница на советот се донесоа Нацрт детални урбанистички планови за пет Урбани заедници. Меѓу нив е и Нацрт урбанист…
Владата е глува за барањата на работниците велат од ССМ. „Најавените протести се наше уставно право за менување на законските прописи.“Со синдикалните протести работниците ќе бараат зголемување на животниот стандард и намалување на животните трошоци. Од ССМ велат ние најмалку сакаме да протестираме, но Владата е глува за барањата на работниците.Причина за протестите низ поголемите градови во Македонија ќе бидат 5 –те доставени барања до Владата. При тоа ќе се бара итна постапка за укинување на Законот за работни односи со кои се кратат и намлуваат работничките права, овозможување на пов…
Tринасет заврешени, охридски основци не продолжиле во средно училиштe додека децата од селата во Дебрца продолжуваат образование. Општинскиот инспекторат испратил писма за средба со родителите.Во општинскиот инспекторат за образование се евидентирани тринаесет завршени охридски основци кои не продолжиле во задолжителното средно образование.Од таму упатиле покани до родителите да објаснат која е причината што децата не продолжиле со образование.На поканата од инспекторот за образование се појавиле само двајца старатели .Тие ја кажале причината зошто децата не го продолжиле образованието…