Се изврши распит на сведоците, меѓу кои и сопругата на убиениот Раим Ракип. Судскиот процес продолжува на 10 декември.Со распит на повиканите сведоци, денес продолжи судењето на Лазе Радески, осомничен за убиство на тројцата улични продавачи на девизи: Спиро Ставрески, Раим Ракип и Трајче Цоцески.Судот ги сослуша повиканите сведоци, меѓу кои и сопругата на убиениот Раим, Миневер Ракип. Таа изјави дека Радески на нејзиниот сопруг пред да исчезне му должел пари, но не знаеше за колкав износ станува збор. Кога го прашала сопругот зошто му позајмил пари на Радески, тој одговорил- затоа што Ра…
За прв пат во општините Охрид и Дебрца се објавува конкурс во кој се бараат најстариот жител или жителка и пар со најдолг брачен стаж. Оваа идеја доаѓа од креативните активисти на Црвениот крст од Охрид, а во пресрет на одбележување на неделата за грижа на старите лица од 5 до 12 декември. Ги повикуваат сите кои познаваат лица кои ги исполнуваат овие критериуми од нивното семејство, соседството, роднините или пријателите да ги пријават или да им кажат да го направт тоа. Од Црвениот крст велат дека намерата им била активно одбележување на неделата за грижа на старите лица , но на интересен…
Тезги, расфрлано ѓубре и чад од скара е првата слика на посетителите пред влезот на манастирскиот комплекс Св Наум. Наместо рајско место, просторот сега наликува на панаѓур. Тоа е причината што НП „ Галичица “ бара да му се врати одземениот дел од комплексот Св Наум од страна на екс Владата. Во 2006 година, со решение на тогашната Влада на заминување, дел од просторот е одземен од владение на паркот. Пред неколку месеци од установата испратиле барање до Владата за да им се врати одземениот дел. Зоран Ангелоски, дирeкторот на НП „Галичица“ вели дека изготвиле идеен проект и го доста…
Одлагањето на спроведувањето на Хасап системот нема да им ги реши проблемите на производителите и продавачите на прехрамбени производи, тврдат од Дирекцијата за храна.Одлагањето на спроведувањето на Хасап системот нема да им ги реши проблемите на производителите и продавачите на прехрамбени производи, тврдат од Дирекцијата за храна. Од таму појаснуваат дека имаше доволно време за субјектите да ги испочитуваат стандардите кои ги налага овој систем. Законот е донесен уште во 2003 год. а во 2004 Министерството за економија на голем број од нив им помогна финансиски за да го воведат Хасп сист…
Од ЗЗЗ велат дека овој проблем кој се провлекува години наназад не може да се реши се додека не се преземат мерки за отстранување на септичките јами кои ги користат дел од жителите на населбата Рача. Директорот на ЗЗЗ, Атанаско Михаилов кажува дека анализите на водата од Билјанини извори кои се направени во месец септември покажале присуство на бактерии од фекално потекло. Во месец октомври во примерокот кој е земен од водата на Билјанини извори нема појава на бактерии, а за месец ноември испитувања ќе се прават во наредниве денови.И од Проаква признаваат дека причина за појава на некои бак…
По превземени оперативни мерки, СВР Охрид ги откри лицата кои викендов ги испишаа неонацистичките пораки на ѕидовите од основното училиште Св. Климент Охридски. Тоа се пет седмооделенци кои учат во истото школо. Во текот на вчерашниот ден во СВР- Охрид со учениците биле извршени разговори во присуство на нивните родители.По извршените разговори , одземени им се 4 спрејови за фарбање во различни бои, кои малолетниците ги купиле непосредно пред извршувањето на вандалскиот чин. Директорката на ОУ св. Климент Охридски, Славица Илиќ за ТВМ изјави дека е непријатно изненадена и дека се уште не м…
Раководството на училиштето и родителите чии деца посетуваат настава во ОУ Св Климент Охридски интервенираа и ги одстранија пораките со неонацистички содржини. Од локалната самоуправа се непријано изненадени од настанот. Велат дека овие проблеми ќе се решат со поставување на чуварска служба.Директорката на училиштето Славица Илиќ е згрозена од неонацистичките пораки. Графити се испишувале и порано на ѕидовите и дворот на училиштето, но првпат се случува тие да имаат заканувачка содржина.Инаки напори за безбедноста на учениците се направени пред три години со распишпување на тендер за …
Од формирањето до денес, установата бележи успех, за тоа говори големиот интерес на родителите за упис на своите деца. По повод јубилејот- децата приредија разни содржини за кои се подготвуваа подолг период.Детската градинака „Јасна Ристеска“ од Охрид денес одбележува јубилеј- 45 години од постоење. Во досегашниот период, градинката има постогнато голем напредок. Иако тоа е очигледно, сепак себично е од моја страна да ги потенцирам успесите, вели првиот човек на установата. За тоа зборува фактот што интересот кај родителите за запишување на своите деца во групите, во склоп на градинката…