Општина Охрид додели 39 стипендии на метеријално загрозени студенти. Еден од условите за добивање ваква парична помош е студентот да има завршено прва година. Стипендијата е во висина од 2000 ден, а ќе ја примаат девет месеци. Градоначалникот на Охрид вели дека ова не е голема сума, но барем малку ќе им биде од корист на студентите. Тој потенцира дека општината и понатаму ќе инвестира во образованието и во младите генерации. Интенција на градот е да има што повеќе образовани кадри, а високото образование да биде подостапно и за материјално загрозените деца. {loadposition content9}
Градоначалникот на Охрид , Александар Петрески бара Охрид да прерасне во универзитетски центар. Тој апелира до владата сериозно да го разгледа предлогот просторот кај касарната да прерасне во универзитетски кампус.„Охрид е со најголем процент на завршени средношколци во земјава,меѓутоа поради економската состојба овдешните родители не се во состојба да ги испраќаат на студии во други градови“, вели Петрески.Тој сугерира во Охрид да се отворат факултети како медицинскиот, правниот, еконономскиот, факултетот за менаџмент и за технички науки. Министерот за одбрана Зоран Конјановски, идејата на…
На пленарна седница бискупите од регинов разговараа на тема „Католичкото семејство на просторите во дијаспората“. Беше разгледувана досегашната работа на меѓународната бискупска конференција ,а беа предложени и нови проекти.Бискупите покрај средбата со директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Звонко Муцунски се сретнаа и со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Монсињор Киро Стојанов истакна дека со министерот разговарале за актуелни прашања поврзани со ситуацијата во регионот. Станало збор и за односите на Македонската Влада со Светата Стол…
Градоначалникот Александар Петрески ја чека разрешницата од жалбената постапка за да ја активира кривичната пријава против Министерството за транспорт и врски. Пред две недели ова министерство поднесе кривични пријави против Петрески и Советот на Општина Охрид поради изгласувањето на ДУП за 8ма урбана заедница. Градоначалникот тогаш беше на службено патување но најави дека по неговото враќање ќе зададе контра удар.Портпаролот во општината, Никола Маневски, додава дека кривичните пријави треба да бидат упатени до Министерството за транспорт и врски, Министерството за култура и Управата …
Од понеделникот започнаа градежните работи за санација на дел од кровот на Центарот за култура, Григор Прличев. За да се спречи прокиснување на кровот и негова поправка, Министертсвото за култура издвои 1 милион и четиристотини илјади денари. Се очекува ако потрае убавото време, работите да завршат за 15 -тина дена.Министерството за култура делумно ќе го финансира и загревањето на кино салата, а дел средства за затоплување ќе обезбедува и центарот. Директорката на Центарот за култура Драгана Боцевска вели, ладна кино сала нема да има и гарантира дека ќе има греење за нивните активно…
Лајонс клубот Охрид започна со реализација на својот најнов проект„Топ 10“. Станува збор за проект со кој се опфатени 125 ученици од 5 основни училишта во градов. Со реализација на проектот се отпочна минатиот викенд, кога избраните основци беа тестирани по повеќе предмети:македонски јазик, математика, англиски јазик и информатика. „Вакви тестирања ќе се прават во четири циклуси, за на крај да се изберат најдобрите за кои Лајонс клубот има подготвено богати награди и стипендии“ – вели проектниот менаџер, Драган Спасески – Охридски и додава „Целта ни е да го спречиме одлевањето на „умовите“ …
Охрид е избран за град домаќин на Петтиот Регионален економски форум за Југоисточна Европа . „Причина за тоа е што градов во повеќе наврати се покажа како одличен домаќин на големите настани“, рече Зоран Иванов претставник од кабинетот на претседателот Црвенковски. Охрид, домаќин на уште еден голем настан. На 20 и 21 ноември ќе се одржи Петтиот Регионален економски форум за Југоисточна Европа. Иако првично оваа средба требаше да се одржува во Скопје на иницијативата на претседателот Бранко Црвенковски, Охрид е избран за град домаќин на овој форум. „Причина за тоа е што градов во повеќе навр…
Преставници од СВР Охрид,локалната самоупорава од Охрид и Дебрца, како и од Јавните претпријатија Комуналец и Македонија пат ги договорија мерките за безбедно одвивање на сообраќајот во зимскиот период.На средбата беше истакната добрата меѓусебна соработка во минатиот период. Во дискусијата заклучија дека постои потреба од прецизирање на надлежностите на сите учесници во оперативните планови.Од Ј.П. „Комуналец “ предложија, точно да се утврди на кои улици да се користат абразивни матеијали за чистење од снегот.Раководителот од Ј.П. „ Македонија пат “ кажа дека веќе започнале со подгот…