Ное 19, 2008

Охридските лавови засадија 90 дрвца

Охридските лавови по повод „Денот на дрвото“ даруваа 90 садници за основните училишта во градов. Секое од нив доби по десет зимзелени дрвца кои беа засадени во училишните дворови. Павел Попоски, претседателот на „Лајoнс“ клубот од Охрид, вели дека позитивните реакции од учениците и од наставниците се стимул  вакви акции да организираат почесто. Тој вети дека во соработка со ЈП „Комуналец“ ќе набават нови садници кои  ќе бидат засадени во наредниот период.Во основното училиште Св. „Климент Охридски“ дрвца засадија  учениците од повисоките одделенија. Во тоа им помогнаа нивните наставници.Ина…

Ное 19, 2008

Исплаќањето на пензиите преку транскакциони сметки, дел од реформите

Владата сепак ќе им излезе во пресрет на изнемоштените лица кои не се во можност да ги подигнат своите пензии од банка. Отворањето на трансакциони сметки преку кои во иднина ќе се исплаќаат пензиите е дел од реформите во платниот промет, изјави министерот за финансии Трајко Славески.Целта на Владата е да ги минимизира трансакциите кои се вршат во готово.„Довршувањето на реформата на платниот промет на РМ не се потенцира во контекст на приближување кон ЕУ стандардите, туку како современ и стандарден платен промет кој е дел од тоа“, рече Мнистерот за финансии, трајко Славески.Пензионерите кои…

Ное 18, 2008

Песна и радост донесоа младите на геријатриското одделение

Десетина ученици активисти на Црвениот крст Охрид, со песна и оро внесоа живост во секојдневието на лицата, сместени на геријатриското одделение при Општа болница Охрид.Ева Бочева,  пет години е штитеничка на ова одделение.Таа  вели „ посетата на децата ме веселит и срцето мие радосно. И јас  некој пат сум играла во тетар и сум била на Хвар“.Учениците од основното училиште „Братство-Единство“ се дружеа со штитениците и ја одбележаа неделаат на старите лица.Тие под раководство на нивните наставнички Елизабета Здравеска и Јованка Љаткоска изведоа музичка програма и кратка пиеса.Во центарот за…

Ное 18, 2008

Охрид подготвен за есенската акција Ден на дрвото –засади ја својата иднина

Садењето на дрвјата во склоп на акцијата  Ден на дрвото –засади ја својата иднина повторно ќе се одвива на локалитетот „Мауцкер“. Локацијате не е добар избор  реагираат од граѓанската организација „Билјана“ и прашуваат зошто пошумувањето не е на планината Галичица.Се е подготвено за утрешната акција Ден на дрвото –засади ја својата иднина. Ваква граѓанска иницијатива по втор пат се реализира во Охрид. Во март оваа година на локалитетот „Мауцкер“ на површина од  5 хектари   се засадија 10.000 дрвја и тоа чемпреси, кедар и дуглазија. Но, за жал од нив само мал дел  успеаја да заживеат. Локал…

Ное 18, 2008

И годинава новогодишни украси ќе се продаваат на примитивен начин

Според граѓаните крајно време е локалната самоуправа да набави нови тезги, со посовремен изглед. Од таму пак објаснуваат- на проектантите не им се исплаќа да ги изработаат.Како и секоја година, така и оваа- новогодишните украси ќе се продаваат на добро познатите метални тезги. Локацијата останува иста. Триесеттината тезги, стари неколку децении, ќе се постават кај стариот Чинар.  И годинава, ќе се повтори познатата слика- честитките и лампионите од дожд и снег ќе се штитат со стари најлони.„Тезгите не личат на ништо. Срамота е гостите да гледаат дека уште продаваат на нив. Треба да се набав…

Ное 17, 2008

Киклопските ѕидини под опсада на градежен шут

Археолошкиот локалитет „Енгелана“ на кој интензивно се работи со цел да стане уште една атракција за охриѓани, но и за туристите во градов недостапен поради дивата депонија која се наоѓа во месноста „Мауцкер“.Сојузот на невладините организации во регионот Охрид- Преспа покрена иницијатива за нејзино дислоцирање. Се бара одговорност од надлежните.До археолошкиот локалитет „Енгелана“ на кој интензивно се работи со цел да стане уште една атракција за охриѓани, но и за туристите во градов речиси и да не може да се стигне поради дивата депонија која се наоѓа во месноста „Мауцкер“.Сојузот на невл…

Ное 17, 2008

Чуварски служби во сите основни и средни училишта

Локалната самоуправа обезбеди средства од својот буџет за поставување чуварски служби во сите основни и средни училишта во општина Охрид. Чуварските служби ќе ги обезбедуваат школите во ноќните часови, а ќе започнат со работа од 1- ви декември. Причина за ваквиот потег на Локалната самоуправа се зачестените инциденти во и околу училиштата, како и немањето слух од страна на Министерството за образование да обезбеди вакви служби. {loadposition content9} 

Ное 17, 2008

Студентите од ФТУ не покажуваат интерес за стекнување искуствa во странство

Ивана Христоска, студентка во трета година на факултетот за туризам и угоститетслтво е веќе две години претседател на локалниот комитет на АИЕСЕК. Станува збор за интернационална студенска организација која помага теоретското,  да се поткрепи со практично знаење во странство. „Студентите кои одат на размена во странство не се во голем број. Не знам дали е тоа од страв или не сакаат да работат во странство вели Христоска. Студентите работат во зависност од тоа што студираат, па најчесто може да бидат менаџери на хотели или компании. Таа не знае  дали студентите се чувствуваат  способни да од…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top