Две години по смртта на основачот на Охридска банка, м- р Најденко Попоски, се промовира Монографија посветена на неговиот живот и дело. Големиот број пријатели и соработници, во присуство на членовите од неговата фамилија, уште еднаш се потсетија за човекот кој целиот свој живот го посвети на развојот на општината.Објавувањето на една ваква монографија од страна на семејството претставува гест за почит кој сигурно ќе остави трага врз новите генерации, истакна градоначалникот Александар Петрески.Блискиот соработник и пријател, Иван Голабоски, монографијата ја нарече мало уметничко дело. де…
Преговорите кои една година безуспешно се водат помеѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура денес кулминира со генерален штрајк. Во средните и основните училишта денес немаше настава, градската библиотека не издаваше книги, а во градинките само се згрижуваа децата без воспитна содржина.Претседателот на Општинската организација на СОНК, Љубомир Јанкулоски вели дека барањата се точно дефинирани и нема да одстапуваат од нивното исполнување. „Барањата се реални не станува збор за високи суми, а Владата може да ги исплати“ вели Јанкулоски. Утрово штрајкуваа сите образовни …
Црвениот крст во соработка со ЈП „Билјанини извори“ организира показна вежба на евакуација од спортската сала според евакуационен план и одредено сценарио. Се е подготвено за Европското првенство во ракомет за жени. Црвениот крст во соработка со ЈП „Билјанини извори“ организира показна вежба на евакуација од спортската сала според евакуационен план и одредено сценарио. Вежбата имаше за цел да ја покаже подготвеноста на субјектите одговорни за безбедноста при одвивање на масовни манифестации во затворени објекти, во случај на инцидентни ситуации.Иван Цветкоски, директорот на ова јавно прет…
Се почесто се уништуваат и сечат дрва само поради тоа што на поединци му го кријат видикот. Од Локалната самоуправа – велат се даваат дозволи за сечење само за стари и исушени дрва. Поголемиот број охриѓани сметаат дека премногу лесно може да се дојде до дозвола за сечење дрва на јавни, но и приватни површини. Се почесто сме сведоци, велат тие, дека се сечат дрва само поради тоа што на поединци му кријат видикот. Поради тоа што од дрвата не се гледал дуќанот или пак затоа што на домаќинките им сметале цутовите од дрвата кои паѓале на нивните балкони. Од Локалната самоуправа, од каде се …
Општинскиот комитет на ВМРО- НП во целост го подржува донесувањето на Законот и не може да најде оправдување за ваквиот исход од парламентарната дебата.Сметаме дека е направена голема неправда кон кон бранителите од воениот конфликт во 2001 година, велат од ВМРО- НП. Како сериозна партија подолго време укажуваме на политичките потези на власта, кои се директно насочени против интересите на граѓаните на РМ, потенцираат од ВМРО- НП. Од таму апелираат до владата и парламентарното мнозинство да соберат доблест во најкраток можен рок да го разгледаат предложениот закон и истиот да го усвојат. {…
По повод неделата на старите лица Црвениот крст од Охрид избра пар со најдолг брачен стаж, најстар активист на оваа организација како и најстар жител на Охрид. Лазе и Трајанка Германоски 70 години се заедно и во добро и во зло. Тие како пар својот заеднички живот го започнале во далечната 1938 год. Чичко Лазе вели „Бев убаво момче па ја прелагав Трајанка која беше многу млада“.Најголемиот дел од својот живот дури 40 години го поминале во далечната Австралија каде им се родиле седум деца. Но, носталгијата ги натерала пред четири години да се вратат во Македонија. Сега живеат во селото Леское…
На сите нас во интерес ние што поскоро проширувањето на ЕУ со земјите аспиранти за евро интегарциите истакна Стипе Месиќ. ЕУ ќе биде фактор на мир, затоа што националните малцинства стануваат важен фактор на соработка и поврзувачки елемент. Затоа е важно да се забрза тој процес. Месиќ се надева дека и Македонија наскоро ќе стане членка, иако на сите им е јасно дека за неа има двојни аршини потенцира хрватскиот претседател Месиќ. „Ние сме уморни од транзиција, а ЕУ е уморна од здружување , а проблемите може да се решат само ако се забрза здружувањето. Влезот во ЕУ е само со согласност н…
Воспоставување на подобра комуникација помеѓу политиката и бизнисот, услов е да се надминат проблемите во регионов – заеднички констататираа 6 -те шефови на државите кои учествуваа на економскиот форум на земјите од Југоисточна Европа. Македонскиот претседател Бранко Црвенкоски, истакна дека во вистинско време се разговорало и за економската ситуација и за соочувањето со глобалната економска криза. Нашите мали ограничени пазари и економии е нужно да се поврзат мегусебно – истакна Претседателот Црвенкоски. „Секоја земја во регионот во рамките на своите национални интерси планира …