Првиот човек на градов вели дека Охрид за новогодичшнитепразници ќе биде поубав од секогаш, а ќе има и богата културноуметничка програма. „За уметниците нема високи хонорари, кој ќе пее во Охрид за Нова година е привилегиран“, вели Петрески.Новогодишното издание на Охрид уште поубаво од ланското. Вакви се најавите на таткото на градот. Градоначалникот вели дека ќе го исполни даденото ветување градов секој нареден дочек на Новата година да биде поразличен и поподготвен од минатогодишниот. Влегувањето во 2009 ќе биде одбележано со голем огномет на градскиот плоштад, кој ќе биде накитен со нов…
Уште една успешна акција на СВР Охрид. Пресечен шверцерски канал со дрога.Пресечен шверцерски канал со дрога. Во акцијата која ја спроведоа инспекторите за борба против дрога од СВР Охрид запленети се 10 кг чиста и висококвалитетна дрога марихуана, три автоматски пушки калибар 7,62мм, еден револвер магнум калибар 22мм и околу 600 куршуми муниција со различен калибар .Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид информира дека дрогата и оружјето се пронајдени кај лицето А.А. од село Заграчани кое е приведено и со две кривични пријави е предадено на основното јавно обвинителство во Струга.Димос…
Претставници на здруженијата на хендикепираните лица на традиционална средба со градоначалникот на Охрид. На неа беа изложени проблемите и достигнувањата на здруженијата во текот на оваа година како и нивната соработка со локалната. Меѓународниот ден на хендикепираните лица одбележан и во Охрид. Традиционално, охридскиот градоначалник со претставниците на здруженијата на хендикепирани лица одржа средба на која беа изложени нивните проблеми и достигнувања во текот на оваа година. Петрески кажа дека многу е направено, но и многу допрва треба да се направи за подобрувањето на квалитетот на жив…
Професорот по право на факултетот за туризам и угостителство, Проф. д-р Миладин Крстаноски укажува на состојбите во земјава.Професорот вели далеку сме од правна држава и владеењето на правото. Во контекс на тоа наведува низа примери, од недоречени законски прописи па се до оние институции кои би требало, а не го применуваат правото. Наместо за најсуштествените правила да одлучува законодавниот дом кај нас тоа го прават претседателите на партии вели Проф.д-р Миладин Крстаноски од ФТУ. Професорот посебно се осврнува на работата на судството, а потенцира и на потребата од корекција на…
Кога може афроамериканец да стане претседател на САД зошто да не можам јас да бидам прв човек на градов, вака Далип ја најавува својата кандидатура за градоначалник.Демир Далип, независен кандидат за градоначалник на Охрид. Тој вели дека според уставот на државава секој кој е државјанин на Р. Македонија и се наоѓа на избирачкиот список има право да се кандидира. „Кога може афроамериканец да стане претседател на САД зошто да не можам јас да бидам прв човек на градов“, објаснува Далип земајќи го за пример претседателот на САД, Барак Обама. Зад него очекува да застанат сите оние кои во изминат…
Во охридската чаршија деновиве кружи веста дека и кај нас како во земјите од опкружувањето се растура дрогата во вид на гуми за џвакање кои можат да се набават во кафулињата кои се собиралиште на младите.Од СВР Охрид смируваат дека нема ваква појава, но апелираат до сите институции поактивно да се вклучат во борбата против ова зло на денешницата. Во Охрид има 342 регистрирани нарко зависници, но реалната бројка е за два пати поголема, велат од СВР. Од нив 219 се на марихуана, 111 на хероин, а 12 на кокаин. На возраст од 25 до 30 години има 75 зависници, а 156 се на возраст над 30 год. Старо…
Со игра и песна, играорците и музичарите од друштво им приредија на охриѓани незаборавен културен настан.Играорцита на КУД „Отекс“ ја растреперија и разнежнија многубројната публика, присутна на одбележување на 25 годишниот јубилеј.Играорците со својата грациозна игра, а музичарите со беспрекорната изведба на македонските ора не оставија рамнодушен ниту еден посетител во салата.Со звуците на „Билјана платно белеше “започна гала концертот, кој потоа продолжи со познатите македонски сплетови Водарки, Тресеница, Калајџиско, со колаж од ора од Егејска Македонија, за да кулминира со сплетови…
Ванчо Костоски член на Управниот одбор во НП „Галичица“, назначен од локалната самоупрва , укажува на постоење елементи за сомнително работење во оваа установа. Костоски тврди дека тука има вработувања без направена систематизација. Сомнителни биле и некои финансиски трансакции, поради што У.О. на шеснаесеттата седница со четири гласа за и еден воздржан донел одлука да се изврши ревизија на работењето на јавното претпријатие. „Но, под силен притисок таа одлука не се спроведе. Се изврши голем притисок врз членовите од У.О. кои го променија ставот со образложение дека одлуката е избрзана…