Првиот кабелски оператор во градов, „Инфел“, на прославата на 10 годишниот јубилеј го промовира најновиот проект – фиксна телефонија. Телефонскиот сервис ќе биде без претплата, а на граѓаните им се нудат три тарифни модели.Нова фиксна телефонија во Охрид. Првиот кабелски оператор вo градов, „Инфел“ на прославата на 10 годишниот јубилеј го промовира најновиот проект – фиксна телефонија. Телефонскиот сервис ќе биде без претплата а на граѓаните им се нудат три тарифни модели.„Инфел“ е првиот кабелски оператор во Македонија кој нуди тројна услуга: телевизија, интернет и фиксна телефонија. Со то…
Владата вети дека во текот на месец февруари ќе биде изградена заобиколницата Железничка.Во текот на месец февруари конечно ќе биде изградена заобиколницата Железничка. Ова се најави на Македонската влада која за таа намена уште на почетокот на годинава беа издвои 40 милиони денари. Реализацијата на проектот е дел од усвоената програма за 2008 на Министерството за транспорт и врски наменета за изградба, реконструкција одржување и заштита на магистрални и регионални патишта. Проектот за железничка, на кој се чека неколку години, предвидува, над 2 километри долгата улица да се изгради во мо…
Законот за Охрид кој години наназад се најавува, веќе е изготвен.Со него ќе бидат регулирани голем број работи кои досега се провлекуваа и ја загрозуваат автентичноста на градот. Долгонајавуваниот Закон за Охрид е веќе изготвен и се очекува наскоро да се најде во законодавниот дом. Министерстрвото за Култура и за животна средина заедно со охридските пратеници интензивно работат на него. Реализација на првата фаза на Законот се очекува во текот на овој месец па потоа Законот ќе оди на јавна расправа за да на крај се најде пред парламентарците.Со долгоочекуваниот Закон за Охрид ќе бидат регул…
Во Охридскиот регион под закуп се издава државно земјоделско земјиште со површина од 59 хектари и 59 ари. Максималните површини кои може да се добијат со аплицирање од страна на еден понудувач изнесуваат до 10 хекатри.Од подрчаната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопнаство информираат дека огласот за земјоделското земјиште заврши денес. На огласот се пријавиле 20 заинтересирани замјоделци кои од нивното одделение подигнале документација. Станува збор за атрактивно земјиште кое се наоѓа покрај пат во близина на селата Мешеишта, Климештани,Издеглавје, Ботун, Озд…
Нема градење на Бејбунар. Со оваа одлука на Министерството за транспорт и врски се срушија соништата на голем број охриѓани кои имаат свој имот во овој дел од градот. Синоќешната трибина на која присуствуваше Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски беше искористена за да се побара одговор зошто носењето на Деталниот урбанистички план за УЕ 8-Бејбунар е стопирано. Јанакиевски кажа дека министерството добило официјален допис од Управата за заштита на културното наследство со кој биле информирани дека е донесена времена мерка во период од две години за дополнително истражување на тој…
Жителите на селото Лескоец сеуште не се приклучени на канализационата мрежа. Од „Проаква“ кажуваат дека се е направено само се чека одобрение за прекоп од Републичкиот фонд за патишта. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски вети дека работите ќе ги преземе во свои раце па за една недела ќе се реши проблемот.Лесковчани негодуваат, сеуште не се приклучени на канализационата мрежа. Од „Проаква“ кажуваат дека се е направено само се чека одобрение за прекоп од Републичкиот фонд за патишта. Имено главната канализациона цевка треба да помине под регионалниот пат Охрид-Битола, а за вршењ…
Осумдесет и четири охриѓани кои се огрешиле од Законот за јавна чистота ја исплатиле својата казна со извршување на општо корисна работа. Тие со екипите на јавното претпријатие Комуналец ги одработиле часовите потребни за добијат потврда како доказ за извршената работа.Читење на депонии, собирање на пластика и хартија, метење на лисја се само дел од работите кои ги извршувале граѓаните кои одбиле казната да ја платат во готово.Граѓаните кои заработиле казни по разни основи, со општо корисната работа биле ангажирани во чистење на централнот градско подрачје, крајбрежниот појас од потего…
Пред 6 децении , Обединетите нации усвоија декларациа за човековите права. Во неа се прецизирани универзалните права. Тие не зависат од националната, државната, идеолошката или социјалната припадност на луѓето.Светскиот ден на човековите права се одболежува денеска ширум светот, а повод се 60 години од потпишувањето на декларацијата за човекови права.Министерот за правда Михајло Маневски изјави дека со уставот и законите се обезбедува заштитата на човековите права и во Македонија.Колку се почитуваат овие права охригани со свое видување. Проблемите врзани со дискримицијата, угнетувањето, н…