Дек 17, 2008

Охрид во новогодишно руво

Деновиве интензивно се работи на новогодишно украсување на градов.Се користат старите реквизити, но ќе има и нови. Изгледот на новогодишната елка се чува во тајност.Градот полека но сигурно се облекува во новогодишно руво. Откога се украсија поголемиот дел улици со различни светлечки реквизити на ред дојде и централното градско подрачје. На градскиот плоштад може да се видат дел од ланските новогодишни украси а деновиве ќе бидат ставени и некои нови. Општината не се расфрла со пари. И годинава за оваа намена од буџетот се издвоени 600 000 ден.На украсувањето работи стручна екипа од локалнат…

Дек 17, 2008

Жителите од улицата Петар Поп Арсов немаат прописен ни влез ни излез

Околу 100 семејства, жители на  улицата Петар Поп Арсов, на 400 метри од строгиот градски центар, се жалат на лошите комунални услови. За да дојдат до своите домови жителите веќе  25 години поминуваат   низ бројни препреки. Костадин Стеваноски вели немаме  прописен ни влез ни излез, па со возилата влегуваме  по Булевар Туристичка, а нема жител од улицата кој при тоа не заработил казна.Разминувања на две  возила на улицата е невозможно, при тоа безбедноста  на пешаците е доведена во опасност.  Мете Мавмудоски, исто така  жител на оваа улица револтиран е на своите соседи кои подигаат огради и…

Дек 16, 2008

25 милиони денари за реализација на нацрт програмата за развој на туризмот

Дваесет и пет милиони денари за реализација на програмата за потикнување на развојот на туризмот во општина Охрид и 27 милиони денари за програмата за подршка на Лер, можна реалност или само пуста желба?Советот на опшината на последната седница одржана на 28.11.годинава, согласно определбите на Градоначалникот и заклучокот на Советот на општината, ги утврди нацрт- развојните програми на општината кои се составен дел на фискалната стратегија на општина Охрид.Најинтересни за граѓаните нас се нацрт програмата за подршка на ЛЕР, како и програмата за потикнување на туризмот.Водени од визијата де…

Дек 16, 2008

Пензионерите имаат уште шест месеци за да отворат трансакциона сметка

Министерството за транспорт и врски го пролонгира рокот за отварањетрансакциона сметка кој првично беше до 15 ноември. Со ова еден проблем се реши, велат од охридското здружение на пензионерите, но остана проблемот со прибирањето на средствата за солидарниот фонд. Пензионери кои сеуште немаат отворено  трансакциона сметка може да здивнат. Министерството за труд и социјала го пролонгира рокот за шест месеци.Сите пензионери во овој период се обврзани да отворат трансакциона сметка со што своите пензиите ќе ги подигаат само од банка. Претседателот на Здружението на пензионери во Охрид, Ѓорѓи Т…

Дек 15, 2008

6 -ти Аматерски театарски фестивал ГАРАВДЕ МУЈА

Со свечена церемонија денеска во центарот за култура „Григор Прличев“ започнува шестиот по ред фестивал на аматерски театар „ГАРАВДЕ МУЈА“ или скриени лица. Ќе учествуваат  неколку театарски трупи од Македонија, Србија, Хрватска и Албанија.Поканети се сите влубеници во тетатарската и ромската уметност.Овој фестивал се одржува во Македонија по шести пат, но за прв пат во Охрид. Заслепени од убавините на Охрид, членовите на театарската трупа „Сано е Романорум“ од Србија забрзано се подготвуваа за денешниот настап, каде пред охридската публика ќе ја прикажат представата „Како е така е“.Оваа пр…

Дек 15, 2008

Фискализацијата на земјоделците се заканува да ги згасне зелените пазари

На охридскиот пазар, секој понеделник доаѓаат околу 100-тина земјоделци-производители кои не се регистрирани во подрачната единица на министерството за земјоделство. Тие се евидентирани како земјоделци од страна на Комисијата формирана од локалната самоуправа велат организаторите на пазар. Засега, на тој начин се спроведуваат измените на Законот за трговско работење. Со воведувањето на фискални апарати постои опасност да исчезнат зелените пазари и земјоделците да бараат алтернативи за продажба на своите производи вели Сашо Алчев координатор од ЈП Комуналец.Од ЈП Комуналец како организ…

Дек 15, 2008

Извршена контрола на плажите издадени под закуп

Целта е да се утврди дали тие отстапуваат од критериумите наведени во договорите за закуп. Заврши еднонеделната посета на Комисијата која ги контролираше плажите издадени под закуп. Ја испрати  Министерството за транспорт и врски за да спроведе детална проверка. Се контролира дали има отстапувања од наведените критериуми во договорите за закуп. Со оние закупци кои извршиле отстапувања, договорите ќе бидат раскинати. Од надлежното министерство не откриваат колкав е бројот на закупци кои отстапиле од пропишаните критериуми. Треба најпрво да се изготви записникот. За забелешките, закупците ќе …

Дек 13, 2008

Борче Стефановски претседател на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид

На вчерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО- ДПМНЕ на која бил разгледуван концептот за настап на претстојните локални и парламентарни избори, се расправало за кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори. Покрај ова, најинтересно за охридската и стушката јавност, е тоа што на дневен ред се нашло и прашањето за избор на кандидати за претседатели на општинските комитети. Иако долго време се шпекулираше со имињата, а името на потенцијалниот претседател се чуваше во најголема тајност, ТВМ дознава дека од потесниот избор од 4-цата кандидати за охридското ВМРО е Борче Стеф…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top