Дек 26, 2008

Преамбициозни планови или реално зацртани цели

Охридската Локална самоуправа деновиве ќе го обелодени предлог буџетот за 2009. Дел од јавноста смета дека повторно станува збор за преамбициозни  планови.Во понеделник советниците ќе расправаат по предлог буџетот за 2009 година чија висина е над 8 милиони евра. Најголемиот дел од средствата и годинава е предвидено да бидат потрошени за инфраструктура и туристичка промоција на градот.Дел од јавноста коментира дека и годинешниот предлог буџет содржи преамбициозни бројки. Ова со оглед на фактот дека во последните две години процентот на искористеност на буџетските средства се движи околу 70%….

Дек 26, 2008

Охрид конечно со современ градски пазар

На седницата закажана за во понеделник пред советниците ќе се најде и предлог ДУП за урбана заедница 1 урбан блок 1,3 опфат Пазар. Охрид конечно има можност да добие современ градски пазар. На седницата закажана за во понеделник пред советниците ќе се најде и предлог ДУП за урбана заедница 1 урбан блок 1,3 опфат Пазар. Овој ДУП ги опфаќа улиците македонски Просветители, Туристичка, Абас Емин, Кузман Јосифоски , Дел од плоштедот Чинар и Даме Груев. На овој простор предвидена е градба на повеќе содржини.Арнаудов вели дека конечно е добиено позитивно мислење од Министерството за транспорт и вр…

Дек 25, 2008

На улицата Јане Сандански од двете страни ќе никнат висококатници

Со измените на ДУП за дел од 6 тата урбана единица, урбан блок 6,2 е предвидено на улицата „Јане Сандански“ од двете страни да никнат висококатници. Зелено светло треба да дадат охридските советници.На улицата „Јане Сандански“ од двете страни ќе никнат висококатници. Ова е предвидено со измените на ДУП за дел од 6-тата урбана единица, урбан блок 6,2 која ги опфаќа улиците „Туристичка“, „Даме Груев“, „Јане Сандански“ и „Карпош Војвода“. Уставниот суд на РМ пред повеќе од две години ја укина постапката за донесување ДУП за оваа урбана единица бидејќи дел од граѓаните ја оспорија истата поради…

Дек 25, 2008

Хуманитарен концерт со Божиќни и новогодишни песни за слепите лица од Охрид

Крајот на  годината, вообичаено  е период на дарување, а истовремено се  буди и хуманоста кај луѓето. Во тој дух  утревечер Лајонс клубот – Охрид, со помош на охридската гимназија и сите добри луѓе, по втор пат ќе организираат хуманитарен  концерт. Кај организаторите постои надеж  дека овој музички настан ќе прерасне во традиционален.Ангел Јанев, од Лајонс Клуб Охрид вели„ во сплетот на хуманитарни активности се органзира и  оваа манифестација од културен и хуманитарен карактер наменета за охридската  публика со префинет  музички  вкус “. Младинскиот хор под водство на диригентската палка н…

Дек 25, 2008

Акција за чистење на охридското крајбрежје

Денеска на потегот од мостот кај Билјанини извори до прва Горица беше организирано чистење на плажите  од страна на унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ .Целта на ваквата акција и други слични на денешната организирани од страна на унијата на млади сили, е будење на еколошката свест кај младите луѓе.До крајот на годинава се предвидени уште неколку акции, како организирање на крводарителска акција, хуманитарен натпревар во мал фудбал и трибина со професори од Македонските универзитети.Покрај активностите кои се планира да се спроведат до крајов на годинава, за наредната година од страна на ун…

Дек 24, 2008

Причина за падот на цесната, човечки фактор

Човечки фактор е причина за падот на Цесната кај излетничкото место Скребатно. Ова стои во извештајот кој по изминати три месеци од несреќата, конечно е готов. Поточно, во извештајот како причина се наведува: непочитување на стандардите и пропишаните правила и прописи за управување со овој вид авион, односно како виновен се наоѓа пилотот. Се очекува деновиве, извештајот да се достави до истражниот судија, Весна Кичеец. Врз основ на извештајот и прибраните доказни материјали, судијата ќе треба да изготви записник, кој потоа ќе биде доставен до Јавното обвинителство кое ќе треба да одлучи дал…

Дек 24, 2008

Алекснадар Петрески кандидат од редовите на СДСМ за локалните избори

И официјално- општинската СДСМ на претстојните локални избори ќе настапи со актуелниот градоначалник Александар Петрески. Ова беше утврдено на вчерашната изборна конференција на партијата. Објавена е и листата на советници.Општинската организација на СДСМ ја објави листата на на кандидати за членови на совет.Носител на листата е Бранислав Трпчески, актуелен директор на МЈП ПРоаква, воедно и координатор на советничката група на СДСМ и на 5- та изборна единица.На вчера одржаната изборна конференција на партијата, листата на советници била усвоена со мнозинство гласови и само 4 воздржани. Меѓ…

Дек 24, 2008

Размена на простории со џентлменска спогодба

15 –тина вработени од секторот за локален економски развој и шестмина инспектори од општинскиот инспекторат ги прават завршните подготовки за дислоцирање  во нови простории.Локалната  самоуправа им ги отстапува просториите на инспекторите од УЈП, а за возврат  добива нова локација. Никола Манески, портпарол вели преселбата на овие две служби на трет кат во зградата каде што е сместена УНИ Банка, сеуште е резултат на недодефиниран договор. Станува збор за џентелеменска спогодба вели портпаролот Манески. Преписката на  релација локална и централна власт за ослободување на просториите, траела …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top