Дек 29, 2008

Денес се одржа 61- та седница на советот на општина Охрид

На денешната 61- ва по ред седница на советот на општината, од страна на советниците беше усвоен буџетот за 2009. Советниците позитивно се изјаснаа и за предлогот на градоначалникот Петрески, за 50% да се намалат давачките на граѓаните кон општината. Меѓу нив: стапката на данок на имот, како и стапката на данокот на наследство и подарок. На самиот почеток на седницата беа повлечени од дневен ред предлог- одлуките за донесување на Деталниот урбанистички план за 1 Урбана заедница и предлог- одлуката за утврдување на ДУП за 6 урбана заедница. Објаснувањето на градоначалникот беше дека не е при…

Дек 29, 2008

Одбележан јубилејот на здруженито Карабеј махале

Турската заедница во текот на изминатиот период остварила голем број активности. За соработка се отворени кон сите заедници.Турската етничка заедница го одбележа  10 годишното постоење  на здружението на  граѓани Карабеј махале. Беа презентирани  нивните активности, фолклор и специјалитети од  турската кујна. Преставниците на оваа етничка заедница се обидуваат да ја зачува својата култура и традиција.Последните години во реалзиација на  проектите и активностите имаат  подршка од турската агенција за развој и соработка. Во изминативе години ги истакнуваат одбележувањата на 60 години од турск…

Дек 29, 2008

И спортските риболовци се против конкурсот за концесија

Членовите на спортско риболовно друштво „Апостол Петар“ реагираат и бараат од премиерот Никола Груески , да го поништи  конкурсот за давање на езерото под концесија за стопански и рекреативен риболов. Рекреативниот риболов кој насекаде е дел од туристичката понуда ќе биде уништен. Рибите како клен ,мрена, грунец, плашица нема да  може да се ловат од брегот за време на туристичката сезона. Повеќе од 11 месеци нема да се лови од брегот. За крапот, Хидробиолошки предвидува издавање само 100 еднодневни дозволи. Тоа значи  само сто рибари да имаaт право на  лов по еден ден во текот на целата год…

Дек 29, 2008

Блокирана жиро-сметката на Ј.П. „Комуналец“

На Охрид му се заканува опасност гостите да ги дочека затрупан со отпад. Ваквиот чекор на Управата за јавни приходи се коментира како- уште една опструкција на Централната врз локалната власт. Поради неплатен долг од 5 милиони денари, Управата за јавни приходи во петокот ја блокирала жиро- сметката на ЈП Комуналец. Ако во најкраток рок надлежните не изнајдат решение, постои опасност поради немарноста на раководството на јавното претпријатие Охрид за претстојните празници да биде затрупан со отпад.Според градоначалникот Петрески,  блокирањето на жиро – сметката на Комуналец, ја оценува како …

Дек 29, 2008

Каде за најлудата ноќ?

Покрај високите цени и големите студови во Охрид се очекува да биде доста весело за новата година. Охриѓани ги извршуваат последните подготовки за дочек на новата година.Сопствениците  во охридската чаршија задоволни  заинтересираноста за резервациите. Денеска се очекува и последните слободни места да бидат резервирани.А во некои од кафулињасе почест е следниот коментар   „ 90 места по 1000 денари и се е полно што да ти кажам повеќе“. Хотелските капацитети се полнат со странски гости претежно од соседните држави. Цените само за дочек на новата година во зависност од категоријата на хотелот …

Дек 27, 2008

Oдржан хуманитарен концерт наменет за помош на слепите лица

Прекрасната празнична атмосфера  за посетителите ја приредија охридскиот хор, оркестарот на гимназијата и музичката група Сигма.Концертот беше со хуманитарен карактер, а  средствата кои се собраа се наменети за донирање на слепите лица од Охрид.Славчо Џајкоски, претседател на  Здружението на слепи лица вели „ вечерашните  средства ќе бидат правилно искоритени. Ова е само почеток на акцијата која ќе следува во 2009 година за подобрување на  животните услови на семејствата на слепи лица. Станува збор за околу 40 –тина семејства претежно социјални случаи на кои им е потребна помош“.Организатор…

Дек 27, 2008

Пензионерите од Охрид и Дебрца денеска седнаа на заедничка маса

Пензионерите од Охрид и Дебрца денеска  ја одржува  шестата редовна седница. На дневен ред беа измените и дополнувањата на Статутот, а  се расправаше и за сработените обврски на телата на здружението. Пензионерите дискутираа и околу Одлуката за предвремено финансирање во првиот квартал од идната година. На ова седница неминовно се проговори и за понатамошниот начин на собирање на средствата од солидарниот фонд. Охридското здружение конечно ја прифати одлуката овие средства да бидат прибирани преку фондот на ПИОМ, вели претседателот Ѓорѓи Трпчевски. Тој објаснува дека доколку не ја прифатеја…

Дек 27, 2008

Oпштинскиот предлог буџет за 2009 тежи околу 9 милиони евра

Охридските советници в понеделник ќе расправаат по предлог буџетот за 2009 година. Како што дознаваме тој тежи над 551 милион денари или околу 9 милиони евра. Комисијата за финасии и буџет од пристигнатите предлог нацрти од предлагачот единствено го отфрлил како нереален и не го прифатил предлог барањето на секторот за локален економски развој. Од побараните 52 милиони денари за развојни програми Комисијата им одобрила само 3 милиони денари. Останатите предлог нацрти биле во рамките на реалните проекци и  се одобрени. Најголемиот дел од средствата  годинава е предвидено да бидат потрошени з…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top