Првото бебе кое се роди во оваа година во општина Охрид е женско. Антонија е првото бебе кое се роди во новава година во општина Охрид . Старите велат „женско дете е знак оти годинава која штотуку започна ќе биде плодна и бериќетна“.. Бебето се родило утрово во 10 часот и 5 минути. Тоа е тешко 3 килограми и 880 грама. Од одделението за гинекологија и акушерство при Општата болница кажуваат дека пороѓајот поминал во најдобар ред. Мајката е направена царски рез и се чувствува добро, а состојбата на бебето е одлична, велиД-р Снежана Златеска, раководител на микропедијатрија.Инаку,Антонија е …
Еуфоријата по новогодишната ноќ полека се намалува. Градот е домаќин на околу 20.000 илјади гости.Без поголеми проблеми помина новогодишната ноќ во Охрид. Така во изминативе 24 часа на подрачјето на Охрид случено е едно нарушување на јавниот ред и мир. Околу 02 часот на булеварот „Македонски просветители “дошло до меѓусебна вербална расправија на три лица под дејство на алкохол која прераснала во тепачка.Во населбата „Св Стефан“ околу 2 и 30 се случил пожар во кој изгорел шанкот за пиалоци направен од дрво благодарение на брзата реакција на против пожарната екипа не дошло до ширење на пожар…
Локалната самоуправа има потреба од вработување на комунални редари. Тие ќе придонесат успешно да се спроведува Законот за јавна чистота и ќе биде на повисоко ниво комуналната хигиена во градот. Но, за да се вработат и ангажираат редарите потребна е претходна согласност. Портпаролот Никола Манески објаснува дека градоначлникот веќе покренал иницијатива пред Агенцијаат за државни службеници да даде согласност за исполнување на таа потреба кој е и законска обврска на општината. Локалната самоуправа има подршка од ЗЕЛС, а согласноста треба да ја аминува Агенцијата за државни служ…
Со изградбата на дом за стари лица во градов ќе се решат проблемите на многу семејства како од Охрид така и од регионов. Домот ќе биде лоциран кај месноста Даљан.Големи се шансите оваа година конечно во градов да се изгради дом за стари лица и пензионери. Оваа идеја години наназад никако да се реализира поради низата проблеми со кои се сретнаа нејзините иницијатори. Од Здружението на охридските пензионери првично предлагаа да не се гради нов дом туку да се преадаптира некој постоечки простор. Тие ја посочуваа старата зграда на некогашната детска болница, но по извесно време се покажа дека …
31 декември, последен ден од годината која е на одминување. Се резимираат успесите и впечатоците од претходните 364 дена. За охриѓани, на личен план едни 2008 ќе ја паметат како успешна, а други пак по сиромаштијата, во зависност кој каква среќа го следела.По се изгледа најзадоволни сепак се пензионерите од покачувањето на пензиите. Настаните пак во 2008 ќе ги паметат најмногу по политичките случувања и реформите. Сепак охриѓани се оптимисти во очекувањето на новото 2009 господово лето. Покрај стандардните желби, граѓаните посакуваат и поголема благосостојба на државата. Се надеваат …
Синоќа охриѓани, но и голeм број туристи кои за дочек на Новата година престојуваа во Охрид се најдоа во мошне непријатна ситуација. Со часови делови од градот останаа без напојување со струја. Портпаролот на ЕВН, Ленче Карпузоска за ТВМ изјави дека станува збор за испад на електрична енергија како резултат на досега незапаметена рекордна потрошувачка на електрична енергија. Карпузоска објасни дека тоа довело до откажување на 35 киловолтна станица која не можела да ја пренасочи целата електрична енергија, а која вчера достигнала над 50 проценти зголемена потрошувачка во однос на п…
На почетокот на 2008 година Охрид беше прогласен за најубаво украсен град во Македонија. Традиционално, на 19 јануари, се одбележа големиот верски празник Водици.Во месец февруари пак, најзабележителни настани беа обидот за кражба на филијалата на Комерцијална банка во Струга и штрајкувањето на судската администрација. Во март, започнаа меѓуетничките судири меѓу учениците македонци и албанци во средното струшко училиште Нико Нестор. Во Охрид пак, МЈП Проаква поради неплатен долг остана без струја.Она што го одбележа вториот квартал од 2008 беше рушењето на зградата на старата библиотека. Во…
За тоа говорат податоците според кои речиси сите видови на криминалитет во 2008 се намалени за повеќе од 10%Свр Охрид ги сумира резултатите од годинава што изминува. Во текот на 2008 година, во Охрид, регистрирани се вкупно 934 казнени дела. Зголемување за 10 % е регистрирано само кај класичниот криминалитет. Кај останатиот криминалитет, во 2008 година, во споредба со ланската, СВР Охрид бележи намалување: за 8 % во економскиот, за 33 % во организираниот и за 3 % во недозволената трговија со дрога и оружје.Вкупниот бој на регистрирани прекршоци во 2008 година изнесува 6 194, што во споредба…