Јан 8, 2009

Се прават сондажите од новогодишните празници

Хотелиерите задоволни како изминаа новогодишните празници. Тие велат дека капацитетите биле исполнети 100 %. Во градов имаше околу 20 000 гости и тоа претежно од Бугарија, Србија Албанија, а за католички Божик Охрид го посетија и грци. Цените само за дочекот на Новата година во зависност од категоријата на хотелот и  музичката програмата се движеа од 30 до 80 евра. Пансионите и полу пансионите чинеа од 120 до 180 евра. Хотелиерите велат дека заработувачката од празниците е повеќе од солидна. Во туристичкиот промет во градов влегоа над половина милион евра.И сопствениците на рестораните и ка…

Јан 8, 2009

Охрид е подготвен за вториот меѓународен саем за туризам

Од 17 до 20 јануари Охрид ќе биде домаќин на меѓународниот саем за туризам. Подготовките за неговото отпочнување се во завршна фаза вели Зоран Стрезоски,  директор на агенцијата за промоција и подршка на туризмот. Додава дека има најави за посета на голем број странски туроператори од Холандија,  Германија, Турција и од земјите од опкружувањето. Интересот е огромен и има недостаток од простор за сместување на асоцијациите кои сакаат да се презентираат на саемот кажува Стрезоски.Во рамките на Саемот за туризам се планира да се одржи Бизнис форум во организација на двата факултети за туризам,…

Јан 7, 2009

И во Охрид, се слави Божик

Денеска православните христијани го слават Божик, храмовите се полнат со верници, секој со различни желби и очекувања.Божик е Православен празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.На Божик, рано утрото почнува Богослужба во црквите. Причесната следува по службата кога искараните треба да се помират и да се поканат меѓу себе на гости.Денеска е неработен ден па повејќето продавници и државни институции се затворени.Македонскиот народ со многу внимани…

Јан 6, 2009

Немање лопати изговор на граѓаните зошто не го чистат снегот

Koмуналните инспектори и полицијата, задолжени за спроведување на Законот за јавна чистота и во делот за чистење на снегот, и покрај празниците беа активни. Во изминативе 3 – 4 дена беа излезени на терен. Комуналните инспектори делувале  превентивно, а полицијата делела казни. Стефан Димоски, портпарол на СВР- Охрид изјави дека се поденесени 10 барања за поведување на прекршочни пријави против правни лица. Тие за неисчистениот снег ќе платат глоба во висина од 500 до 1000 евра во денарска против вреднсот, а по 100 евра казна ќе заработат одговорните лица во фирмата. И додека локалната самоу…

Јан 6, 2009

Лескоец сеуште не e приклучен на канализационата мрежа

И понатаму се чека одобрение за прекоп од Републичкиот фонд за патишта. Лесковчани негодуваат, и во новава година сеуште не се приклучени на канализационата мрежа. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски уште пред речиси еден месец вети дека работите ќе ги преземе во свои раце , но сеуште ништо не е направено.Од Проаква кажуваат дека сеуште чекаат одобрение за прекоп од Републичкиот фонд за патишта. Имено главната канализациона цевка треба да помине под регионалниот пат Охрид-Битола, а за вршење вакви градежни работи зелено светло треба да даде државата. Градоначалникот на Охрид е…

Јан 5, 2009

Гимназијата Свети Климент Охридски со нова дограма

Ќе се реновира и фасадата на економското училиште.Учениците од гимназијата Св. Климент Охридски второто полугодие ќе го започнат во објект со целосно нова надворешна дограма. Ќе се менуваат сите 108 стари прозорци. Со тоа ќе се постигне поголема изолација и заштеда на енергија, велат од Локалната самоуправа.„Ова е заокружување на проектот за санација на гимназијата- објект кој има образовно, но и културно значење и датира од 1908 година“, објаснува Митре Велјаноски.Станува збор за инвестиција вредна три и пол милиони денари- издвоени од општинскиот буџет.Планирано е зафатите да завршат до …

Јан 5, 2009

Охрид и понатаму се бори со снегот по улиците

Градот Охрид во овие неколку дена е блокиран од снежните врнежи и градските и државните власти немаат соодветен одговор на барањата од граѓаните.Сообраќајот во градот се одвива во отежнати услови Од страна на Македонија пат известуваат дека планинските премини се чисти и проодни и нема забрани во сообраќајот. Во меѓуврме Булеварот Туристичка кој е во надлежност на Македонија пат останува неисчистен. Покрај Туристичка неисчистени се голем број на улици во самиот град. Од ваквата ситуација нај незадоволни се граѓаните.Јавното предпријатие комуналец во овиие празнични денови работи со блокиран…

Јан 5, 2009

Локалните власти со големи ветувања во однос на уличната инфраструктура

Дозавршување на колекторскиот систем, обновување на уличното осветлување, поплочување тротоари- се само дел од нив.Од Локалната самоуправа не ги штедат ветувањата за 2009. Велат- во новата година градот ќе го добие изгледот кој му доликува.За почеток, ќе се дозавршуваат веќе започнатите проекти: колекторскиот систем, канализациониот систем кај Велгошти, Пештани, Подмолје. На почетокот на новата година се најавува и промена на уличното осветлување. Ќе се менува на дел од улиците: Гоце Делчев, Абас Емин, крак од ул. Јане Сандански, Живко Чинго. „Планирано е поплочување на тротоарите на Момчи…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top