Денешната прес конференција на општинската Вмро Дпмне предизвика реакции од кабинетот на градоначалникот Александар Петрески. Од таму велат: „Кога е во прашање партиското саморекламирање за локалната опозиција ништо не е свето“.„Одржувањето на прес конференција од страна на Вмро Дпмне на овој голем христијански празник кој многу се почитува и чествува во Охрид е уште еден доказ дека на локалната опозиција, првенствено на општинската ВМРО ДПМНЕ, изгледа ништо не и е свето кога е во прашање партиското саморекламирање“, вели портпаролот на градоначалникот,Никола Маневски. Тој сугерира барем н…
Охридската Вмро Дпмне со критики кон градоначалникот Петрески. Тие велат дека претставниците на градоначалникот за овие четири години лиферувале пропаганда за неговото наводно успешно менаџирање, бојадисано во розово во ликот и делото на градоначалникот, истоврмено фрлајќи дрва и камења по централната власт. Вмровците реагираат на негативните коментари од страна на градоначалникот во врска со неодамнешната ненајавена посета на државната просветна инпекција „Замислете инспекцијата да најавува кога ќе доаѓа и што ќе контролира“, рече раководителот на Центарот, Спасе Панџак.Не изостанаа коме…
Со свечено затворање во Хотел Инекс Горица денеска заврши вториот по ред Саем за туризам во Охрид.Поканетите туристички оператори разговараа за туристичките капацитети на државата, разгледување и промоција на Македонија, како и за согледување на ефектите од глобалната економска криза и ефектите врз туризмот во Македонија. Со странските туристички оператори склучени се повеќе меморандуми за понатамошна соработка во однос на понатамошна промоција на Македонија во областа на туризмот. Најголема соработка се очекува да се оствари со Италија, посебно во периодот околу Водици. На бината на плошт…
Топенчаров беше најсреќниот од над 1.000- те капачи кои запливаа во студените езерски води. Не ја открива тајната- како да се биде најумешен и да се извлече крстот од езерото.Над 20.000 верници и гости од соседните земји присуствуваа на чинот на фрлањето на светиот крст во водите на охридското езеро.Манифестацијата започна во 9 часот со културно- уметничка програма и топла ракија која бесплатно се делеше на повеќе пунктови. Настапи познатиот македонски гитарист Влатко Стефаноски. Присутните ги поздрави градоначалникот Александар Петрески, а се обрати и македонскиот претставник во Операција…
Со традиционално капење, со полнење од осветената вода и палење свеќи со топла ракија и пача, охриѓани традиционално го одбележаа големиот христијански празник Богојавление-Водици. Православните верници денеска го прославуваат големиот христијански празник Богојавление-Водици. Празникот е поврзан со крштевањето на Исус Христос од Свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа. Охриѓани овој празник масовно го празнуваат, а го празнувале и во времето кога тоа беше забрането. Петар Коцо вели дека езерските води се осветувале и пред п…
Новите кумови: Олег Маленко, Борис Маркулески и Христијан Шапкар најавија достоинствено и годинава- најмасовно одбележување на големиот верски празник. Во црквата Свети Никола- Ѓеракомиија денес се изврши примопредавање на кумството за Богојавление- Водици. Новите кумови Борис Маркулески, Олег Маленко и Христијан Шапкар се заблагодарија за укажаната чест. По повод одбележувањето на големиот весрки празник, во понеделник, најавија вистински спектакл.Како што истакна Борис Маркулески, еден од кумовите на манифестацијата, направено е се за манифестацијата да биде што помасовна. Годинава покажа…
По случајот со самохраната мајка во Охрид, градоначалникот Петрески ги бара владините ингеренции за да може да им помага на ваквите случаи. Наместо владата да прави колиби од праисторијата, треба сериозно да размислува да им помага на ваквите семејства, истакна тој.Локалната самоуправа од Охрид сериозно почна да размислува за добивање на ингеренции преку кои би се решиле проблемите од социјален карактер. Ова прашање стана поактуелно откако ТВм ја објави сторијата за самохраната мајка Атеме и нејзините три деца кои останаа на улица. Градоначалникот Петрески е убеден дека ова не е прв вако…
Охрид е подготвен за стартување на вториот меѓународен саем за туризам. Саемот ќе го посетат голем број странски туроператори од Холандија, Германија, Турција и од земјите од опкружувањето.Се е подготвено за започнувањето на Меѓународниот саем за туризам. Во салата „Билјанини извори“ денес се поставија 34 штандови на кои во наредните три дена ќе се презентираат фирми, агенции, занаетчии, хотели, ресторани од земјава и странство.Саемот ќе го посетат голем број странски туроператори од Холандија, Германија, Турција и од земјите од опкружувањето. Во рамките на Саемот за туризам се планира д…