Со музичка забава и одбојкарски турнир ќе се промовираат хуманите цели на општинскиот црвен крст, а во чест на прерано згаснатиот живот на големиот хуманист и музичар Тоше Проески. Анета Јованоска координатор на општинскиот Црвен крст, додава дека нашата музичка легенда во завет ни го остави неговото хуманитарно дело. Лани, неговиот роденден младите охриѓани го чествуваа во Арена, а истото ќе се повтори и годинава. Младите сепак годинава на поинаков начин избраа да ја изразат својата хуманост, а нивен избор е одбојката која беше омилениот спрот на Тоше. Двата настани, музичкиот и…
Дното на Охридското езеро тродимензионално ќе се снима. Со најсофистицирана апаратура ќе се вршат разни истражувања од кои ќе се открие како тоа настанало и кога. Вакви истаржувања ќе се прават и на Преспанското езеро. Претставниците од проектот за заштита на езерото од Албанија заедно со експерти од Грција, со најсофистицирана апаратура ќе вршат истражувања на дното на езерото и негово тродимензионално снимање. Вакви истаржувања ќе се прават и на Преспанското езеро. Тоа ќе помогне во добивањето точни податоци кога и како настанале езерата, кои се нивните специфичности и што треба да се нап…
Ретко, сред бел ден некој дом е без клуч на врата. Тоа е резултат на информациите дека кражбите по домовите се се почести. Се соочуваме со фактот дека живееме во време кое ги носи со себе покрај позитивните и негативни карактеристики на модерното живеење. Сепак смирува фактот што и покрај негативните случувања околу нас, охриѓани се чуствуваат безбедно во сопствениот дом.Според агенцијата за осигурување КЈУ БИ Македонија, најголем интерес граѓаните покажуваат за осигурителните полиси на домаќинствата и автомобилите.Од агенциите за осигурување нудат услуги со кои би се ублажиле штетит…
Хасап стандардите ќе стават клуч на вратите на голем број угосителски објекти.Со имплементацијата на Хасап стандардите, без леб ќе останат голем број вработени, велат угостителите. Околу 25.000 објекти не можат да го воведат, не се докрај запознаети или имаат судир со Хасап стандардите, потенцира Љупчо Патчев, познат охридски угостител. „Ние угостителите не сме против Хасап стандардите, хигиената при приготвувањето на храна треба да е на прво место“ вели Патчев. Угостителите бараат почести инспекциски контроли за хигиенско-техничките услови на објектите. Во моментов кај угостителите има …
Киното во Охрид нема да згасне, велат од Центарот за култура „Григор Прличев“ . Започна новата филмска сезона а за да се стимулираат гледачите на секоја втора купена карта третата е гратис.Центарот за култура „Григор Прличев“ грчевито се бори да не згасне киното. Директорката на центарот, Драгана Боцевска вели дека Охрид е еден од ретките градови во Македонија каде сеуште има кино. Таа додава дека непријател број еден во оваа битка им е се пораширените пиратерија. Со најновото продолжение од серијалот за Индијана Џонс, Кралството на кристалниот череп од вчера започна зимската филмска сезона…
Одблокирана е жиро сметката на Ј.П. „Комуналец“ која пред новогодишните празници беше блокирана. Од претпријатието изјавуваат дека од денес сметката е одблокирана и претпријатието продолжува со работата. {loadposition content9}
Екипите на Хидробиолошки завод, по петти пат, го започнаа ловот на пастрмката за вештачки мрест. Единките беа уловени на три пунктови: кај Пештани, Трпејца и Охрид. Споредено со изминатите неколку години, денешниот улов е слаб, велат од Хидробиолошки завод. мал е бројот на единки кои би се искористиле за давање на подмладок. основната причина за ова ја гледаат во фактот што од албанската страна на езерото и понатаму неконтролирано се лови пастрмката помлада од 2- 3 години. „Денес уловот е релативно слаб. Очекувавме да биде подобар. Ги нема единките кои би можеле да се искористат за репрод…
Во европските држави произвотството на алкохолни пијалаци во домашни услови е регулирано т.е. лиценцирано. Од нашите институции нема конкретен одговор кога станува збор за производството на алкохол на традиционален начин.Со законот за продажба на алкохол се регулира локацијата, времето и начинот на кој во иднина ќе се продава алкохолот во Македонија, но не и производството на алкохолни пијалоци во домашни услови. Санитарната инспекција ги контролира само производите на лиценцираните компании.Санитарната и пазарната инспекција немаат надлежност кога станува збор за приватни лица кои се зани…