Зимското сметање на времето почна денеска во 3:00 часот со поместување на времето за еден час наназад, сметајќи се како 2:00 часот, информираат од Бирото за метрологија.
Летното сметање на времето во 2021 година се завршува на 31 октомври во 3:00 часот, така што со поместување за еден час наназад времето во 3:00 часот се смета како 2:00 часот.
Часот кој на 31 октомври 2021 годинa, поради поместувањето за еден час наназад се појавува два пати помеѓу 2:00 и 3:00 часот се означува првиот пат како час 2А, а вториот пат како час 2Б – се вели во соопштението од Бирото за метрологија.
Одл…
Познати се протоколите според кои од понеделник хотелите треба да започнат со работа. За обезбедување што поголем степен на заштита на гостите забрзано се подготвуваме за да ги примениме новите процедури во работата до 22 јуни. Се надеваме на позитивен ефект во работењето, вели Јован Китрозоски од хотел Силекс.
„Некој период никој од угостителските објекти не работиме и немаме никакви приходи. Овие мерки ќе допринесат за зголемување на трошоците, што се вели, уште не почнати со работа. Но ние ќе се потрудиме се да се примени заради здравјето на гостите. Се надевам дека успешно ќе се справу…
Во последните 24 часа се направени 1391 тестирање, а регистрирани се 193 нови случаи на ковид-19 во:-Скопје 140-Куманово 2-Дебар 1-Штип 6-Тетово 19-Струга 5-Велес 2-Охрид 11-Гостивар 4-Свети Николе 1-Ресен 2На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје на возраст од 78 и 47 години хоспитализирани на 4 односно 7 јуни и пациентка на 85 години, хоспитализирана на 9 јуни.Во ГОБ „8 септември“ починаа четири лица, двајца пациенти од Скопје на возраст од 69 и 67 години, хоспитализирани на 9 односно 15 јуни, пациентка од Куманово на 67 години, примена на 2 јуни и…
Резултатите од првото клиничко испитување кое покажува дека евтиниот и широко распространет стероид Дексаметазон може да помогне да се спасат тешко болните пациенти од коронавирусот е прва терапија за која се покажа дека ја намалува смртноста кај пациенти со ковид-19, кои се наоѓаат на кислород или вештачка вентилација, изјави доцна синоќа Тедрос Аданом Геберејсус генералниот директор на СЗО“. Кај нас не се бележи зголемена побарувачка на овој медикамент велат фармацевтите.
„Сега за сега нема зголемена побарувачк,а нема некоја промена во продажбата, а сега каков ефект че има интернетот и к…
На последната седница на владата на РС Македонија е донесен и Протоколот за работа на угостителски објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување), и тој започнува да важи од понеделник, 22 јуни, оваа година.
Протоколот ги уредува процедурите за хотелско-сместувачкиот дел на објектите, потоа препораките и мерките за прием и сместување на гостите, ресторанските процедури, употребата на тоалетите, како и препораките за гостите и за постапување при појава на случај со симптоми на КОВИД-19.
Започнаа градежни активности за асфалтирање на краци од улицата „8-ми Март“.
Овие активности се дел од втората фаза за асфалтирање на пристапни патишта и тесни улички во рамки на Програмата за уредување на градежно земјиште за 2020 година.
Во текот на наредниот период ќе се асфалтираат тесни улици и на уште неколку локации на територијата на општина Охрид.
Децата од прво до девето одделение добиваат можност да учествуваат на награден конкурс на еко тема. Во услови на пандемија со Корона вирусот, лиценцираната компанија Нула Отпад за собирање електричен отпад, он лајн ја продолжува започната едукативна мисија за подигање на еколошката свест кај најмалите, а која во претходниот период наиде на одличен прием, информира Билјана Костадинова од Нула Отпад.
„Дигиталната едукативна кампања е наменета да им овозможиме ангажман на децата кога се послободни заедно со родителите да го искористат времето на креативен начин и интересен начин. Да ги предиз…
По допрен глас ОЈО Охрид оформил предмет против непознат сторител за случајот со семејна прослава во Охрид од кој произлезе кластер на заболени со ковид 19. Од јавното обвинителство информираат дека работат на истрага за овој случај и на собирање на потребни докази.
Основното јавно обвинителство Охрид од 19 март до 12 јуни, во време на пандемија на корона вирусот, има оформено 52 кривични предмети против познати полнолетни сторители за кривично дело, информира Зоран Митрески, основен јавен обвинител при Општинското Јавно обвинителство Охрид. Сторителите на казненото дело непостапиле споре…