Фев 6, 2022

Уште една еко-акција на охридските активисти

Десет активисти и граѓани денеска собраа 15-тина вреќи ѓубре од плажата кај поранешната детска болница во Охрид. „Чист Охрид“ заедно со „Енхелеус Лихнид“ и „Еко Туризам“ исчистија уште една мини депонија создадена од несовесни граѓани.  Повторно упатуваме апел да се собира ѓубрето што го создаваме сите ние и да го одложуваме таму каде што му е место. Тоа е првиот чекор кон унапредување на животната средина за која сите ние треба да се грижиме! Благодарност до сите што учествуваа, се гледаме на друга акција, за почист и поубав Охрид – велат од „Чист Охрид“.  

Дек 17, 2021

Покрената иницијатива за поправка на тротоарите на дел од 7-ми ноември

Од двете страни на дел од улицата 7-ми ноември има неупотребливи тротоари. Раскопани тротоари и велосипедска патека ја загрозуваат сообраќајната безбедност на жителите кои живеат и работат во овој дел од Охрид. На потегот од фабриката Братство до меѓуградската автобуска станица не е можно да се вози велосипед, а е отежнато и движењето на пешаците од ископаниот асфалт. Граѓаните бараат поправка на тротоарите и патеката за велосипеди.    Бобан Трпески, од Неформалната организација „Чист Охрид“, споделува дека состојбата на овој потег од улицата е алармантна. Алармот се вклучи, откако, денов…

Фев 6, 2022

Тепачка пред казино на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид

На 5-ти февруари 2022 година во 22:05  часот, пред казино лоцирано на улицата „Св. Климент Охридски” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од С.Д. (23) и А.Ј. (18) врз Д.М. (19), сите од Охрид. Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Дек 17, 2021

Градоначалникот Кирил Пецаков и амбасадорот Дејвид Гир во посета на поранешна касарна

Евроамбасадорот Дејвид Гир во рамки на посетата на Југозападниот регион денеска оствари средба со Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и ја посети поранешната касарна каде е предвидено да се реализира проектот „OHRID GO“ поддржан од ЕУ. Општината преку овој проект сака да ја трансформира оваа област од над 20 хектари и 6 згради во рекреативен и деловен центар кој ќе ги привлече охриѓани, туристите и инвеститори, како рекреативна зелена зона и центар за иновативни бизниси. Градоначалникот Пецаков и претставници од ТЛЕР на Амбасадорот Гир му ги презентираа визиите за изгледот на старт ап ц…

Фев 6, 2022

Казнети 7 возачи во Охрид кои управувале возило под дејство на алкохол

На 05/06.02.2022 година, од 20 до 02 часот, на подрачјето на СВР Охрид, при извршени акциски сообраќајни контроли, полициските службеници контролирале 211 патнички моторни возила (Охрид-80, Струга-74, Кичево-25, Дебар-32) и затекнале 12 возачи кои, управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-07, Струга-02, Кичево-02, Дебар-01). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози. Апелираме до сите учесници во сообраќајот на доследно почитување на поставената сообраќајна сигнализација, неуправување возило под де…

Дек 17, 2021

ТРАНСПАРЕНТНА РАСПРЕДЕЛБА НА БУЏЕТСКИТЕ СРЕДСТВА ДО ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР

Правилна распределба на буџетските средства, особено од општинскиот  буџет, со цел да се овозможи покорисно и потранспарентно префрлање на средства до граѓанските организации беше тема на разговор на работната средба на која присуствуваа градоначалникот Кирил Пецаков, Билјана Георгиеска од УНДП и претставници од надлежните служби на Општина Охрид. Заеднички беше заклучено дека проектот “Регионална програма за локална демократија на Западниот Балкан“ (ReLOaD2) на УНДП кој почнува да го применува Општина Охрид е повеќе од неопходен затоа што соодветната распределба на јавните финансии ги пот…

Фев 6, 2022

Расчистена дивата депонија во Трпејца

На 18.01.2022 во 13:00 часот е добиена пријава од невладината ,,ОХРИД СОС” во Општинскиот инспекторат за огромен градежен шут исфрлен на самиот брег на Охридското Езеро во с. Трпејца (на дол). Веднаш на 20.01.2022 (19.01.2022 – неработен ден) екипите на Општинскиот инспекторат се упатени кон с. Трпејца (на дол) и направен е записник дека лицето кое ги има (т.е. има наредено) да се фрлат вреќите со градежен шут во огромна количина ќе ги крене и однесе во ,,Мауцкер” во рок од 7 дена. На 31.01.2022 екипите на Охридскиот инспекторат излезени се во контрола и направен е записник дека не е …

Дек 17, 2021

ЈП „Градски пазар“ издава под закуп тезги за продажба на земјоделски и млечни производи

ЈП „Градски пазар“ Охрид издава под закуп продажно место-тезга за продажба на земјоделски производи, продажно место-тезга за продажба на јајца, продажно место-тезга за продажба на млеко и млечни производи и плац пред дуќан во Новиот Затворен пазар. Сите лица кои се заинтересирани и сакаат да изнајмат продажно место под закуп треба да достават потребни документи: Физичките лица треба да достава потврда од Министерство за земјоделство за регистрирани земјоделци или потврда од УЈП за регистрирани занаетчии и исто така Барањата кои ќе ги доставуваат да бидат заверени со личен потпис, со п…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top