Една од целите во стратегијата е да се намали притисокот врз шумските екосистеми а приоритет е НП да постане препознатлив не само во државава, туки и пошироко, вели директорот на паркот Зоран Ангеловски.Националниот парк Галичица во соработка со ФТУ и меѓународниот консултант Никол Хајслер изработи стратегија за одржлив економски развој. Оваа стратегија нуди развојот на инфраструктурата на паркот и пристапот на посетителите до него.„Имајќи ја предвид местоположбата на НП и природно историското наследство, паркот нуди извонредна можност за развој на одржливиот туризам, вели директорот на НП…
Додека Македонија ја тресе епидемија од заушки, во подрачната единица на Заводот за здравствена заштита на почетокот од годинава,евидентирани се само две заболени лица. Д-р Јованка С.Коровешоска вели дека станува збор за ученици кои биле во контакт со заболени деца од Источна Македонија. При проверка на картоните за вакцинации утврдено е дека лицата биле редовно вакционирани, но дека станува збор за намален имунитет.Во 2008 година биле евидентирани само 9 случаи, а епидемиолозите потенцираат дека тоа се должи на комбинираната вакцина која ја примиле децата. Сите деца родени во перио…
Според претседателот на оваа партија, Јован Манасиески, павлоски е докажан менаџер кој најдобро го познава пулсот на градот. Првиот човек на ЈП Комуналец, Боро Павлоски е кандидатот за градоначалник со кој на претстојните локални избори самостојно ќе настапи Либерално- демократската партија.Како што истакна Павлоски, кандидатурата за него претставува чест и голема обврска, со оглед на фактот што на овие локални избори за прв пат Либерално- демократската партија настапува самостојно.„Ќе се обидеме да му понудиме на гласачите да не одбираат само помеѓу црното и белото. ќе водиме позитивна кам…
Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти „Билјанини извори“ да не се инволвира во политички игри, апелира првиот човек на оваа фирма. Позитивните резултати од работењето на ова претпријатие на некого му бодат очи. „Состојбата е оценета како катастрофална од страна на првиот човек на Ј.П за стопанисување со спортски објекти, Михајло Бајо, а господинот не е дојден ниту еднаш да не посети“, вели Иван Цветкоски, ВД директорот на „Билјанини извори“.Цветкоски додава дека ако се реализираат најавите од страна на владата, спортските објекти повторно да се вратат под државна капа, а…
На претстојниве избори Лдп која го промовираше овој претседателски кандидат, очекува подршката за Ружин освен центарот да ја даде и поголемиот дел од левицата.5000 потписи веќе се собрани за претседателскиот кандидат Нано Ружин. Челните луѓе на Лдп, партијата која го кандидраше очекуваат во текот на наредната недела да ги дособерат сите потребни потписи. Нано Ружин, според нив е вистинскиот кандидат за претседател, човек кој ќе ги обедини сите граѓани без оглед на партиската припадност. Како најголем негов адут го потенцираат богатото диплпматско искуство и прогласувањето во Брисел за амба…
По реализацијата на инвестицијата во вредност од преку 4 милиони денари со која се замени комплетната надворешна дограма на охридската Гимназија, деновиве заврши уредувањето на училишниот двор на ОУ „Христо Узунов“ во населбата Горна Влашка Маала.„Со уредувањето на училишниот двор, подобрена е целосната слика за училиштето. Во иднина ќе се намалат инцидентите, во кои учениците се здобиваа со повреди“-коментар на директорката Оливера Пирузеска Јанева. Комплетното уредување на дворот и патеките значеше и комплетно поплочување со бехатон-плочки во површина од 1.500 метри квадратни. За нови…
И понатаму останува неизвесно името на кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО- ДПМНЕ. Од партијата најавуваат дека тоа ќе биде објавено во наредните неколку дена. На ниво на општина Охрид до денес отворени се 3 листи за кандидати за советници и една листа за независен кандидат за градоначалник. Од ВМРО- ДПМНЕ се уште не се открива името на кандидатот за градоначалник. Како што ТВМ дознава, денес во Скопје во Централниот комитет на партијата се вршеле последните консултации, на кои присуствувал и Претседателот на општинскиот комитет, Борис Стефаноски. Се очекува името на кандидатот з…
Долгогодишното занемарување на проблемот со реката Сушица деновиве доведе до опасност граѓаните кои живеат на улицата „Железничка“ да останат без сопствените домови . Поради излевање на водата поплавени се неколку дворови а околните бавчи се под вода. Опасноста е уште по голема, ако се земе во предвид фактот дека овој реон се наоѓа помеѓу коритата на две реки. Доколку дојде до излевање и на другата река, ситуацијата ќе биде уште по страшна. Една од причините за ваквата ситуација според граѓаните е стеснувањето на коритото на реката сушица. Жителите од овој реон повеќепати ги информирале на…