Јан 31, 2009

Голема прашина, пред да се руши

Сопствениците на руинираната куќа во старата чаршија беа неколку пати известувани дека мора да го рушат објектот, велат од локалната самоуправа.Ова наспроти вчера дадената изјава за ТВМ од страна на сопственикот- Исламската верска заедница, дека немаат добиено известување дека мора да ја рушат куќата. Локалната самоуправа во неколку наврати ја опоменувала Исламската верска заедница, сопственик на руинираната куќа на улица Гоце Делчев, да го руши објектот. Причина е неговата дотраеност поради што куќата може секој момент да се сруши и при тоа да ја загрози безбедноста на минувачите. Ваквата …

Јан 31, 2009

Продолжуваат препукувањата на релација Централна – локална власт

Од Локалната самоуправа ги демантираат обвинувањата на Агенцијата за регионални и магистрални патишта дека не го испратиле бараниот доказ со кој го подкрепуваат барањето за прекоп на регионалниот пат охрид- Битола за приклучување на канализационата мрежа во селото Лескоец. Апсурдно е ваквото барање на агенцијата чиј претставник уште пред новогодишните празници учествуваше во извршениот увид на лице место, велат од Локалната самоуправа.„На 11 декември 2008, екипа составена од претставници на Агенцијата за магистрални регионални патишта, од ЈП Македонија пат и Локалната самоуправа, изврши уви…

Јан 31, 2009

Градоначалникот Петрески ќе го менува првиот човек на Ј.П. Кoмуналец?

Ова се информациите кои деновиве кружат во јавноста. Петрески и Павлоски ниту ги потврдуваат, ниту отфрлаат.Започнаа предизборните игри и интриги.  За почеток во нив се спомнуваат две од официјално објавените имиња на кандидати за градоначалник на претстојните локални избори.Имено, најновите информации кои кружат во јавноста говорат дека градоначалникот Петрески одлучил да го смени првиот човек на ЈП Комуналец, Боро Павлоски. Како што ТВМ дознава, оваа функција деновиве веќе им била понудена да ја вршат на неколку вработени во ова јавно претпријатие, но ниту еден од нив не прифатил. Градона…

Јан 31, 2009

Визната либерализација, бариера за подобро образование

Размената на студенти и учењето во други држави во моментов е блокирано поради визната либерализација. Од страна на Охридскиот факулте за туризам, се прават обиди за сврзување со факултети од соседните држави.Според мислењето на повејќе студенти од охридскиот факултет, проблемот со визите треба да се реши во државните институции, потоа да се бара правдата во меѓународните. Од факултетот за туризам во Охрид, учествувале во процесот на собирање на потписи. Но од страна на универзитетот св „Kирил и Методи“ во Скопје и покрај собраните потписи и барањето да бидат вклучени во делегацијата за Бри…

Јан 31, 2009

Конечно кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ

Кирил Трендафлиов Нанче и официјално кандидат за градоначалник на најголемата владеачка партија во Охрид. Ова за ТВМ го потврди пратеникот Александар Николовски кој воедно е и член на извршниот одбор на партијата.На одлука донесена на седницата на Извршниот комитет на партијата, синоќа во Скопје, и прифатена од сите најголеми партиски органи, заврши неколку месечната потрага на ВМРО-ДПНЕ за вистинскиот кандидат за градоначалник за нашиов град. Инаку и на овие локални избори копјата ке ги вкрстат истите „играчи“ од пред четири години кои влегоа во вториот круг. Останува да видиме дали играта…

Јан 30, 2009

Руинирана куќа во старата чаршија опасна по живот

Куќа на улицата Гоце Делчев, сопственост на верската исламска зедница,  секој момент може да се сруши. Објектот од ден на ден станува се поопасен, а на тоа укажуваат и околните дуќанџии.Од куќата  во фаза на распаѓање стравуваат и минувачите по старата охридска чаршија која е мошне фрекфентна.Одговор кога објектот ќе биде срушен и нема да биде закана по безбедноста на граѓаните побаравме од локалната самоупрва. Портпаролот, Никола Манески за посочениот објект во старата чаршија  изјави дека општинскиот инспекторат добил  уверување од ИВЗ дека куќата сами  ќе ја срушат најдоцна до 10  февруа…

Јан 30, 2009

Откриени иницијалите на грабнувачите

СВР Охрид ги откри иницијалите на грабнувачите на градоначалникот. Тие се приведени, а истражен судија им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.Н.С роден 1974 год. и Х.И роден 1976 год. се сторителите на кривичното дело киднапирање на градоначалникот Александар Петрески и неговиот личен возач. СВР Охрид денес информира дека лицата уште вчера биле приведени и изведени пред истражен судија, кој им одредил мерка притвор во траење од 30 дена. Потсетуваме дека киднапирањето на градоначалникот Петрески и неголиот личен шофер, кое се случило на 21 ви декември 2008 год. во СВР Охрид, био пријав…

Јан 30, 2009

Лескоец и понатака лежи на септички јами

Даденото ветување на министерот Јанакиески за забрзување на процесот за приклучување на с.Лескоец на канализационта мрежа не е исполнето, обвинуваат од Локалната самоуправа во Охрид. Околу 4000 жители на с.Лескоец и понатака лежат на септички јами и чекаат  приклучок за канализационата мрежа. Од еколошкото друштво „Јагода“ предупредуваат на опасностите од септичките јами.Градежните зафати, кои ги започна охридската Локална самоуправа, беа запрени. Потребна беше дозвола за прекоп на магистралниот пат Охрид-Битола, која ја издава Агенцијата за регионални и магистрални патишта.За решавање на п…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top