Фев 9, 2009

За зетот и невестата…

Во продолжение го пренесуваме писмото доставено до редакцијата на ТелевизијА ТВМ од нашата сограѓанка Катерина Белеска, со наслов „Охрид град на старци или луѓе без иницијатива“ „Почитуван Градоначалник, Ве молам излезете на миг од своите“одаи” и прошетајте по општинската зграда, конкретно Ве молам присуствувајте без најава на едно стапување во граѓански брак.Што ке видите?Ќе видите една точно десетминутна монотона ,летаргична сесија,која модерно се нарекува “регистрација” без капка свечаност,оптимизам и емпатија од страна на матичарот и советникот,нажалост како да влегуваш во мрак,а не во …

Фев 7, 2009

Земјите членки на Европската унија ќе читаат за убавините на Охрид

Во специјалната едиција на весникот ДНЕВНИК од Љубљана, неколку страници се посветени на нашиот град. „Сметаме дека ваквото претставување ќе приднесе за популаризација на Охрид како туристичка дестинација“, -велат од Локалната самоуправа.Со овој артикал и земјите членки на Европската унија ќе читаат за убавините на Охрид. Во последното издание на весникот, на неколку страници има статија за Охрид и Македонија. Едицијата е посветена на земјите од Југоисточна Европа, а е испечатена во тираж од 105.000 примероци, од кои 75.000 на словенечки јазик, а 30.000 на германски и англиски.Статијата за …

Фев 7, 2009

Брачното советувалиште – обавезно

Пред венчавка, во брачно советувалиште. Покрај државата, и црквата почувствува дека младите, пред да ги круниса пред Бога, треба да ги запознае со она што го носи брачниот живот. Во склоп на црквата, отворена канцеларија брачно советувалиште. Оваа канцеларија – брачно советувалиште, од неодамна започна со работа во црквата Св. Ѓоргија. Идејата на црквата е социјалните работници да ги советуваат и подготват идните брачни парови за она што ги очекува во новонастанатата животна средина.Свештените лица почувствувале потреба од ваква канцеларија, вели Лазареска. Младите се повеќе сакаат да слушн…

Фев 7, 2009

Епидемиолозите потсетуваат „нечисти раце – извор на зараза“

    Стручните лица го потенцираат фактот дека, во спречување на заразните болести многу важна компонента има  навиката за одржување хигиена на рацете.Д-р Јованка Стурлакова  Коровешоска вели дека рацете, а особено прстите, се најчесто изложени на загадување. Во нечистотијата на рацете се наоѓаат и причините на многу заразни болести. Епидемиолозите укажуваат дека редовното миење на рацете со течен сапун и доволно количество на вода е првата и основна превенција од заразните болести.  Во моментов, Македонија ја тресе епидемија на заушки, а на удар се тинејџерите. Загрижува и неодамна објавени…

Фев 7, 2009

Произведувачите на најлонски кеси- незадоволни од преговорите со владата

Производителите на пластични кеси се незадоволни од тоа како помина средбата со претставниците на министерството за животна средина. На вчера одржаната средба, освен производителите учествувале и претставници од надлежниот инспекторат, трговците и организацијата на потрошувачи. Владата повторно останала глува на нивното барање- да не се укинува употребата на  пластични кеси. Ги теши тоа што сепак нема да дојде до најавената  целосна забрана за нивна употреба.„Не сме задоволни. Има согласност од министерството да не се оди на поригорозни мерки, туку да се остане на сегашните. Одлуката зависи…

Фев 6, 2009

Се одржа средба помеѓу министрите за животна средина на РМ и РА

Македонија ќе ги подржи заложбите на република Албанија за ставање на албанскиот дел од Охридското езеро под заштита на УНЕСКО. Република Албанија ќе бара од УНЕСКО да го стави под своја заштита и албанскиот дел од Охридското езеро. „ Со тоа, смета албанскиот министер за животна средина“ , Љуфтер Џувели, „ ќе се обезбеди повисоко ниво на заштита и управување со ова природно богатство“ .„За ваквата иницијатива, албанското министерство за животна средина има целосна подршка од РМ“, рече Министерот за животна средина на РМ, д- р неџати Јакупи- министер за животна средина на РМ.Ова беше една од…

Фев 6, 2009

Економската криза чука и на вратите од македонските фирми

ТЦГ „Леарница“ е пример во нашата општина, која затекната од тешката економска криза, вложува напор да се задржат на работните места сите 270 вработени.  Менаџерскиот  тим го направи првиот чекор за да нема драстични отпуштања од работа и го скрати работното време од 8 на 6 часа, со што, барем засега, нивните вработени нема да се најдат на списокот на невработени лица во Центарот за вработување.Во моментов производствениот процес тече во четири смени.  Од Центарот за вработување нагласуваат дека во нивната евиденција има 11.200 лица кои се во потрага по вработување. Ванчо  Баткоски, раковод…

Фев 6, 2009

Минчо Јорданов го доби клучот на градот

Во рамките на манифестацијата „Прличеви Беседи“, во спомен куќата на Прличев се одржа промоција на мултимедијалниот проект на „МС Прософт“- Охрид. На пригодната свеченост, на Минчо Јорданов му беше врачена наградата ПОЧЕСЕН ГРАЃАНИН НА ОХРИД. Овој гест на Локалната, доаѓа како резултат на заложбите на Јорданов околу  комплетната изградба на спомен куќата на Григор Прличев, која во 1994 год со сопствени средства ја подигна и ја подари на Охрид. Наградата беше доделена од страна на градоначалникот Александар Петрески.Во рамките на дводневното чествување, на денешната Панихида во спомен куќата…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top