Фев 11, 2009

Жена чевлар

Реткост е да се види чевлар во градот, а уште по ретка е сликата на тоа работно место да се види некој од понежниот пол.Кристина Џекова има дваесет години, доаѓа од Прилеп и студира прва година на оделот за БЕЗБЕДНОСТ И ФИНАНСИСКА КОНТРОЛА на Охридскиот факултет за туризам. Она што е  интересно кај неа е нејзинато хоби, поправка на обувки. Ја прашавме од каде идеата да се занимава точно со тоа.Занаетот чевлар во семејството Џекови има долгогодишни корени. Се започнува од дедото на Кристина кој се занимавал педест години со занаетот па се префрла на нејзината мајка, а сега и Кристина се зани…

Фев 10, 2009

Унијата на независни автономни синдикати едуцира предавачи

Во престојниот период ќе се јакне  капацитетот  на синдикалниот дијалог, колективното преговарање и можностите за полова еднаквост.Тренинзите се подржани од холандскиот независен синдикат и имаат за  цел едуцирање на  предавачи вели Благоја Иваноски претседател на федерацијата на градежништвото и дрвната индустрија.Унијата на независни автономни синдикати е составена од 6 федерации, и тоа од  индустрија, нестопански дејности, градежништво и дрвна  индустрија, земјоделство, транспорт и трговија. Слободан Антовски претседател на УНАСМ појаснува дека во  период кој престои имаат зацртано и одр…

Фев 10, 2009

Денес истекува рокот за поднесување на месечните извештаи за интегрирани плати

Воведувањето на бруто плата според експертите е позитивен систем, меѓутоа реализацијата е главниот проблем.Крајниот рок за поднесување на месечните пресметки за плата е денеска до 18 часот , а најдоцна до 15 ти во месецот треба да се изврши исплата на платитe на вработените.Поднесувањето на месечните пресметки за месец февруари, во регионалната дирекција во Битола се одвива нормално и без засотој. Од вкупно 12000 регистрирани фирми поднесени се 6998 пресметки, од кои се прифатени 6528. Софтверот на управата за јавни приходи функционира нормално, грешките кои се јавувале во минатото се лоцир…

Фев 10, 2009

Нелегална градба во Варош

Семејството Атанасовски реагираат на нелегална градба.Првично било предвидено да се гради приземје и еден кат, за да потоа прерасне во приземје и два ката.Во стариот дел на Охрид продолжуваат да никнат нелегални градби, се жалат Варошани. ТВМ регистрираше уште еден ваков пример. Станува збор за куќа, која според деталниот урбанистички план,треба да биде Приземје и еден кат, а не приземје  два ката и поткровје, вели Весела Атанасовска, соговорникот по чија иницијатива Тв М го работи овој прилог. Таа реагира на градбата на нејзините сегашни комшии кои како што вели започнаа едно, а градат дру…

Фев 10, 2009

Билатералниот договорот помеѓу РМ и РА од 1956 година застарен

Ќе се преиспитува спогодбата со која се регулира испуштањето вода од Охридското езеро за енергетските потреби на Албанија. Двете министерства за животна средина конечно ја увидоа потребата за ревидирање на договорот, склучен во 1956 година од страна на тогашната Југославија и Албанија. „Тој е застарен договор и секако дека нашите луѓе ќе го преиспитаат“, рече македонскиот министер за животна средина, Неџати Јакупи. Со ваквиот став се согласува и неговиот албански колега, министерот Луфтер Џувели, кој изјави дека можно е склучување и на нова спогодба помеѓу двете соседни земји.Стручните лица…

Фев 10, 2009

Курс за компјутери во центарот за вработување

Елена Стојаноска е професор со завршен педагошки факултет. Таа веќе 5 и пол години чека вработување. Стојаноска за обуката која во моментов  ја посетува  вели секое знаење и диплома се добредојдени.И Љупчо Тупанчески кој по 32 години работен стаж, останал без работа, се запишал на курсот по комјутери за да добие пошироко знање, но посебни очекувања  по неговото завршување нема. Се запишал за да ги  совлада  комјутерските вештини, но пред се за лична сатисфакција. Во групата која сега ги посетува часовите по обука за компјутери  има над 20 невработени лица и се бара столче повеќе објаснува Л…

Фев 10, 2009

Активот на жени пензионерки на хуманитарна акција во Велес

Охридскиот актив на жени – пензионерки зеде учество на традиционалната хуманитарна манифестација насловена како „Благцата на баба“, која традиционално се одржува во Велес. На манифестацијата беа изложени  традиционални  јадења и се преставиле со 6 експонати карактеристични за охридксто поднебје ккао што се петулици и бакардан. Покрај 50 –тина активистки од Охрид и Дебрца учествуваа и 400 жени од републикава, вели претседателката на  активот на жени, пензионерки Ружа Балеска.Манифестацијата имаше продажен карактер , а собраните средства од хуманитарната акција во висина од 25.000 денари се  …

Фев 9, 2009

Здружението на граѓани загубари, на вонредно собрание

Преку протест ќе ги  бараат своите права. Ова е одлучено на состанокот одржан пред шест дена во Скопје. „Унијата на Здруженија“ на граѓани со нерешен работен  статус ги задолжува сите претседатели на градските ограноци, да го организиираат своето членство за протести пред собранието и пред владта на Р.М.  Според Иван Николоски,  долгогодишниот транзиционен период и приватизацијата на државните предпријатија, доведуваат голем дел од работниците да останат на улица. Тој додава дека сега за сега се планирани мирни протести, но доколку Владата остане глува на нивните барања, подготвени се да пр…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top