Фев 13, 2009

Црквата Свети Никола доби нова камбанарија

Ова е само дел од зафатите кои се прават врз овој сакрален објект. Со тоа овој објект се почесто е свратилиште на жителите од Долна влашка маала.Ова се звуците на денес поставената и осветена нова камбанарија во Црквата Св. Никола. Таа го замена досегашното- старо и помало ѕвоно. „Поради се поголемиот број згради неминовно беше да се смени камбанаријата и да се стави поголема. Се набави со помош од верниците и членовите на црковниот одбор“, вели парохискиот свештеник при црквата Св. Никола, Отец Сашо Ристески. Старата црка Св. Никола била изградена во 1864 година во време на грчкиот Владика…

Фев 13, 2009

ОУ Христо Узунов со нов двор и училници

Со пригодна свеченост одбележана реализацијата на проектот за реновирање на дворот и училниците во основното училиште Христо Узунов. Со пригодна свеченост, основното училиште Христо Узунов ја одбележа реализацијата на проектот за реновирање на школскиот двор и дел од просториите во кои основците ја посетуваат наставата. Задоволни се што нивното училиште се обновува. „Убаво е што сега имаме нов двор“, велат учениците. Директорот на основното училиште, Оливија Пирузева- Јанева, упати посебна благодарност до Локалната самоуправа, без чија помош ваквите зафати не би можеле да се реализираат. Ре…

Фев 13, 2009

Младите од регионот се едуцираат за пороците

Во Охрид се регистрирани 342 нарко зависници, а во Струга 125. Со оглед на тоа дека старосната граница се повеќе се намалува, се наметнува потребата од започнување со едукација за штетните влијанија на наркотичните средства.Од СВР Охрид истакнуваат дека имаат комплетна евиденција на жариштата во градот, а нивниот тим секојдневно ја следи ситуацијата на теренот. Со оглед на тоа дека старосната граница се повеќе се намалува, се наметнува потребата од започнување со едукација за штетните влијанија на наркотичните средства од најмала возраст.Дел од годишниот проект на младинскиот совет од Охрид…

Фев 13, 2009

Екологистите предупредуваат на законскиот пропуст

„Државната изборна комисија се уште не одговорила на барањето од  Коалицијата на екологистите  за користење на полното име на гласачкото ливче насловена како независна советничка листа на еколошки граѓански организации“,  истакна нејзиниот носител Борче Стојаноски, од еколошкото друштво Грашница.Тој објаснува дека општинската изборна комисија ги известила дека насловот на листата може да биде независна листа со иницијали Б.С. како носител на листатата, но тоа кај нас е специфично бидејќи сме коалиција од 9 невладини еколошки друштва вели  Стојаноски. Сега на гласачкото ливче не може да стои…

Фев 13, 2009

Извештај за бруто плата

Според вчерашните податоци од регионалната канцеларија на УЈП Битола, за градот Охрид обработени се пресметките на 87.7% од вкупниот број на компании во градот. Останатите 12.3% припаѓаат во посебна категорија на даночни обврзници.Во Охрид, од вкупно 2015 регистрирани фирми до 10-ти февруари поднесле извештај 1109 фирми со 6262 вработени. Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници, дека пресметките доставени до УЈП до 10-ти февруари, кај кои при изготвувањето на истите се констатирани или ќе се констатираат грешки, се сметаат како поднесени во законскиот рок.Од УЈП потсетува…

Фев 13, 2009

Веле Митаноски носител на советничката листата на СДУ

„Одлучивме натпреварот за градоначалници да им го препуштиме на другите, а ние да се фокусираме на Советот“, истакна на денешната прес – конференција  Веле Митаноски, носител  на советничката листа на  охридската социјал демократска унија. Нивната цел е преку советот да ја унапредуваат  локалната самоуправа и граѓанските интереси истакна Митаноски. Тој потсети на локалните изборни случувања од пред 4 и 8 години и потенцира дека не сакаат да бидат дел од можно, по трет пат спроведено сценарио. Сакаме фер и демократски избори пред се, од аспект на нашите евро- нато аспирации. Охрид треба да п…

Фев 12, 2009

Советничките листи, речиси готови

Три дена пред крајниот рок за доставување на кандидатурите за советничките листи, охридските ограноци на политичките партии ги прават последните подготовки пред нивното објавување. Во ВМРО- ДПМНЕ и ВМРО- Народна партија се уште познати само имињата на носителите. Листите во целост ќе ги објават во текот на наредните два дена. Охридската јавност е во очекување на кандидатурите на советничките листи на ВМРО- ДПМНЕ и ВМРО- Народна партија. Три дена пред истекот на крајниот рок за нивното поднесување, од овие партии велат дека тие се составени, во моментов се вршат последните проверки и консулт…

Фев 12, 2009

Втора фаза од ревитализацијата на куќата на Уранија

Започна втората фаза од ревитализацијата на куќата на уранија. И по градежните зафати куќата ќе ја задржи автентичноста, тврдат од завод и музеј.Објектот треба да биде готов до крајот на летната сезона. Со статичкото зајакнување и ревитализација на куќата Уранија се продолжи и годинава. Во текот на 2008 год. заврши првата фаза кога беа изработени проектите и кога беше рушен кровот, првиот и вториот кат. Во моментов во тек е втората фаза која го опфаќа статичното зајакнување. „Се зајакнуваат зидовите на ниво на подрум и приземје.Тие останаа оргинални и на тоа ниво всушност ќе продолжи обнова…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top