Филмот за момчето кое со својот глас го освои Балканот, Европа па и Светот од понеделник во кино салата на Центарот за култура „Григор Прличев“.Во документарецот посветен на легендата-Тоше Проески е опишан патот по кој тој стигна до ѕвездите како и спотовите за најновите песни кои ги сними пред трагичниот настан кој се случи пред повеќе од една година. Документарниот филм посветен на нашата музичка ѕвезда, Тоше Проески од понеделник и во кино салата на Центарот за култура Григор Прличев. Филмот е приказна за момчето кое со својот глас го освои Балканот, Европа па и Светот. Во документарецот…
Градоначалникот вели за повеќето од нив обезбедени се средства.Граѓаните задоволни од иницијативата со која им се одава почит на оние кои оставиле белег не само за Охрид туку и за државава.Спомен одбележја за Григор Прличев, Христо Узунов, Живко Чинго, како и за Св. Наум, за скоро време ќе бидат поставени во централното градско подрачје. Поголем дел од грѓаните задоволни со идејата на локалната околу плоштадот да има многу спомен одбележја.За дел од спомен одбележјата веќе е обезбедена локација и средства, а за останатите сеуште се размислува,вели градоначалникот на Охрид Александар Петрес…
„Во општина Дебрца во законскиот рок се поднесени листите за градоначалници и советници ,а се прават завршните подготовки за одржување на изборната трка“-вели претседателот на општинската изборна комисија Зоран Ногачески.Во изборната трка, за прималивата градоначалничка функција и во општина Дебрца, силите ќе ги одмерат кандидатите: од СДСМ актуелниот градоначалник Љупчо Којчиноски, од СДУ Димче Андрески, од НСДП Коле Наумоски, а од Коалицијата ВМРО ДПМНЕ, со 18 политички партии, Драги Танески. Науме Мицески е градоначалничкиот кандидат за оваа функција предложен од група избирачи.Поднесе…
Со слоганите, „ВО ЕДИНСТВОТО Е СИЛАТА- ДОСТА Е ЧЕКАЊЕ, ДА ГО КРЕНЕМЕ НАШИОТ ГЛАС ПРОТИВ БЕДАТА И СИРОМАШТИЈА“, здруженијата на невработени утре ќе ги бараат уставните права пред владата.Здруженијата на невработени граѓани со над 25 год работен стаж и со не регулиран статус утре во 7 часот тргнуваат на масовен протест. Со слоганите ВО ЕДИНСТВОТО Е СИЛАТА- ДОСТА Е ЧЕКАЊЕ, ДА ГО КРЕНЕМЕ НАШИОТ ГЛАС ПРОТИВ БЕДАТА И СИРОМАШТИЈАТА, ДА СИ ГИ ПОБАРАМЕ НАШИТЕ УСТАВНИ ПРАВА, упатуваат апел до владата, конечно да го реши лавиринтот од закони кој не дозволува решавање на нивниот статус. Со приватизаци…
Неизвесност и неинформираност владее помеѓу сопствениците на продавниците во однос на воведувањето на хасап стандардите. Сопствениците на малските дуќани стравуваат дека ќе стават клуч на објектите. Причина се хасап стандардите. Сопствениците на малите дуќани велат едвај врзуваме крај со крај. Воведувањето на ХАСАП системот е дополнителен трошок за нас. Надлежните смируваат-имплементацијата финансиски нема да ги чини многу.За нив најприоритетна задача е до 1 мај да се имплементираат Хасап стандардите во помалите продавници, самопослуги и слаткари.Атанаско Михаилов директор на охридскиот за…
„Убеден сум дека таа е одлична и добитничка, речe на прес конференција претседателот на Општинската организација на ВМРО ДПМНЕ“, -Борис Стефановски. Поднесена и обелоденета советничката листа на ВМРО ДПМНЕ. Од ОО на оваа партија велат дека листите за кандидат за градоначалник и советничката ги поднесле синоќа согласно законскиот рок. Од советничката листа ТВ М ги презентира првите 10 кандидати. Носител е Борис Стефаноски дипломиран Машински инжињер, потоа на втората позиција е Паско Кузман, археолог. На третото место е Каролина Буџакоска, дипломиран менаџер по царина и шпедиција, после н…
Независниот кандидат за петседател на државата, Љубе Бошкоски, вчера во Охрид го отвори локалниот изборен штаб. Бошкоски во Охрид допатува од Битола каде исто така присуствуваше на отворањето на тамошниот изборен штаб.На отворањето на изборниот штаб во Охрид Љубе Бошкоски истакна дека, намерата на овие претседателски избори не му е да биде само реден број во избирачкиот список, туку да биде она што народот го очекува од него. Она што е важно во моментот според Бошкоски е да се согледа реалната економска ситуација во државата, да не се пласираат некакви теориите на заговор и активно да се р…
За примамливата градоначалничка функција се прифатени шест кандидатури. За советници се поднесени деветнаесет листи. На овие локални избори нема интерес од независни кандидати за градоначалник велат од Општинската изборна комисија.Поднесувањето на листите за градоначалници и советници се завршени во законскиот рок. До ОИК се поднесени листите на кандидатите за градоначалник на Охрид. За примамливата градоначалничка функција се поднесени шест кандидатури.Во трката за градоначалничката функција на престојните локални избори ќе трчаат кандидатите: од НСДП Ацо Попоски, од ЛДП Боро Павлоски…