Фев 20, 2009

Подршка за Македонија во напорите за влез во ЕУ и НАТО

Поранешни балкански претседатели упатија поддршка на Македонија кон нејзините евро и нато интеграции.Жељу Желев, Сулејман Демирел и  Емил Константинеску  поранешни претседатели на Бугарија, Турција и Романија  искажаа  своја поддршка  за интеграција на Република Македонија во НАТО и ЕУ.                                                                     Актуелниот прв човек на балканскиот политички клуб и поранешен бугарски претседател Жељу Желев  истакна  дека интеграцијата не е само македонски  интерес, туку и на целиот Балкан, бидејќи во прашање е  безбедноста и стабилноста на соседните …

Фев 20, 2009

Бројни капитални проекти ќе реализира охридскиот Завод и музеј

Во 2009 година, Националната установа Завод и музеј- Охрид влегува со амбициозни планови. Пари за нивна реализација има. Директорот, Тања Паскали- Бунташеска, вели дека е повеќе од задоволна со финансиските средства кои Владата ги издвоила за оваа намена. „Сите проектите за кои аплициравме до Министерството за култура се прифатени. За работењето на Завод и музеј за 2009 Владата има издвоено над 40 милиони денари“, вели Бунташеска.Годинава ќе се реализираат неколку капитални проекти. Реконструкцијата на куќата на Уранија е само еден од нив.  „Завршена е првата фаза на возобновувањето на Св. …

Фев 20, 2009

Во Охрид ке никне нов универзиет

На денешниот прес, кој се одржа во хотелот Ривиера, кандидатот за градоначалник од владеачката партија ВМРО ДПМНЕ Кирил Трендафилов Нанче, најави отварање на нов Универзитет за Информатички технологии во Охрид. Во универзитетот се предвидува да предаваат професори од неколку странски држави.  Со ваквиот чекор, се отвора можноста Охрид да прерасне во универзитетски град. „Од вчера универзитетот за информатички технологии со силна подршка од премиерот го доби својот дом, а тоа е нашиот град Охрид“- изјави Кирил Трендафилов – Нанче.Во рамките на униврзитетот се предвидува да функционираат пове…

Фев 20, 2009

Претставена независната листа предводена од Љупчо Нечкоски

Претставена независната советничка листа чиј носител е Љупчо Нечкоски. Станува збор за чесни и авторитетни луѓе, стопанственици и студенти кои имаат своја програма. Во фокусот ќе бидат младите луѓе кои се во незавидна ситуација со вработувањето, а  кои треба да си го најдат своето место во рамките на општината во сгласност со своите стручни квалитети без оглед на партиската припадност изјави  дипломираниот инжинер Стефка Јанкоска, кандидат за советник.Носителот на независната советничка листа, Нечкоски  укажа на големата неправда врз носителите на независните советнички листи што им е нанес…

Фев 19, 2009

Здуженито на пазарџии, со пробелмите пред градоначалникот

Здуженито на пазарџии на градоначалникот Александар Петрески в очи му ги преносоа своите проблеми. Ќе се намали закупот за тезга и ќе се намали цената за паркинг, вети Петрески. Здружението на пазарџии бара спас од нелегалната конкуренција во пазарот и намалување на цената за закуп на тезга. Претставници од ова здружение на денешната средба ова му го соопштија на градоначалникот.Со пазарџиите сме во постојана комуникација, а при тоа ги гледаме интересите и на Јавното претпријатие и на закупците, вели градоначалникот. И овој пат ќе сториме се за да им излезиме во пресрет и да им ја олесниме …

Фев 19, 2009

Младите охридски хемичари против Кока-колата

Успешно спроведен отворен час на проектната активност по хемија при УСО Св. Климент Охридски. Учениците ги презентираа сознанијата за слободни радикали и штетните влијанија на кока колата.Во УСО Св Климент Охридски се одржа отворен час. Учениците кои членуваат во Проктните активност по предметот  хемија, ги презнтираа сознанијата за слободните радикали на кои работеа подолг перид. Група од учениците ги испитуваа влијнито на светските брендови и нивното влијние на нашето здравје. Проектот на кој работеа младите хемичари се однесува на кока колата и штетните последици за организмот со нејзино…

Фев 19, 2009

Меѓународниот Црвен крст одржа вежба во околината на Охрид

Прогласена е кризна состојба поради катастрофалната поплава која го зафати југоисточниот дел од Македонија- беше дел од сценариото. Со брифинг- состанок на претставници на Меѓународниот Црвен крст и Кризниот штаб, започна вежбата за случена елементарна непогода. Според одредено сценарио, активностите беа реализирани во околината на општина Охрид. Се дејствуваше онака како што би се дејствувало во време на катастрофална поплава. Претставниците на меѓународниот Црвен крст и Црвената полумесечина не ја откриваа ниту локацијата, ниту пак што точно ќе се случува на терен. „Не можам да дадам ника…

Фев 19, 2009

ВМРО- ДПМНЕ вџашена и загрижена од најновите изјави на градоначалникот

Од ВМРО- ДПМНЕ се пријатно изненадени од, како што тие велат,  спектакуларната најава на градоначалникот Петрески дека ќе се градат спомен-обележја во централното градско подрачје. Тоа ни влева надеж дека СДСМ конечно ќе ја прифати програмата на нашата партија, велат од општинската ВМРО- ДПМНЕ.„Додека неговата матична партија фрла со камења по Владата за изградбата на споменици, Петрески најави изградба на 5 спомен- обележја. Тоа за нас е добро, но истовремено претставува лицемерие и маркетинг кое води кон лажен патриотизам“, рече раководителот на прес- центарот на општинската ВМРО- ДПМНЕ, …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top