Мар 5, 2009

Одржана последната седница на советот во овој состав

Експресно брзо усвоени точките од дневен ред. Поголемиот број се однесуваа на Извештаите за финансиското работење и годишните сметки на основните и средни училишта.Во опуштена атмосфера и без долги расправи се одржа 64- та, последна седница на општина Охрид, во овој состав.Со мнозинство гласови, советниците ги усвоија:  предлог- одлуката на Годишниот извештај и Завршната сметка на буџетот на општина Охрид за 2008, Извештајот за остварените резултати од работењето на ЈП Комуналец, како и извештаите за финансиското работење и Годишната сметка на основните и средните училишта во рамки на општи…

Мар 5, 2009

Лицата со посебни потреби треба да се соочат со животот

Според Миле Стојаноски еден од главните проблеми со кои лицата со посeбни потреби се соочуваат се нивните психолошки бариери и молчењето за проблемите со кои се соочуваат. Со цел да се искористи периодот пред изборите маратонецот Миле Стојаноски деновиве активно ја води кампањата на запознавање на актуелните и идните градоначалници со проблемите на лицата со посебни потреби. Според Стојаноски, еден од главните проблеми кај оваа група на граѓани е нивното повлекување од општествениот живот.Од страна на градоначалникот Петрески беше истакнато, дека градоначалникот  како институција и како чов…

Мар 5, 2009

Живот долг еден век

100 свеќи на роденденска торта. Најстарата наша сограѓанка  Цвета Сандре Арнаудова го одбележа 100-от роденден. Најстарата наша сограѓанка  Цвета Сандре Арнаудова, го одбележа 100-от роденден. Арнаудова е родена во 1909-тата година во Охрид. Матурирала во охридската гимназија заедно со уште 5-мина свои сограѓани,  во далечната 1929-та година. Студии запишла на Правниот факултет во Белград, и дипломирала во 1936-тата година. Во охридскиот суд работела се до почетокот на втората светска војна. Арнаудова, дел од својот професионален животен век го поминала на служба и во Велешкиот и Скопскиот …

Мар 4, 2009

ВМРО ДПМНЕ го обвинува Петрески

На денешната пресс конференција ОК на ВМРО ДПМНЕ го прозва градоначалникот Алкесандар Петрески да одговори на неколку прашања.Кога пред 4 години влезе во политичката трка да ја бара поддршката на граѓаните на Охрид, Александар Петрески ја бараше врз основа на изборна програма наречена „Секој ден поблиску до целта“. Сега, 4 години подоцна, самиот за себе постојано повторува дека „исполнил повеќе од што ветил“, рече портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ ЈОванчо Секуловски.На кој начин петрески го исполни сопственото ветивање за „времен мораториум за грдба во централното подрачје“. Дали терминот „вр…

Мар 4, 2009

Од СДСМ најавуваат позитивна кампања

  Во мојата позитивна кампања ќе зборувам само за резултатите што сум ги направил“, рече Александар Петрески.„Како што изминативе четири години работев, секогаш меѓу граѓаните, така и оваа кампања ја започнав, меѓу граѓаните, рече кандидатот за градоначалник, Александар Петрески на денешната пресс конференција. На овие средби раговаравме за она што е направено и она што ќе го правиме. Досегашното искуство на граѓаните покажува дека се што сум ветил, сум исполнил, вели Петрески. Ветив дека мојата кампања ќе биде позитивна, поради тоа досега на ниту една средба немам ништо кажано против мојот…

Мар 4, 2009

ВМРО-Народна ја промовира својата изборна програма

„Охрид- македонскиот Eрусалим, регионален, духовен, културен, туристички и економски центар- е мотото на општинската ВМРО- Народна партија. За формирање Општински економски совет- меѓу другото ќе се залага кандидатот за градоначалник од ВМРО- НП , д- р Томе Гиноски. Основната функција на ова тело ќе биде да ја надгледува економската состојба во општината. При тоа да предлага мерки за расчистување на должничко- доверителските односи,  да се залага за искоренување на сиромаштијата и поттикнувањето на влезот на странски капитал.Во изборната програма на Гиноски големо внимание се посветува и на…

Мар 4, 2009

Просечен романтичар кој се релаксира со звуците на Бjело Дугме

Бројни работни обврски, 12 часа во денот, 7 дена во неделата- е секојдневието на Боро Павлоски, кандидатот за градоначалник од ЛДП. Политичкиот ангажман дополнително го скратува неговото слободно време. Сепак, време има, вели Павлоски, зависи само од добрата организација. Слободните мигови најчесто ги минува со својата сопруга Виолета со која е во брак 20 години. За своите два сина потенцира дека е родител, но истовремено и  другар. Во друштво на поголемиот син Александар- студент на Електро- техничкиот факултет во Скопје и средношколецот Игор често може да се сретне во некое од охридските …

Мар 4, 2009

Индустриска зона во Охрид, императив

Индустриската зона ќе се гради според европските стандарди со комплетна патна, канализациона и  водоводна мрежа. Покрај стандардните производствени капацитети, се предвидува во нејзин склоп да работат и обијекти од трговски и угостителски карактер.   Со изградбата на новата индустриска зона се предвидува да се привлечат голем број компании од европските земји.Ацо Попсоки најавува дека, сите нови компании кои ќе инвестираат во Охрид ќе имаат бенифиции во зависност од висината на инвестициите и бројот на вработените.Бројката на невработени е голема. Но решението на проблемот со невработеноста…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top