Изградба на олимписки базен, нови спортски терени и современа марина се дел од проектите на Нанче.Промовирана изборната програма на градоначалничкиот канадидат од Вмро Дпмне, Кирил Трендафилов Нанче. Функцијата градоначалник за мене не е привилегија туку поставување на ефикасна и модерна администрација во која и самиот ќе работам на решавање на граѓанските проблеми вели, Нанче. Тој ветува дека ќе биде одговорен лидер кој секојдневно од администрацијата ќе бара отчет за сработеното. Интенција на Нанче ќе биде Охрид повторно да го претвори во центар на целиот регион. Тој максимално ќе ја …
Сакам Македонија да биде просперитетна и надежна земја, им се обрати Бошкоски на охриѓани. Мојата желба е Македонија да биде просперитетна и надежна земја, им се обрати на охриѓани Љубе Бошкоски на вчерашниот митинг во Центарот за култура. Сакам младите да останат во својата земја и да не чекаат со денови пред странските амбасади со цел да заминат. Ќе направиме напори иселените да се вратат и и помогнат на Македонија во овие историски моменти, рече Бошкоски.Одлучив да се вратам и кандидирам за претседател затоа што вие тоа го баравте од мене. За да бидам со својот народ, со работниот човек…
Перо Петрески Калимеро ги претстави претендентите за советници од независната листа чиј носител е. На граѓаните им порача да излезат на гласање масовно и самостојно да одлучат за кого ќе дадат својот глас. Носителот на независната листа, Перо Петрески- калимеро ги претстави кандидатите за советници од листата. Како што беше потенцирано на денешната средба со новинарите, идните советници ќе работаат согласно потребите на граѓаните, законот и своите ингеренции.Петрески рече дека за време на овие избори нема да се фалат и да даваат лажни ветувања.Калимеро им порача на граѓаните на 22 март масо…
За обвинителството доказите се доволни за да се донесе одлука. За одбраната исказите на обвинителот не се поврзани и не одговараат со доказите.Во основниот суд Охрид, продолжи судскиот процес против Лазе Радески. Во продолжение на денешната доказна постапка беше презентиран видео матријал од полициската истрага. Со тоа заврши доказната постапка и двете страни ги прочитаа своите завршни изјави.Во завршната изјава на обвинителството констатирано беше дека презентираните докази се доволни за да се изнесе пресуда. Предложено беше судот да да го прогласи обвинетиот за виновен за тројно убиство…
Дo кандидатот за градоначалник на СДСМ, Александар Петрески и денес пристигнаа прашања од ОК на Вмро Дпмне. Прашуваат зошто е непримерено да го потсетуваат на неговата изборна програма од пред 4 години, насловена како „Секој ден се поблиску до целта“, кога тој истакнува дека остварил повеќе од тоа што ветил. Портпаролот ОК Вмро ДПМНЕ, Јованчо Секулоски праша што е со ветувањата за воведување на ИСО стандард за квалитет на услугите на локалната администрација и транспарентност во работењето на локалната самоуправа, што е со обновата на локалниот весник „Езерски глас“, и финансиската …
ЛДП со мало задоцнување ги промовираше носителот на листата за советници и дел од својата програма за наредните локални избори.Промовирани кандидатите за советници и носителот на листата од ЛДП. По дестет години, ЛДП настапува самостојно на локалните избори. Носител на листата за советници е Крум Арнаудов. За него кандидатот за градоначалник од ЛДП Боро Павлоски вели дека е човек кој има познавања за проблемите во градот. За досегашниот тек на кампањата Павлоски го има следниот став:Во кампањата на ЛДП нема ветувања за некои грандиозни проекти. Таквите проекти кои беа ветени во минатото как…
Нови спортски сали во основните училишта и поголем број на стипендии за студентите вети кандидатот за градоначалник Петрески.Тој ја промовираше изборната програма во делот на образованието. Упати и четитки за новите вработувања во здравствените институции.Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Александар Петрески на прес конференција ја промовираше изборната програма во делот на образованието. Петрески истакна дека по влегувањето во 2 фаза на децентрализација општината ќе се заложи за зголемување на платите на вработените во образованието и детската заштита за 10 насто. Вети дека ќе го зго…
Потпретседателот на СДУ и носител на листа во Охрид Веле Митаноски, заедно со дел од кандидатите за советници и раководството на партијата, денеска имаа средба со здужението на граѓани – загубари, технолошки вишок и стечајни работници од Охрид. На средбата беше разговарано со претседателот на здружението за можни решенија на статусот на граѓаните и за резултатите од протестите на здружението. Здружението повеќе години наназад се обидува да го реши статусот на граѓаните со над 25 год работен стаж, но до сега никоја од владите нема излезено со конкретно решение. Како човек кој е запознаен со …