Оценка за првата декада од изборната кампања даде Веле Митаноски, носител на советничката листа од СДУ. При тоа, Митаноски констатира, кампањата исфрли на површина непознаници за градоначалничката функција. Поединци нудат се и сешто па се добива впечаток како Алиса во земјата на чудата, вели Митаноски. Непријатно изненадување според Митаноски е претседателската кампања и ниското ниво на политичка реторика за најпрестижната државна функција. Позитивно ја отценува досега кампањата на локално ниво.Претседателот на ОО на СДУ, Марко Спасески потенцира дека приоритет на идните советници од …
Урбаната мафија ја крои иднината на Охрид, стоп за урбанизацијата побараа екологистите.Дојдоа 5 минути до 12 за спас на Охрид од претераната урбанизација на Охрид порачаа на денешната прес конференција еколозите, членови на независната советничка листа со реден број 10, носител Борис Стојаноски. Тие го креваат својот глас против усвојување на деталните урбанистички планови за изградба на станбените објекти на зелените градските површини.Покрај зелената површина на локацијата пред Охридско лето, и просторите кај полигонот за мали спортови и во близина музичкото училиште, локалната с…
„На Македонија и се потребни фер и демократски избори – тоа го заслужуваат граѓаните на РМ“ истакна на средбата со кандидатите за градоначалници, американскиот амбасадор Филип Рикер. Вчера, во хотелот „Инекс Горица“, амбасадорот на САД во Македонија Филип Рикер, оствари средба со кандидатите за градоначалници на општина Охрид. На средбата, од сите шест кандидати за градоначалници, амбсадорот доби уверување дека ќе се почитуваат изборните стандарди наведени во кодот на однесување од страна на Меѓународниот Демократски Институт за фер избори. Филип Рикер на кандидатите за градоначалници им ги…
Ако погодат, првиот човек на градов ќе им донесе и финансиска добивка. Според типовите на обложувалницата Џокер во моментов највисок коефициен има за кандидатот од Нова демократија. Се типува за спортски натпревари, за песна за евтовизија, а од неодамна и за идниот градоначалник. По започнувањето на изборната кампања, обложувалницата Џокер понуди типови за кандидатите за градоначалник на Охрид. На листата се напишани по редоследот на ливчето за гласање, а типовите се составени по проценка на првите луѓе од обложувалницата.Интерес за типување има.Резултатите би покажале на кои кандидати г…
Кандидатот за градоначалник од СДСМ ,Петрески упати обвинување до министерот за финансии, Трајко Славески. На средината од изборната кампања меѓусебните обвинувања се вжестуваат. Кандидатот за градоначалник од СДСМ , Александар Петрески упати обвинувања до министерот за финансии, Трајко Славески за индиректни опструкции за новите вработувања на три испразнети места во детската градинка Јасна Ристеска. За нивно пополнување на министерството за труд и социјална политика му треба согласност од Министерството за финансии, и да не го обвинуваме министерот од труд и социјала ,туку дирик…
Прес конференција на ВМРО ДПМНЕ. Нови прашања и нови обвинувања упатени до градоначалникот Александар Петрески.„И покрај тоа што кандидатот за градоначалник на СДСМ Александар Петрески одржа две прес- конференции на кои самиот вети дека ќе одговори на нашите прашања во врска со неговите неисполнети ветувања од изборната програма од пред 4 години насловена „Секој ден се поблиску до целта“, како и за неговата нова „визија“ од Охрид да прави центар на проституција, Александар Петрески остана доследен на себе – ни ова ветување не го исполни“, рече Јованчо Секуловски портпарол на ВМРО ДПМНЕ.Го п…
Кандидатот за градоначалник од НСДП Ацо Попоски, продлжува со промовирањето на новите проекти за изградба на модерен и функционален град. „Охрид не смее да биде град со големо име и сиромаши граѓани. Потребни се проекти кои ќе отвраат нови работни места за граѓаните “- изјави на денешната пресконференсија кандидатот за градоначалник Ацо Попоски. Поврзувањето на градот со автопатот Гостивар – Скопје треба да биде приоритет. Патиштата се главните артерии и низ кои минуваат сите посетители. „Ниту еден владин функционер неможе да зборува дека Охрид им е приоритет а градот нема автопат. Во Охри…
730 преставници на избирачките одбори од 73 избирачки места, од денес започнаа да се едуцираат за правилата при гласањето. Битно е тие да знаат кој се надлежностите на избирачките одбори и да се организараат меѓусебно на денот на гласањето кој ќе биде на избирачкиот список, кој ќе детектира со УВЕ ламбата, а кој ќе биде на гласачката кутија вели претседателот на ОИК , Марика Анѓелеска. На овие избори има и новини додава таа. Една од измените на гласачкото ливче од минатите парламентарни избори е што имаше 2 печати, а на овие избори има само еден печат строго поставен на десната страна…