Мар 17, 2009

За развој на туризмот и културата- зборуваа денес од ВМРО- ДПМНЕ

На стружани пак, им се обрати кандидатот за градоначалник, Славко Котески.Спречување на урбаната деградација на Охрид, изградба на нова автобуска станица и доизградба на патната мрежа кон Св. Наум. Ова се само дел од проектите со чија реализација кандидатот за градоначалник, Кирил Трендафилов- Нанче ќе допринесе кон развивање на туризмот. Трендафилов ветува дека ќе се залага за зачувување и промоција на богатото културно и историско наследство. Со изборната програма меѓудругото, се предвидува и: изградба на нов музеј, нова градска библиотека, концертна сала, доистражување и конзервирање на …

Мар 17, 2009

Европска подршка за екологистите

Екологистите од Охрид побараа поддршка од своите европски колеги во ангажманот во политика. Членовите на Грашница кои имаат и своја советничка листа поканија гости- екологисти од Турција, Франција и Грција со цел да поразговараат за проблемите на животната средина, но и за нивните искуства доколку биле или се инволвиорани во политика.Од поканетите гости на средбата со охридските зелени пристигнаа само турските претставници. Екологијата не познава граници. Состојбата на животната средина е подеднакво важна за луѓето од сите вери и раси, тврдат турските екологисти. Тие на своите охридски коле…

Мар 17, 2009

Рамнотежа на локалната и централната власт

„Рамнотежа на локалната и централната власт”, тема на прес конференцијата на Социјалдемократската унија. Од извештејот на Државниот ревизор се убедив дека проблемите се во несоодветното менаџирање на процесите на урбанизацијата и фискалната децентрализација, рече носителот на советничката листа на СДУ Веле Митаноски.Потпретседателот на Социјалдемократска унија (СДУ) и носител на Советничка листа Веле Митаноски, денеска на тематска прес конференција, се осврна на прашањето на фискалната децентрализација, како стожерна точка од нивната Изборната програма. “Корпусот прашања од суштинското разв…

Мар 17, 2009

На Охрид му треба нов здравствен дом

Советничката листа на група избирачи со реден  бр. 13, пред новинарите образложија дел од својата програма посветена на „Здравствената заштита на луѓето“. Како советници ќе се залагаат за изградба на нов совреман, модерен здравствен дом, но и за современ здравстевн дом во населбата Воска.„Здравствената заштита на луѓето“,тема на денешната пресс конференција на советничката листа на група избирачи со реден  бр. 13. „Основната здравстена заштита е една од најважните надлежности на локлната самоуправа, но и на целото општество, рече кандидатот за советник примариус д-р. Величе Марковски. Жител…

Мар 16, 2009

Урбанистички решенија за Охрид

На местото на „Маларична“ ќе се гради базен, а проблемот со паркинг просторот ќе се решава со подземна и катна гаража – ова се само дел од урбнистичките решенија во изборната кампања на Кирил Трендафилов Нанче. Кирил Трендафилов Нанче ги презентираше и останатите свои планови и визии како градоначалнички кандидат.Предлага ревизја на деталните урбанистички планови, посебно во центарот, кај „Маларична“. Тука е  предвидена изградба на станбена зграда со која Нанче не се согласува.Еден од горливите проблеми на граѓаните е и сообраќајот. Нанче смета дека е потребна изработка на сообраќајна студи…

Мар 16, 2009

Вода во Лескоец и Орман наскоро

СДСМ упатува апел – проблемот со водата за пиење во Косел дa не се употребува во изборната кампања за добивање на политички поени.На денешната редовна прес конференција, од страна на СДСМ беше истакнато дека не е потребно да се искористуваат проблемите на граѓаните во изборната кампања. Посебно беше потенцирано да не се прави прави драма од недостатокот на вода за пиење во Косел и Ливоишта. Директорот на ЈП „Проаква“, Бранислав Трпчески, рече дека во изминатата година се правеле напори за решавање на овој проблем и додаде „Во завршна фаза сме за комплетно решавање на проблемите со водоснабд…

Мар 16, 2009

Нов генерален урбанистички план за градот

Советничката листа  од групата избирачи под реден број 13 бараат од охридските архитекти да се изборат да ги подготовуваат  урбанистичките планови во Охрид.Заложба на оваа советничка листа ќе биде Советот на град Охрид  да донесе нов генерален урбанистички план со кој градот ќе стане модерен туристички центар ,вели Соња Томаноска , кандидат за советник. Тоа ќе повлече и донесување на  нови детални  урбанистички планови.Од оваа советничка група ги подржуват жителите од стариот дел на градот, кои не се соглауваат со нацрт дeталниот урбанистички план за 1-ва урбана единица, ставен на јавен уви…

Мар 16, 2009

Развивање на економијата во Охрид

Нова демократија ги претставува своите планови за прв пат пред пошироката охридска јавност. „Потребно е да се добие една комплетна слика за градот и да се создадат услови за развој на економијата“. Изјави Васви ДокоКанадидатот за градоначалник од партијата нова демократија Васви Доко, денеска за прв пат пред охридската јавност ја презентираше својата кампања. Васви Доко кажа дека доколку ја добие довербата на граѓаните ќе се залага за балансиран развој на градот Охрид.„Младите се темелот на едно општсество, потребно е тие да се насочат во правилната насока а тоа е спортот и културата. Градо…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top