Мар 31, 2009

Се уништува секое атрактивно земјште во Охрид

Кулминираат меѓупартиските обвинувања. Конфузијата кај граѓаните се зголемува. Денеска, на најавената ексклузивна прес конференција, ОК на ВМРО ДПМНЕ презентираше документација со која, како што рекоа, се докажува непоправливото уништување на ликот на Охрид од сомнителна група на таканаречени инвеститори. Портпаролот на ОК Јованчо Секуловски, пред новинарите покажа купопродажен договор за 2 стана, склучен при крајот на минатата година, помеѓу ТД „Дебој инжинеринг“ а по овластување на ТД „Кула градба“, од една страна  и фирмата „Еуро Инвест 2007“, претставувана од управителот Игор Калајџи, о…

Мар 31, 2009

Хотелиерите бараат помош од државата

Странците, во овој период споредено со лани, за 30 до 50 проценти во помал број го посетиле градов и оствариле  ноќевања. Намалени се резервациите за еднодневните семинари со користење на услуги на сала и храна. „На меѓународните саеми во Лондон и Берлин се осетија притисоци од големите туроператори, кои бараат  намалување на цените на туристичките аранжмани“ вели Дончо Танески, претседател на ХОТАМ и додава „Дека економската  криза си го прави своето, покажуваат и резултатите од моменталната ситуација, каде што имаме намален број на туристите кои во март и април доаѓале во Охрид и остварув…

Мар 30, 2009

Рикер ја смирува топката

Филип Рикер, американскиот амбасадор во Македонија, денес одржа средба со четворицата кандидати за градоначалници на  Охрид и Струга. Во Охрид, Рикер ги седна на иста маса охридските противкандидати Кирил Трендафилов-Нанче и  Александар Петрески, но и струшките Рамиз Мерко и Фијат Цаноски. Филип Рикер ја потенцираше добро познатата порака, дека за добра репутација на целата земја потребно е да се повторат регуларностите од првиот изборен круг. „Најважно е секој граѓанин да  чувствува дека може да им верува на лидерите на локално и централно ниво“ рече Рикер. Охридските кандидати за градонач…

Мар 30, 2009

Oпштина Охрид се дави во долгови, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ

„Темата на денешната прес-конференција е долгот во кој што, буквално, се дави Општина Охрид, но и начините на негово разрешување“, рече кандидатот за градоначалник на на ВМРО ДПМНЕ.„Сите знаеме дека Општина Охрид е прездолжена, нејзиното функционирање е отежнато, најголем дел од плаќањата одат преку цесии и компензации, а за жал за нормално функционирање на општината се користат и сметките на „Комуналец“, „Проаква“ . Јас, заедно со голем тим на експерти од економските и правните науки утврдивме предлог програма за решавање на овој проблем“, рече Трендафилов.„Втората работа што ќе ја направа…

Мар 30, 2009

Центарот „Порака“ и ансамблот „Македонка“, добија нови простории

Едногодишните преговори со локалната самопуправа, вродија плод.Она што ни вети, градоначалникот го исполна, велат од овие невладини организации.   Градоначалникот Александар Петрески,ги пушти во употреба новите простории на центарот Порака и ансамблот Македонка. „Овие локации градоначалникот ни ги додели пред година и пол. Локланата самоуправа максимално се заложи во решевањето на нашиот просторен проблем, на што сме максимално задоволни, затоа што конечно некој се сети и на нас, и нашите нереализирани желби“, рече претседателот на невладината организација Порака.На новоотворените  простори…

Мар 30, 2009

Соработка СДСМ-НСДП

Во вториот изборен круг кандидатот  Александар Петрески најави соработка  со Новата социјалдемократска партија. „НСДП ќе ме поддржи во вториот изборен круг, а во советот веќе е формирано и мнозинството истакна кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ Александар Петрески. Штабот на НСДП работи на терен заедно со нашиот изборен штаб “, изјави Петрески. Иако беше најавено поддршката да биде официјализирана во присуство на лидерот на НСДП, Тито Петковски на средбата тој не присуствуваше. Не се појави  ни претседателот  на ОО на НСДП, Ацо Попоски. Отсуството на Попоски, Петрески, го оправ…

Мар 28, 2009

Врв на хипокризијата на таканаречената Влада

Вчерашниот ден беше врвот на хипокризијата на такавиканата Влада на РМ, со овие зборови ја започна денешната прес- конференција кандидатот за градоначалник од СДСМ, Александар Петрески. Додека во Струга се случуваше масовна тепачка со крвави последици помеѓу средношколците македонци и албанци, такавиканиот министер за образование и наука цел ден беше во Охрид и постави гинисов рекорд во лажење, рече Петрески. Петрески се осврна и на урбанизацијата. Носењето урбанистички планови е во интерес на граѓаните, а не поради желба на советот, градоначалникот или администрацијата, додаде кандидатот з…

Мар 28, 2009

Поставен камен-темелник

Поставен камен темелник на нов Деловно-информативен центар на Н.П “Галичица“. Главен донатор на овој проект е италијанското министерство за надворешни работи. Директорот на НП “Галичица” кажа дека во новиот објект ќе бидат сместени сите културни и природни вредности на Галичица,како и национален ресторан.Новиот информативен центар е над Билјанини Извори,во близина на Патеката на франкофонијата. Објектот ќе  чини околу 200 илјади евра,а е финансиран од Министерството за надворешни работи на Италија.Помош во неговата изградба даде Владата на Македонија и италијанската невладина организација “…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top