Овој пат таа ќе биде дополнета со уште два члена. Се очекува да започне со работа по завршувањето на локалните избори.Во тек е комплетирањето на комисија која ќе ги разгледува поднесените предлози, забелешки и сугестии од граѓаните за нацрт Деталниот урбанистички план за 1 урбана заедница. Согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, досега во оваа комисија членуваа- по еден претставник од Секторот за урбанизам, од кај изработувачот на урбанистичкиот план и еден надворешен член. Поради специфичноста на нацрт Деталниот урбанистички план за 1 урбана заедница, овој пат разгледувањет…
Тоа е човекот кој ветува економски просперитет, универзитетски центар и просперитет за младите охриѓани, потенцираа од СПМ.Охрид е општина со која треба сите граѓани на оваа држава да се гордеат, а посебно ние охриѓани со нашето културно и историско богатство, но и нови потенцијални економски можности, потенцираа од општинската организација на СПМ. За сето тоа да се случи мораме да избереме градоначалник кој знае како тоа да го направи, кој знае како да ги искористи сите постојни ресурси, кој знае како да направи место со кој сите ќе се гордееме. „ Затоа сите да гласаме за нов градоначалник…
Најзначајната карактеристика во изборниот штаб на ДПМНЕ беше беше покажувањето на сила, рече Петрески.Оваа изборна кампања се разликуваше од било која досега. За нашиот изборен штаб најкарактеристична беше посветеноста на јавноста да и се претстави во целост мојата изборна кампања, рече кандидатот за градоначалник, Александар Петрески. Колку и да бевме провоцирани и навредувани од ДПМНЕ со крајни напори се трудевме да се одржи едно нормално ниво на комуникација.Од друга страна, најзначајно за изборниот штаб на ДПМНЕ беше покажувањето на сила.ДПМНЕ со сила се обиде да ги убеди своите гласачи…
Кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Трендафилов – Нанче денеска имаше завршно обраќање пред медиумите . При тоа рече дека имал чесен пристап во кампањата и дека сега изборот е на граѓаните. „Зад мене застана интелектуалната сила на Охрид, младите во градот и затоа јас сум убеден дека со мојот избор за градоначалник, иднината на Охрид е чиста и светла“рече Нанче. Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Јованчо Секулоски уште еднаш потсети на работата на Петрески и неговиот тим во текот на 4 годишниот манадат.„Охрид не смее да си дозволи грдаоначалник чии атрибути се да биде ко…
Ерван Фуере на средбата со градоначалничките ривали Кирил Тренадафилов и Александар Петрески, покажа загриженост од извештајот на Одихр. Специјалниот преставник на ЕУ истакна дека во него се наведени притисоците и заканите што се вршат врз граѓаните и уште еднаш потенцира дека гласањето е тајно. Фуере кажа дека ќе ја повика Владата да ги санкционира ваквите форми, несвојствени за демократските општества. По завршувањето на средбата, и двајцата против кандидати за атрактивната градоначалничка функција, упатија благодарност до Фуере и дадоа кус осврт на средбата. Кирил Трендафилов се за…
Кандидатот за градоначалник Петрески ги потсети премиерот и неговиот против кандидат како се станува градоначалник. Да не е смешно, навистина е премногу жално кои министри и премиер го водат македонскиот народи не е измислена мерка со која може да се измери дното на глупоста ја започна Петрески денешната прес конференција. Пет министри и двајца заменици министри одржаа научна трибина, Зошто на Охрид му треба градоначалник како Кирил Трендафилов истакна Петрески. При тоа тој го потсети премиерот како се станува градоначалник. Господине Груески „не полициски специјалци, не притисоци и зак…
Невработените работници со над 25 години работен стаж , жртвите на транзицијата уште еднаш укажаа дека Владата не го прифаќа нивното брање за водење социјален дијалог , истакна претседателот на оваа категорија граѓани Иван Николоски.„Владата не сака да помисли дека како категорија на граѓани сме доведени до питачки стап. Оваа влада не го прифати ни нашето барање за социјален дијалог, едноставно не сакаат ни да чујат за дијалог, а камоли решавање на нашиот проблем “ рече Николоски. Владата во нас гледа безвредни граѓани, а вредиме само на денот на изборите. Им требаме само како гласачка …
Трендфилов задоволен од одлуката ВМРО НП што во вториот изборен круг застана зад неговата кандидатура.Подршка на Трендафилов му даде и министерот за надворешни работи Антонио Милошески. Неговото просуство во Охрид новинарите го искористија за актуелни прашања. На прашањето за членството на Македонија во нато, Милошески рече.„Сите граѓани на Р Македонија се свесни кој го попречи влагувањето на Македонија во НАТО, но тоа ни на граѓаните ни на институциите не влијае демотивирачки. Ние ќе продолжиме со нашите напори, членството во НАТО се докажува со дела и со посветеност. Р Македонија е една …