Новиот состав на охридскиот совет ќе се состане на 15 април. Седницата ја свикува екс претседавачот, а потоа со неа ќе раководи најстариот советник, се до избирањето на првиот човек на советот.Претставници од сите политички партии кои партиципираат во новиот состав на Советот на општина Охрид, денеска се состанаа со екс претседвачот на советот, Владо Чингоски. На неформалната средба, присуствуваа сите носители на советничките листи како и оние кои станаа членови на советот. Присутните се договорија на 15 април, среда, во 12 часот да биде конститутивната седница на новиот совет. Според зак…
Граѓаните од ромска националност денес го прославуваат 8- ми април – Светскиот ден на Ромите.„Она што се уште не се променало е односот на околината кон нас“, велат членовите на ромското семејство Шемо. „И ден денес има поединци кои го оспоруваат нашиот идентитет. Тоа е навистина апсурд со оглед на фактот дека живееме во едно ново време- во 21 век“, вели најстариот член на ромската фамилија Шемо. Тој се надева дека разликите наскоро ќе исчезнат.„Среќен сум што за разлика од минатото, сега ромите го продолжуваат своето средно образование и стануваат академски граѓани. Дел од нив веќе се враб…
„Она што во моментов го прави Трендафилов е само доказ дека се подготвува терен за веќе видено сценарио“, рече кандидатот на СДСМ Александар Петрески, на денешната прес – конференција. Тој додаде дека не постои ниту една единствена издржана причина за било какво прегласување, освен силната лична амбиција на Трендафилов по секоја цена, да стане градоначалник.„На сите им е јасно како ден, кој победи на изборите за градоначалник во Охрид. Тоа им е јасно на граѓаните од Охрид, на цела Македонија, на сите претставници од меѓународната заедница. Тоа им е јасно дури и во ДПМНЕ во Охрид, само на Тр…
Екологистите од Охрид бараат конечно да се реши проблемот со рибокрадците во Охридското езеро. Тие порачаа и дека треба да се формира едно мешовито претпријатие меѓу Македонија и Албанија, со цел да се стави целосна контрола на езерото.„Од денеска започнуваме да работиме пожестоко, со цел да се решат еклошките проблеми кои ги потенциравме во изборната кампања. Денеска се навршуваат 9 години од почнувањето на нашите заложби за состојбата со рибниот фонд во Охридското езеро и 6 години откако беше одземена концесијата на АД „Охридска пастрмка“, кое стопанисуваше со езерото“ велат екологистите…
Претседателот на ОИК денес со негирање на обвинувањата за нелегални дејствија. „Не се точни тврдењата дека самоволно сме вршеле исправки во записниците од избирачките одбори“, тврдат членовите на Општинската изборна комисија. „Не би сакале јавноста да стекне погрешен впечаток дека ОИК работела спротивно на законот“, рече претседателот на ОИК, Марика Анѓелеска. Од друга страна, членот на ОИК Ѓорѓи Бошалески со свој став: „Дали тоа е точно, должна е да одлучува Државната изборна комисија, а не општинската“.Со демонстративното напуштање на прес-конференцијата Ѓорѓи Бошалески се огради од изне…
„Јас мислам дека ќе има трет изборен круг“, -рече кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Трендафилов Нанче. Тој, на денешната прес-конференција, рече декa општинскиот комитет има сознанија за низа непревилности во изборниот процес во вториот изборен круг во Охрид. Од партијата уште напоменаа дека за сите забелешки ќе бидат поднесени приговори до Државната изборна комисија. {loadposition content9}
Стручните лица се повеќе алармираат за голем број заболувања предизвикани од стресни ситуации. Специјалистот по социјална медицина, д-р Слободанка Коцевска состојбата со заболувањата во оптина Охрид и Дебрца ја следи повеќе од 20 години. Истакнува дека последните 10 години се посебно стресни за сите нас. Минатата година најмногу лекарска помош побарале лицата на возраст од 64 до 75 години , а веднаш зад нив се лицата на возраст од 45 до 54 години. Почести посетители во медицинските установи била женската популација. Најчесто граѓаните страдаат од срцево – садови заболувања, повишен крв…
Охриѓани ги избраа, неофицијално старо-новиот градоначалник Александар Петрески, кој втор пат ја добива довербата на граѓаните и Ѓорге Иванов, новиот шеф на државата. Граѓаните со позитивен став за тоа како помина изборниот процес на петтите локални и четвртите претседателски избори.Во анкетата што ја направи ТелевизијА ТВМ, поголемиот дел од граѓаните се изјаснија дека изборите поминале во фер и демократска атмосфера.Од градоначалникот и претседателот на државата пак, граѓаните очекуваат Охрид и Македонија да ги направат подобро место за живеење.На локалните и претседателските избори во …