Од годинава хотелските капацитети наместо по килограм, на ова јавно претпријатие за услугата ќе ми плаќаат по метар квадратен. Со ова нова одлука, ќе се избегне лошата навика на некои несовесни раководители на хотели, кои за да не плаќаат, сметот го палеа.Се изготвуваат и каматните листи за периодот за кој постои долгот, велат од Комуналец. Од годинава ЈП воведува нов начин на наплата за услугата кревање и депонирање смет. Наместо по килограм, одсега Хотелите се задолжени да плаќаат по метар квадратен.Од јавното претпријатие и од општинскиот инспекторат се надеваат дека со новиот начин на н…
Носењето на голем број значајни одлуки за доброто на Охрид ќе причекаат. Кога ќе заседаваат советниците и понатаму останува неизвесно. Актуелниот Претседавач на советот, Драган Пандески, се уште не закажал седница на совет. За ТВМ Пандески, најави дека седница ќе има, но не откри кога. Ниту ги отфрли, ниту потврди информациите дека основна причина поради која седница се уште не е закажана, се пазарењата околу формирањето на мнозинство во советот. Неофицијално, Пандески чека да завршат преговорите помеѓу советничките групи, за да ја закаже наредната седница. Имено, и двете најголеми поли…
Македонските древни ковани пари- е насловот, а воедно и содржината на новата книга на Ангелина Маркус. Станува збор за уште едно дело на овој автор во кое се потврдува македонскиот идентитет. Тоа се кованите пари, пронајдени низ вековите во регионот на Македонија.„Чувствувам дека ми е обврска фактот да го земам во раце и да и го покажам во јавноста“ , вели авторот Маркус која потенцира дека во нејзините книги се разоткрива се она што е вистинито за Македонија. Професорката по филозофија, Ангелина Маркус, со своите книги постојано ја бранува македонската јавност. Родена е во Тополчани, село …
Од денес ова јавно претпријатие започнува проект 48 часа. Со овие активности, сметот ќе се отстранува по пријава на граѓани, во рок од 48 часа. Охридското јавно претријатие е единствено во регионов кое со овој начин на работа ќе работи по Европски стандарди.Туристичкиот бисер на Македонија сеуште неможе да се пофали со завидно ниво на чистота. Уште многу треба да се работи на јавната хигиена во градов. Охрид е чист но секогаш може да биде и почист и поуреден, велат за ТВ М случајни минувачи.Се работи за проект кој ќе функционира по пријава на граѓани на бројот 265 – 353, во делот на ЈП Кому…
Проговорија и за новините во оваа бранша. „Можам со сигурност да кажам, дека со опрема,екипа и со нуркачкиот центар сме подготвени во Охрид да нудиме и нуркачки туризам“, вели меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секуловски.Нуркачи од цела Македонија викендов беа учесници на 8 миот семинар во организација на Скуба скулл интернешенл. Оваа нуркачка организација до минатата година обуките ги одржуваше во септември, а од годинава се одлучи средбите со нуркачите да ги прави во пролет, со цел нуркачите и нуркачките центри да можат во престојната туристичката сезона, да ги понудат услугите …
„Не е љубов ако има насилство“, е темата на трибината која ја организира Црвениот крст за младите но и нивните родители. Трибината е намената за врската кај младите, велат волонтерите од црвениот крст.„Потикнување на размислување, препознавање и превенција, во насока на развивање на здрави односи во врската, е нашата цел“, вели координаторот на тимот за подрка кој работи во склоп на проектот за интензивна надградба на капацитети.Како учесници благовремено биле поканети ученици од сите основни и средни училишта, наставниот кадар, советите на родители, студентите и невладиниот сектор.Покрај о…
Јапонците ќе гледаат документарен филм за црквата Св Никола, од долна Влашка маала. Црквата Св Никола е поврзана со ѓраѓаните на Охрид, Во тоа се уверив на лице место, вели продуцентот на филмот.Документарен филм за Црквата СВ Никола, во долна влашка маала, ќе се емитува на националната Јапонска телевизија НХК. „За Охрид имаме слушано многу.„ Најмногу ме инспирираше тоа што овој град уште го викаат и балкански ерусалим. Слушнавме и дека во него има 365 цркви. Изненадува фактот што и покрај кризата храѓаните прават се оние храмови кои се затворени повторно да ги возобноват“, вели продуценто…
Акцијата ќе се одржи утре на потегот од градското пристаниште до сараиште. Организарите апелираат кон оваа еколошка акција да се вклучат и граѓаните.Водата – извор на животот е прокт на сојузот за подводни активности на Р Македонија, лајонс клубот Лихнидос, Ротари клубот Охрид и Лајонс клубот Десарети. Овие невладини организации се здружија со цел да спороведат акција за цистење на езерото од тврд отпад на потегот од градското пристаниште со сараиште. Подржувачи на проектот се културниот центар медиа артест, црвениот крст еколошките друштва и лео клубот од Охрид. „Акции за чистење на Охри…