Мај 23, 2009

Велестово- домаќин на првата Ѓомлезијада

Бројни гости го исполнаа просторот околу реновираниот Центар за култура во селото Велестово. Некои пеш, некои со автомобил, уште рано изутрина, се упатија кон местото од кое се протега најубавиот поглед на охридската ривиера. Сите со единствена цел- да присуствуваат на првата Ѓомлезијада.Дваесеттина производители на ѓомлезе на лице- место ја покажуваа својата вештина во правењето на овој стар специјалитет. Објаснуваат дека за да се направи ѓомлезе потребни се само: брашно, сол, вода и масло. Слободанка Пешликоска, една од производителите, потенцира дека мајсторијата лежи во начинот на приго…

Мај 23, 2009

Oхридските Власи сакаат да формираат фолклорна група

Негувањето на влашкиот мелос и формирањето на влашка фолклорна група е голема желба на Дона Лабро, најдобриот познавач и кореограф на влашката музика и игра. Подршка во остварување на оваа намера имаат од Здружението на Власи „Луњина“. Целта им е заживување на поранешното играорно друштво. По преземените активности се пријавиле 15 – тина деца, кои за жал не продолжиле поактивно да ги изучуваат влашките игри и песни вели Лабро, иако им биле понудени просторни можности. Инаку кореаграфот Дона Лабро се присетува на ентузијазмот и љубовта со која членовите настапувале во фолклорното друштво од …

Мај 22, 2009

Инспекторите на обука

Охриѓани пријавуваат загадувачи на сериозни еколошки нарушувања од несовесни сограѓани, до   државниот регионален инспектор вели Игор Трајкоски. Разни отпадоци се фрлаат во езерските води или на заштитени подрачја кажува Трајкоски. Тој апелира до граѓаните да бидат посовесни каде фрлаат отпадоци. Дарко Блинков, државниот инспектор од министерството за животна средина и просторно планирање, укажува дека се зајакнува еколошката свест кај фирмите и приватните лица од загадување на животната  средина. Сепак и понатака остануваат проблеми за решавање како што се загадувачите на воздухот од издув…

Мај 22, 2009

„Коридор 8 – реалност или утопија“

Немаат доволно финасиски средства , поголемиот број од државите во регионот за изградба на Коридорот 8, кој е исклучително важен  за економски развој.  Ова беше потенцирано  на Деветтиот конгрес на меѓународни шпедитери и логистички оператори од Југоисточна Европа што се одржува во Охрид, под мотото „Коридор 8 – реалност или утопија“. Стевица Чарапиќ, претседател  на  групацијата на шпедитери при Стопанската комора на Македонија, истакна дека  Македонската влада во буџетот има издвоено многу мал износ средства за изградба на транспортната инфраструктура. Чарапиќ упати апел сериозно да се от…

Мај 22, 2009

Охриѓани отворено зборуваа за проблемите од урбанизмот

Директорот на Државниот иснпекторат за градежништво и урбанизам денес оствари средба со охриѓани. Му беа предочени бројни нерешени проблеми од областа на урбанизмот и градежништвото, за кои години наназад не се изнашло соодветно решение.Целта на ваквата средба е да се увиди кои биле пречките поради кои на граѓаните им било оневозможено да ги остварат своите права.Средбите од овој тип, Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво ги одржува еднаш неделно во различни градови низ Македонија. Минатата недела можност отворено да разговараат за своите проблеми од областа на урбанизмот и град…

Мај 22, 2009

Годишна средба на музејските и туристички работници

Испревртувајќи ги фактите за културното богатство со кое располага Охрид, му се предизвикува огромна штета не само на градот туку и на целата земја. „ Често пати туристички водичи, кои се без соодветно знаење, им пренесуваат погрешни информации на гостите“ , тврди Јорданка Матова,Историчар на уметност во охридскиот Завод и музеј- Охрид.Проблемот со туристичките водичи е само еден од низата прашања, за кои разговараа музејските и туристичките работници на традиционалната годишна средба. Темата на која годинава расправаа е: „ Музеите и туризмот“.На денешната, традиционална средба учествуваа н…

Мај 21, 2009

Кој ќе ги добие седумте советници?

Охридскиот совет, и по месец и половина од  конституирањето, се уште нема одржано прва седница. Од ВМРО ДПМНЕ најавуваат дека, доколку до крајот на неделата не се свика првата седница, тоа ќе го стори нивната советничка група.За оваа најава, Борче Стефаноски се повикува на законската можност – доколку една третина од советниците побараат седница истата мора да се одржи.  Неговото мислење не го дели новонаименуваниот советник на градоначалникот, задолжен за правни работи, администрација и координација, Владо Чингоски. Тој смета дека ваквата најава на советниците од ВМРО ДПМНЕ не држи, бидејќ…

Мај 21, 2009

„Комбах“ организација за заштита на автохтоните риби

Од конференцијата која деновиве се одржува во Охрид ќе произлезе основање на КОМБАХ организација, која во иднина ќе биде промотор за сите истражувања и понатамошна заштита на слатководните риби од овој регион.  Научните работници од Балканот и пошироко се сретнаа во Охрид. Над 70 учесници од 14 земји деновиве учествуваат на конференција за заштита на слатководни риби на Балканот. Замислата на оваа конференција е да се направи меѓународно тело кое понатака ќе се грижи на овие простори како промотор за заштита пред се на рибниот фонд, а понатака и негово истражување и искористување.Загрижува …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top