Јун 2, 2009

Бродовите кои сообраќаат по езерото се максимално безбедни

Родителите чии деца ќе одат на екскурзија со брод можат да здивнат. Капетанот Љупчо Настоски вели дека во водите на езерорто пловат пет поголеми бродови и тоа Илинден кој е регистриран за 43 патници, Кристина за 80 и Александрија, Галеб и Македонија регистрирани за по 150 патници. Сите тие еднаш годишно подложат на редовна државна контрола, а во текот на годината има и по неколку вонредни контроли.Капетан Настоски појаснува дека  еден брод за  да добие дозвола за пловење мора да има противпожарен апарат, појаси за спасување и тоа толкав број за колку што патници е регистриран и други пропра…

Јун 2, 2009

Зголемен бројот на срцеви заболувања

Како превентивно да се дејствува врз негативното влијание на високите температури. На ова и слични прашања пред охриѓани ќе одговара стручен лекарски тим од специјализираната болница за хируршки заболувања Филип Втори. Променливото време дополнително ги зголемува срцевите тегоби. Оваа појава особено ги погодува луѓето кои се склони кон овој вид заболувања. Како превентивно да се дејствува, во услови кога температурата на воздухот варира и по 10 степени. Што треба да се превземе кога воздушниот притисок постојано се менува и е причина за бројните главоболки и нелагодност. Како да се спречат …

Јун 2, 2009

Пазарните инспектори со полни раце работа

Деновиве се во лов на  уличните продавачи. По нивната акција на Плаошник речиси и да ги нема тезгите на кои се продаваше се и сешто. Сликата на која бевме навикти да ја гледаме околу овој  културно историски локлалитет, потполно се измена по акцијата на пазарната инспекција. Викендов инспекторите ги отстранија тезгите кои немаат времени дозволи за продажба од локалната самоуправа, а робата која ја затекнаа во акцијата ја одзедоа.На состанокот на Координативното тело составено од претставици од пазарна, трудова и санитарна инспекција, од дирекцијата за храна, локланата самоуправа и градонача…

Јун 2, 2009

Забавено, но не заборавено

На Сдсм му требаa месец и половина за да ги убеди Нсдп, Вмро народна партија, независните советници Љупчо Настоски и Владо Цветкоски да му ја дадат подршката во советот. Со тоа социјал демократите кои освоија 7 советнички места добиваат уште 6 гласови и  го имаат мнозинството во советот. Твм дознава дека за возврат лојалните партии и советници ќе добијат места во надзорните и управните одбори, раководни функции во охридските училишта и во општината. Во врска со директорите на јавните претпријатија „Проаква“ и „Комуналец„ ситуацијата остнува непроменета , додека првата фотеља на Јп за стопан…

Јун 2, 2009

Семинар за борба против трговијата со луѓе

Денешната конференција ја заокружува три годишната работа на земјите од регионов.Македонија  во изминатиов период посебно внимание посветува на борбата со трговијата со луѓе. Овој исклучително сложен криминал бара огромна посветеност и соработка со службите од регионот и пошироко. Ваквиот тип на криминал за жал потврдува дека ниту една земја не е изолирана од неговото постоење и дека е неопходна меѓусебна соработка, Ова го истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во обраќањето пред учесниците на тридневниот завршен семинар посветен на Програмата за поддршка на развојот на…

Јун 1, 2009

Енио Мориконе многу баран

Огромен е интересот за купување билети за свеченото отварање на 49-то издание на фестивалот Охридско лето и настапот на маестро Енио Мориконе.Влезниците се продаваат по цена од 30, 40 и 50 евра, а веќе се резервирани и 50 посто од местата на античкиот театар  вели директорот на Фестивалот Охридско лето, Тони Симоноски. Резервации  за влезници има и од соседните држави.Светски познатиот композитор и диригент Енио Мориконе кој во Охрид  доаѓа со неговата филхармонија, ќе  изведува композиции во траење од 1 час и 15 минути. Проектот на настапот е насловен како „Беше еднаш во Македонија“. Маест…

Јун 1, 2009

Улицата Цар Самоил повторно непроодна

Никој неможе да им стави крај на сопствениците на кафулиња кои распространувајки ја својата урбана опрема зафаќаат се поголем простор од сообраќајницата. Од секторот за урбанизам велат, дозвола за маси и столови имаат само за метар и половина.Жардињери,  маси,  столови. Улицата Цар Самоил запоседната од двете страни. Сопствениците на кафулињата во овој дел на Охрид, како да се натпреваруваат кој ќе извади повеќе и што помасивна урбана опрема, зафаќајќи го просторот од сообраќајницата. Раководителот на секторот за урбанизам решениото на овој проблем го гледа во новиот закон за градежно земји…

Јун 1, 2009

Непријатна мизризба се шири од шахтите

Од улиците како што се Самоилова, Коста Абраш и 8-ми Септември, кои пред 4 години добија улична канализација, се шири неподнослива реа реагираат граѓани.Од МЈП Проаква потврдуваат дека постои ваков  проблем и ја објаснуваат причината на што се должи оваа појава. Ќато Хусеин од МЈП Проаква појаснуваДека при намален воздушен притисок има поголеми  испарувања од кои шахтите мирисаат.Капацит се утврдени  сериски како што постојат на светските пазари и не се правени посебно за Охрид.  Стручните лица од Проаква ги отфрлаат можностите  дека воопшто има место за сомнеж во недостатоци на канализацио…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top