Од триесет контролирани моторни и патнички возила, три патнички возила се исклучени од сообраќај заради недозволено испуштање на штетни издувни гасови. На неколку пункта во градот се вршеше контрола на патнички и товарни моторни возила по повод Денот на екологијата 5 јуни. Стефан Димоски, портапарол на СВР Охрид, потенцираше дека акцијата има за цел да се подигне еколошката и безбедносната култура кај учесниците во сообраќајот.Во акцијата при контрола на системот за испуштање на согорени гасови, покрај полицијата се вклучија и авто мото „Васил Стефоски“ и Здружението на возачи Охрид. …
По повод Меѓународниот ден на екологијата, 5 јуни, Женскиот центар „ Бисера“ го избра најубаво уредениот двор во Охрид. Одлучи тоа да биде приватниот парк на семејството Деребанови, кој се наоѓа во стариот дел од градот, во непосредна близина на ресторанот Св. Софија. „ Дворот е огледало на домот и домаќинката“ , вели Билјана Деребанова, на која денес и беше врачена пофалницата за најубав двор. Потенцира дека нејзина голема љубов се цвеќата и поради тоа, своето слободно време најчесто го минува грижејќи се за различните растенија кои се засадени во нејзиниот двор.„ За жал, има и такви дворо…
Противпожарната единица стигнала навреме, но во цистерната немало вода, тврдат сопствениците на времениот објект. Тие велат дека пожарот е подметнат.Огнените јазици во целост го проголтаа шанкот, од кој остана само неговиот скелет. Првичната проценка е дека материјалната штета изнесува околу 50 ооо евра. Еден од сопствениците на шанкот Зафир Петроски, вели дека Охридската Против Пожарната единица, стигнала многу брзо по пријавувањето на настанот, но не интревенирала навреме.Пожарникарот Блажески Љубен, кој синоќа бил дел од дежурната екипа која интервенирала при пожарот, тврди дека крајно п…
Советот на град Охрид конечно се состана. Претседавач, нити се предложи, нити се избра. Долгоочекуваната седница ќе се запамети по паузите, а не по сработеното.По конститутивната седница одржана на 15 април, на советниците им требаа скоро два месеци за повторно да се седнат во советничките клупи. Од Денешниот работен ден Советниците, повеќе време поминаа во фоајето, отколку на своите работни места. На дневен ред имаше само една точка Избор на претседавач на советот, и истата се одложи. Немаше предлози за претседавач, и покрај тоа што и ВМРО И СДСМ до вчера најавуваа свои сигурни кандидат…
Утревечер, преставата „Црна Птица“ ќе се прикажува на сцената на Ценатрот за култура Григор Прличев, од скопскиот Буден Театар. Текстот е напишан од современиот британски автор Давид Харовер. На светските театарски сцени преставата прави бум вели Ленак. Беше тешко да се добијат авторските права , но ги добивме затоа што мислевме дека вреди да се занимаваме со овој тип драматургија вели Ленак. Текстот е љубовен со современо напишани дијалози, живи и конкретни ликови од реалноста. Преставата беше предизвик за сите нас додава Ленак.Во театарската престава ликот на девојчлето го игра тамара Ј…
Охридскиот клуб „Теквондо“ брои околу 40 членови кои постигнуваат успеси како дома така и во странство. Од 20-тото Европско првенство и Европскиот куп за ученици во Умаг, Хрватска се вратија со шампионска титула и голем број први места и освоени златни, сребрени и бронзени медалји. Младата, Симона Јовческа тренира две години и е задоволна од совладувањето на боречките вештини што ги нуди теквондото. И Охридските членови од стрелачкиот клуб „Охрид“ постигнуваат одлични спортски резултати. На сите три купови пионерите во машка конкуренција се на прво место. Пионерките пак на два купа се првац…
ЈП Охридски комуналец, работно го одбележа денот на екологијата. Денес се чистеше езерското крајбрежје во реонот Даљан.Со дененешната акција упатуваме порака до министервата задолжени за управување со езерото,транспопрт и врски и животна средина, да не се случи истото од минатат година, плажите да се одржуваат стихијно, како минатата година, вели в.д директорот на ЈП Комуналец.„Се надевеме дека министрите од ресорните министерства ќе излезат со конкретен предлог на кој начин ќе се одржуваат плажите“. Искрено мислам дека нема да ни се случи истото од лани, кога министертот за транспорт јавно…
Езерската водата припаѓа на прва и втора категорија, што значи дека езерото може да се користи за спорт и рекреација долж целото крајбрежје. Најновите податоци на заводот за здравствена заштита покажуваат одличен квалитет на водата. Заводот за здравствена заштита презадоволен од добиените резултати за физичко хемискиот и микробиолошки квалитет на водата. Водата за пиење е безбедна, здравствено исправна и може да се користи за пиење. Истото важи и за водата од јавните чешми. Редовно ја следиме и состојбата со квалитетот на водата во билјанини извори.Анализите кои континуирано ги правиме пок…