Станарите од зградата на улица Мирче Ацев број 33, влез 2 се едни од ретките кои се грижат за одржување на влезот и дворната површина. Од 20 станари ,16 редовно ги подмируваат 150-те денари кои се собираат месечно за одржување на влезот. Жителите од овој влез се и ретките каде што функционира куќниот совет и каде што се почитува постојниот Закон за домување вели благајникот Миле Цветкоски. Според Законот за домување, секоја станбена зграда во која има повеќе од двајца станари мора да формира Куќен совет. Многу од станарите во зградите не го почитуваат законот иако со него се решаваат пробл…
Председателот Ѓорѓе Иванов во Охрид. По шести пат пред Светиклиментовиот храм на Плаошник, најдобрите дипломци од државава добија инженерски прстен, како заслуга за највисоко постигнат успех во високото образование.Денеска во Охрид традиционално Председателот на Р Македонија Ѓорѓе Иванов, на 10 те најдобри дипломци на високите образовни институции, им ја врачи наградата. Председателот Иванов ја нагласи големата улога на високото образование. Тој рече дека сака да предводи земја во која ќе има успешни луѓе, земја која се соочува со сите предизвици, а идните инженери да бидат предодредени да …
Ана Корженска, ученичка во 2 година во СОУ „Св Климент Охридски“, е една од 54-те наградени ученици за освоени места на републички и меѓународни натпревари. Таа е меѓу прваците од различни области, и ја освои 1-та награда на репуличкиот натпревар по Македонски јазик. Корженска вели многу се подготвувавме со професорката Марија Мујоска, наградата ја очекувавме и горди сме што во најубаво светло го претставивме градот и нашата гимназија.Професорите и раководниот кадар се горди на успехот што го постигнаа нивните ученици под нивно менторство. Меѓу основните, средни државни и приватни учили…
Владата бара да е во Чекоштина. Локалната самоуправа пак- во просториите на некогашната касарна. Домот на АРМ ќе служи како привремено решение. Централната и локалната власт и во овој случај не можат да се спогодат. Според Владата, идеално место за оваа цел е месноста Чекоштина. Локалната самоуправа пак, ги предлага зградите на некогашната касарна од која војската во 2006 беше иселена.Како што во неколку наврати до сега потенцира Министерот за информатичко општество, Иво Ивановски, Универитетот за информатички технологии, ќе значи многу за младите генерации од регионот, но за самиот град.Пл…
Од нарушување на тироидната функција страдаат голем број охриѓани. Испитувањето на оваа мала, но доста важна ендокрина жлезда по здравјето на луѓето засега не се прави во Охридската Јавна здравствена установа „Општа болница“. Околу 6000 пациенти од Охрид имаат проблем со оваа штитната жлезда, а мора да се лекуваат во Клиничките центри надвор од Охрид. Сега Охриѓани кои имаат проблем со работата на оваа жлезда ќе може да здивнат. Ќе се реши проблемот со чекање и патување во клиничките центри во Скопје или Битола најавуваат од Охридската Јавна здравствена установа „Општа болница“. Од таму…
„Транспарентна и одговорна полиција“, тема на Регионална конференција, организзирана од МВР и Одделот за развој на полицијата при мисијата на ОБСЕ во земјава. На денешната средба требаше беа поканети градоначалниците на општините што ги покрива секторот за внатрешни работи од охрид, но само мал дел од нив присуствуваа на истата.Присутните на средбата разговараа и за полициското работење и делување, на регионот што го покрива секторот за внатрешни работи од Охрид, како и за Оргнизацијата на полициското делување во остварување на безбедносната функција, суштинската и организациска цел во раб…
Лајонс клубот Десарети Охрид има постојано програма за подршка на Центарот за дијабет и во борбата против шеќерната болест. Денес членовите на клубот му подарија на центарот телевизор и дивиди плеер за болните од оваа болест да се информираат како да се борат од несаканите последици од ова заболување. Регулираниот дијабет не е проблем туку само нерегулираниот кој доведува до непоправливи проблеми по здравјето на пациентите велат лекарите. Со следење на специјална презентација, пациентите додека чекаат преглед ќе се информираат за правилна примена на инсулинот. Покрај овој проект, тие д…
Генерален проблем е недостигот на стратегија. Манастирскиот комплекс може да носи пари а тоа да не е на сметка на уништување на светото. Најсветото место за сите Македонци, манастирскиот комплекс Св Наум оставен на милост и немилост. Гости од Хрватска, Србија, Полска денеска престојуваа во Св Наум. Тие пред нашата камера со нескриени страсти зборуваа за прекрасната местоположба на комплексот. Но, во нивните изјави не изостана и безрезервното чувство, дека преовладува недопрената природна убавина, што го нуди ова монденско место.Манастирскиот комплекс Св Наум го нема своето заслужено место к…