Кандидатот за Градоначалник на Охрид од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Константин Георгиески утрово гласаше во ОСУ „Св Климент Охридски“. Георгиески на гласањето беше придружуван од својата сопруга и за медиумите изјави дека очекува граѓаните да го направат вистинскиот избор за Охрид да продолжи да се движи во правилна насока.
Посакувам граѓаните на Охрид во мирна и достоинствена атмосфера да го искористат своето гласачко право и да го направат најдобриот избор за да продолжиме во Охрид заедно да реализираме уште повеќе проекти, да работиме на имплементација на преп…
„Стојам пред Вас и сакам со гордост да потсетам дека бев дел од најновата историја на нашата Татковина која се пишуваше изминатите три години. Во парламентот работевме напорно, се боревме со деструктивците од ВМРО ДПМНЕ и останатите опоненти“, рече Жаклина Лазаревска – кандидат за пратеник од СДСМ и Коалицијата Можеме. Преку одговорни, државнички политики, успеавме да ја вратиме државата на правиот пат, на патот на евроинтеграциите, напомена Лазаревска.
„Доживеавме многу немили сцени, притисоци, закани, дури и обиди за линч, но излеговме победници. Секој миг кога требаше да се донесе тешка…
Главниот координативен кризен штаб достави барање до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со престанокот на важноста на издадените решенија за домашна изолација за лицата кои се вратиле во Република Северна Македонија со негативен ПЦР тест на КОВИД-19. Денеска (25.06.2020 година), Државниот санитарен и здравствен инспекторат, согласно член 136 став 1 алинеја 4 од Законот за општата управна постапка (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 124/15 и 65/18) донесе Одлука со која го запира извршувањето на сите негови решенија донесени во периодот од 13.06.2020 година…
Во текот на изминатото деноноќие (25/26.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 672 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со КОВИД -19.
Убеден сум во мудроста и поддршката на народот која што ќе ја добиеме на 15ти јули. Ќе бидам нескромен и ќе кажам дека 60 пратеници на победничката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ се реалност, порача синоќа од Охрид, Христијан Мицкоски. „Изборот е помеѓу ова раководство на СДСМ и Зоран Заев и помеѓу една нова енергија што ја носи ВМРО-ДПМНЕ со победничката коалиција „За обнова на Македонија. Мора да си ја исправиме Македонија и затоа да одбереме обнова. Сакам да живеам во модерна Европска Македонија. Македонија која што ќе биде мајка за секого каде што нема да има граѓани кои ќе се чув…
Кандидатот за пратеник од Охрид, Лазе Таневски, ги повика своите сограѓани да ја поддржат пратеничка листа на коалицијата МОЖЕМЕ предводена од СДСМ во Изборната единица 5. Гласот за Коалицијата МОЖЕМЕ и СДСМ е глас за стабилна и просперитена иднина на нашата земја и за сите нејзини граѓани, порача Таневски на првото обраќаење во изборната кампања. „На 15 јули изборот е едноставен – да продолжиме кон светлата иднина и да не се враќаме назад кон мрачното минато. Гласајте за нас: За да добиеме функционално собрание со демократско и одговорно мнозинство и политичка влада со полн легитимит…
Визијата на ВМРО-ДПМНЕ за здравствениот сектор е создавање на здравствен систем кој ќе биде ефикасен и достапен за секого, порача Кирил Пецков, кандидат за пратеник од ВМДО ДПМНЕ и коалицијата. Приоритети на ВМРО-ДПМНЕ во здравството ќе бидат стратешко позиционирање на здравството како приоритет за грижата за граѓаните, предвидливост и континуитет на работата, како и донесување на Национална здравствена стратегија заснована на неколку постулати, кажа Пецаков.
„Зајакнување на јавното здравство – заради тоа што лекарите и здравствените работници треба да останат во Македонија и во јавното з…
Во последните 24 часа се направени 1279 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на ковид-19 во:-Скопје 66-Куманово 13-Штип 13-Прилеп 2-Тетово 20-Струга 7-Битола 1-Охрид 7-Крива Паланка 1-Кочани 1-Пробиштип 1-Свети Николе 3-Кичево 6-Ресен 12Починати се 6 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Штип, еден од Тетово, еден пациент од Охрид и еден од Ресен.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти од:-Скопје 47-Штип 13-Прилеп 1-Тетово 3-Струга 2-Велес 1-Охрид 3-Кавадарци 1-Гевгелија 2-Кочани 1-Пробиштип 1Досега во земјата се направени вкупно 55.735 тестирања на ко…