Интернационалната уметничка колонија „ Дебрца“ го одбележува 25 годишниот јубилеј од нејзиното постоење. Колонијата сместена во прекрасен објект и местоположба во селото Белчишта е вистински творечки рај за уметниците од дома и странство вели еден од учесниците , академски сликар Мето Ѓорѓиески од Скопје. Ликовниот уметник и педагог Ацо Таневски учествува по втор пат на интернационалната ликовна колонија„ Дебрца“.Тој по 8 години повторно се враќа на уметничката колонија и не го крие одушевувањето од од новите услови за творење.Првиот човек на колонијата и нејзиниот неуморен творец, Ѓ…
Нема органзиран откуп на земјоделските производи во општина Дебрца се жалат жителите.На само 25 километри од Охрид е селото Белчишта едно од 30-те населени места во општината Дебрца. Во него живеат околу 350 жители кои претежно се занимаваат со земјоделство и помалку со сточарство. Белчиштани порано имале сигурен, организиран откуп на производите од селската задруга, а сега се препуштени сами на себе. Немаат пласман на производите, а градот им е далеку за да го продаваат она малку што ќе го произведат објаснуваат жителите. Земјоделците кои произведуваат компир, пченка, пченица и грав, нем…
Зелени, црвени, портокалови, жолти фасади на згради и куќи е најновиот тренд во градежништвото. Граѓаните реагираат на ваквите неспецифични бои за Охрид. Некои се смирени, a други пак дречливи. Стручните лица сепак овој тренд на бои го објаснуваат со фактот дека секое време си носи свој белег. Дипломираниот инжинер архитект, Цветанка Тодорова Лекоска од „Лего инжинеринг“ кажува дека во 70 –те години објектите се карактеризирале со чист натур бетон, како што се Охридскиот Архив, Пензионерскиот дом, а сега се јавува нов тренд на фасадите кој се карактеризира со смели тонови. Архитектит…
Агенцијата за промоција и подршка на туризмот започнува со поставување на туристички инфо столбови на граничните премини и двата аеродроми. Истите ќе содржат промотивни материјали со помош на кои туристите при влез во земјава ќе можат да се запознаат со туристичките потенцијали.Агенцијата ги повикува туристичките субјекти да го достават својот промотивен материјал како истиот би се дистрибуирал до граничнита премини. Поставувањето на материјалот ќе биде без никаква надокнада што представува уште еден чекор во подршка на бизнис секторот во туризмот.„Поставени се пунктови на аеродромот во Охр…
Закупците на плажите веќе потпишале договори со црвениот крст за ангажирање на спасители, кои годинава ќе ги има во доволен број на капалиштата.„Охридските капалишта се безбедни. Тие ги исполнуваат условите за сигурност за капачите согласно,законските правила и прописи“, вели капетанот од Охридската капетанија.Црвениот крст неодамна го претстави тимот спасувачи кој годинава будно ќе ги надгледува Охридските плажи.Тимот е екипиран и со луѓе и со медицинска опрема.Секоја година расте бројот на заинтереираните кандидати за спасители. Од неколку во 2004 год, сега тимот брои преку 130 членови. С…
25 те точки на дневен ред поделени се во неколку групи. Мнозинството е веќе оформено, се очекуваат издржани и конструктивни седници во интерес на граѓаните.Новиот совет на општина Охрид конечно ќе се фати за работа. Председателот на советот Душко Јаковчески, во работата и дискусиите на советниците очекува конструктивност без разлика на тоа кој од која советничка група доаѓа. „Работа во интерес на граѓаните и град Охрид, мора да преовладува во престојниот четиригодишен мандат, изјави председателот „Нема повеќе шпекулации околу мнозинството на Охридскиот совет. тоа е оформено и почнуваме со р…
Концесионерите од Охридските плажи револтирани од последниот потег на министeрството за транпорт и врски. Во писмо кое им беше врачено во пет минути до 12, ресорното министерство им ја покачи цената за закуп на плажите за 400 насто. Новата цена за закуп на охридските плажи е 160 денари. Оваа промена, ги вознемири и разлути, концесионерите. „Го повикуваме министерството за транспорт и врски и нивните служби да дојдат во Охрид на зеднички состанок,да седниме со расположливи средства и да ја дефинираме цената. Можеби не сме за онаа која досега ја плаќавме но во никој случај не сме за ваква …
Планинско рекреативниот маратон „Галичица 2009“,традиционално и годинава ќе се одржи на велосипедската патека на паркот. Одговорните очекуваат поголема масовност на велосипедисти, кои во недела во 9 часот и 30 минути од Велестово ќе го означат стартот. Се најавува присуство на реномираниот германски велосипедист Стефан Стнетз –Алпензоро кој е на светска велосипедска турнеја од Март годинава.Организатор е Националниот Парк Галичица заедно со новоформираниот велосипедски клуб ЕКО Дром од Охрид . Патеката која официјално беше отворена минатата година, веќе е подготвена вели првиот човек на Га…